Култура и туризам

ИСЕЛЕНИЧКИ ХОРИЗОНТИ КОН БРОЈНИТЕ ПАТУВАЊАТА НИЗ СВЕТОТ (16)

1is123

1is123

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Публикацијата„Македонски холокауст“е дело на  НИО „Студентски збор“ од Скопје, отпечатено во  1990 година, на 236 страници, на македонски јазик, чии рецензенти се: Живко Василевски и Христо Андоновски, а корицата ја дизајнирал академскиот сликар Ѓорѓи Даневски. Таа претставува значаен придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, коишто со невидена упорност ја продолжуваа со години, децении и векови и сé уште упорно ја продолжуваат и се надеваат до конечното искоренување на Македонците од нивниот дел на Балканот.

Маке­дон­ска­­та голгота во делата на Славе Катин е осве-тлена од сите аспекти: исто­риските околности кои довеле до нејзината појава, динамиката со која се развивала, структурите на населението кои се нашле под нејзин удар, динамиката на нивното интегрирање во новите средини, негувањето на културните традиции, комуникациите со татковината Маке-донија, економската кон­со­лидација и нивното афирмирање како значаен етнички фактор во др­жа­ви­те во кои се доселиле и останале да живеат.

Така, делото „Македонски холокауст“ непосредно и аргу-ментирано ги прикажува животните судбини на Македонците. Во секој презентиран текст читателот го чувствува присуството „на последното целивание“ на Македонецот со родната грутка, со најблиските во родниот крај и со гробовите на починатите, што завршува со солзи на очите.

Никој од насилно отселените од родниот праг не верувал ниту, пак, ќе поверува дека латинската поговорка: „Ibi bene ibi patria“ (Таму каде што ти е убаво, таму ти е и татковината) претставува вистина. Затоа и за навек вака ќе се одгласуваат како вистина испеаните песни: „Бог да бие кој прв спомна Америка“, „Туѓината пуста да остане“ и други македонски песни.

Оваа публикација и во сегашниот миг на разгорени страсти за господарење со средиштето на Балканот, а и во иднина, ќе претставува значајна и своевидна документација за одбрана на националното битие на Македонецот или аргументација за проширување на сознанијата на општествено-политичката, културната и научната јавност во светот за македонскиот дел на Балканот.

На промоцијата на првото дело на Славе Катин „Македонски холокауст“,  во Клубот на новинарите на Ма­ке­донија, Живко Василевски, претседател на Културно-про­свет­ниот со­бор на Собранието на Република Македонија, а потоа и прет­се­да­­тел на Матицата на иселениците од Македонија, истакнал дека во сегашниот миг на разгорени страсти за господарење со средиштето на Балканот, а и во иднина, ова дело на Катин ќе претставува значајна и своевидна документација за одбраната на националното битие на Македонецот, но и аргументација за проширување на сознанијата на општествено-политичката, кул­тур­ната и научната јавност во светот за македонскиот дел на Балканот.

Во ова дело Славе Катин ги дава сведоштвата за Лерин, Желево, Габреш, К’басница, Воден, за Љубојно, Брај­чино, Велгошти, Вевчани, за Мелник, Петрич и Сандански, за Мала Преспа и преселбите и разделбите на Македонците и за нивниот не­пребол кон родната грутка. Во фокусот на неговото внимание се исе­ле­ниците, кои се потврдуваат како мошне значаен фактор во борбата на Македонецот за својата национална легитимација“.

Во рамките на овие и вакви ангажирања на аспирантите за вла­деење со Балканот, станува сосема разбирлива и вистината за една тре­ти­на од отселените Македонци од својата родна грутка во преку­мор­ските земји. Оваа судбина е карактеристична и за народот од Израел и за Ерменците. Во „Македонскиот холокауст“ Славе Катин непосредно и аргу­мен­тирано ги прикажува животните судбини на Македонците.

Ова дело на Катин прет­ста­­вува илустративен пример за современиот миг на македонскиот држа­вен и политички однос кон нашите иселеници и нивните културни, црков­ни и спортски друштва, клубови и други асоцијации. Однос што отвора нови можности, содржини и перспективи за градење поблиски односи и врски со македонското иселеништво, по примерот на Италија, Грција, Полска, Германија, Хр­ватска и други земји. Колку ќе се успее во тоа, ќе покаже иднината.

Во оваа публикација е забележано дека Грција, за жал, е земјата од каде што, потекнува зборот “демократија”.  Заедно со Македонија е земја од минатото, со надеж дека ќе биде земја на иднината, и, конечно, таа е сосед на Република Македонија, кој треба да биде своевитен генератор, а не кочничар без преседан кон подоброто утре на еден Господов народ .

Меѓутоа, Грција ја користи позицијата дека е мезениче на  Англија  и САД и продолжува да блокира, бидејќи  е членка на Европската Унија. Сепак, треба да не се заборави дека таа не е национално хомогена, туку, всушност, е мултинационална држава,  имајќи ги сите потенцијални политички последици. Обврзна е на Грција, а и на Бугарија, да ја прифатат европската регулатива во врска со третманот на малцинствата и заштитата на нивните човекови и културни права.

Продолжува

1Dusan RistevskiДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top