Култура и туризам

ДЕЛ ОД МНОГУБРОЈНИТЕ ПАТУВАЊА ПО СВЕТОТ НА СЛАВЕ КАТИН (17)

12kom

12kom

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Импресивната публицистичка продукција на Славе Катин во 2001 годи­на, е збогатена со книгата „Моите патувања низ светот“, издание на „Македонска искра“ 2001 година, на 192 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се проф. д-р Томе Груевски и д-р Васил Тоциновски, во која се опфатени возбудливите импресии од неговиот престој во 20 држави на сите континенти, во кои живеат и македонски иселеници. Станува збор за Италија, Франција, Германија, Данска, Шведска, Унгарија, Романија, Ук­раина, Чешка, Русија, Канада, Соединетите Американски Држави, Бразил, Австралија, Индија, Турција, Еги­пет и Израел. Поентата за оваа книга Катин ја наоѓа во библиските стихови на Матеја дека „Блажени се кротките, зашто тие ќе ја населат зем­јата! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Бла­же­ни се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“

По повод ова издание, професорот по журналистика д-р Томе Груев­ски, напишал:

„Добриот репортер умее да ги поврзе работите од раз­­лични подрачја и од различни епохи во една целина која ги возбу­дува меч­тите и поттикнува на размислување. Во новинарското обли­ку­вање на репортажите на Катин доаѓа до израз неговата ав­тен­тичност, до­ку­мен­­­тарност и конкретното прикажување на она што е нај­битно.

Во својата обиколка околу светот, на ограничен број страници, Катин пренел многу записи од животот и опсто-јувањето на човечката цивилизација, истакнал во поговорот на ова дело д-р Васил Тоциновски. Квантитетот на страниците во книгата, од една страна, и неограничените про­странства на светот, од друга страна, се наметнале како егзистенцијална неминовност во еднаквоста на почетокот и крајот на судбината по чии ле­генди и преданија трага Катин и од нив се извлекува сегашноста како нераскинлива алка со минатото и иднината.

Затоа, секое патување претставува нешто ново, недо-живеано, не­видено, како во споредба со градот на контрастите Киев, со моско­в­ските вечери, недогледните канадски хоризонти, за миг застанати во Монтреал, така и за зимската романса во Рио де Жанеиро, за плачот на Калкута, за светата слава на Истанбул, за земјата на фараоните и неј­зи­ната пре­стол­нина Каиро, за Светата земја Израел.

Патувањата на Катин низ светот се производ на иселенич-ката магија на Македонците, распрснати на сите континенти. Понесен од магнетизмот на нивната судбина, тој патува со надеж и верба дека ќе ги пронајде и лично ќе ја доживее нивната апокалипса. Затоа Катин трага по нив, не жалејќи време и напори да го оформи македонското иселеничко соѕвездие, без кое не може да се замисли планетарниот универзум.

Тој ги забележува познатите историски реалности кои се прекршуваат низ внатрешните немири и возбуди на душата, мислата и срцето со не­по­втор­ливото негово субјективно гледиште. Затоа тие и не можат да се нај­дат така оригинални на друго место како во делата на Катин.

Со оглед на фактот дека Славе Николовски-Катин, како никој друг досега, ги открива македонските иселенички хоризонти во нивната оптимална димензија, објективно може да се очекува, не само обе­ди­ну­вање на Македонците во светот, туку и една поконсенквентна политика на Владата на Македонија, која не случајно, за оваа цел промовира и посебен ресор.

Репортерските записи насловени како „Моите патувања по светот“, всушност се описи на краишта, предели, градови, држави, во кои новинарот патувал и го опишува она што на тој пат го привлекувало неговото внимание. Во новинарското обликување на репортажите кај авторот доаѓа до израз неговата автентичност, документарност и, конкретно, прикажување на она што е најбитно.

Сето ова наведува на заклучокот дека Славе Николовски-Катин е репортер со енциклопедиски познавања и информации за градовите и за земјите што ги посетил и преку оваа збирка репортажи несебично се прикажуваат на читателската публика во Македонија земјите кои авторот ги посетил, притоа, барајќи ги Македонците на тие простори, со цел да го збогати историскиот преглед на нашите иселеници ширум свето.

Записите „Моите патувања низ светот“ своја промоција имале во Скопје, во На­родната библиотека „Свети Климент Охридски“, на која за ова дело говореле Фиданка Танаскова и д-р Томе Груевски. Исто така, оваа публикација имала промоција и во Торонто, во Македонската православна црква „Свети Кли-мент Охридски“, во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, со излагање на познатиот македонски академски сликар Ѓорѓи Даневски, кој долги години живее и работи во Торонто.

Зборувајќи пред голем број членови на Друштвото, претставници на црквата и други при­сутни од македонската колонија во Торонто, сликарот Даневски истакнал дека ова дело претставува репортерско видување и еден вид потрага по Македонците во светот. Во него Катин успеал да ги поврзе суштините на одделни градови, места и региони во светот, од различни епохи, во една целина, која ги возбудува духовите и поттикнува на размислување.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top