Култура и туризам

ФОРМИРАЊЕ НА ФОНДАЦИЈАТА “ПЕТАР СТАМАТОВ” НА УКИМ (15)

2deceniifond2

1w1

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Петар Стаматов копнеел да го посети родното Смилево, своите роднини и слободниот дел на македонската држава. Таа негова желба првпат ја реализирал во 1962 година. Тогаш тој и неговата сопруга Јажа за прв пат, по 48 години минати во САД, дошле во Македонија. Неописива била радоста на Петар кога ја допрел македонската земја. Ги посетиле своите роднини во Битола, Прилеп и на други места, но ја прокрстариле и цела Македонија. Ги виделе новите постигнувања во македонската држава, Ја виделе Македонија преродена и подмладена, како со брзи чекори оди напред, кон посветла иднина.

Петар Стаматов, заедно со својата сопруга Јажа, дошол петпати во Македонија. Последното негово доаѓање било во 1976 година. Сите тие доаѓања во родната земја помогнале кај Петар да направи нешто со што ќе може, на некој начин, да ѝ помогне на татковината, на својот народ. Така, по примерот на големиот донатор Атанас Близнаков, и кај него се родила иницијативата за основање  фондација за помагање на талентирани студенти на универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Кај Петар Стаматов секогаш тлеела донаторката љубов и големата хуманост кон луѓето, кон посреќната иднина на човештвото. Тој ги помагал активностите на Македонците, но и на другите во Чикаго. Исто така ги помагал и своите роднини во Македонија. Донирал поголема сума пари за списанието “Македонија” кое беше орган на Матицата на иселениците од Македонија и преку кое, всушност, се запознал со фондацијата на Атанас Близнаков. Станал голем читател и вљубеник во списание “Македонија”.

Фондот ,,Петар Стаматов” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето е формиран со одлука на Унуверзитетскиот сеовет, донесена на 228-та седница одржана на 01.04.1988 година, на писмено барање на нашиот сонародник Петар Стаматов, со почетен капитал од 250.000,00 американски долари.

Петар Стаматов целиот свој животен век го поминал во градот Илиноис, САД, но врските со својата родна Македонија никогаш не ги прекинал. Неколкупати ја посетил Македонија. По основањето на Фондот ,, Петар Стаматов” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” од Скопје, Управата на Универзитетот го поканувала да го посети истиот. Длабоката старост беше причина што со жалење ја одбиваше поканата.

1w12 Петар Стаматов почина на 28 јануари 1995 година.

1w13 Атанас Близнаков почина на 10 јули 1998 година.

И двајцата починале на 97 години.

Иако и Атанас Близнаков и Петар Стаматов немале свои родени деца, тие својата огромна љубов и благодарна душа ја преточиле во одлуката за основање на фондовите за стипенидрање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето, со што стекнале стотици свои деца кои со голема благодарност ќе си спомнуваат за нив.

Големото благородно дело на нашите сонародници – донатори Атанас Близнаков и Петар Стаматов претставува своевиден пример за младите генерации да придонесуваат во развојот на науката и афирмацијата на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” од Скопје, а со тоа да учествуваат во развојот, јакнењето и угледот на нашата држава Република Македонија, за што тие, низ целиот свој животен пат, се залагале и придонесувале.

Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” од Скопје на Атанас Близнаков и Петар Стаматов им е вечно благодарен и нивните имиња ќе ги заземаат првите места на Спомен-плочата на донароти, изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дадоа значаен придонес во создавањето и развојот на творечкиот подем на Универзитетот.

Како први стипендисти, од пријавените 67 кандидати, Советот одлучи за учебната 1989/90 година да избере 25 кандидати, а според критериумот за доделување стипендии донесени на седницата одржана на 25.05.1989 година.

Од средствата на Фондот ,,Петар Стаматов” се стипендираат студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето, во нивното понатамошно образование, стручно и научно усовршување.

Стипендиите на студентите им се доделуваат за 10 месеци во учебната година. Висината на стипендијата ја одредува Советот на Фондот.

На седницата одржана на 19.11.1989 година, Советот одлучи за учебната 1989/90 година стипендијата да изнесува 18 УСА долари месечно, исплатувана во динарска противвредност која се пресеметува секој месец.

Фондацијата “Петар Стаматоф” е животен завет на Петар Стаматов и на неговата сопруга Јажа. Иако тие немале биолошки пород, меѓутоа имаат стотина свои студенти кои остануваат крајно благодарни за помошта што им ја дале во овие дваесетина години. Името и делото на Петар Стаматов ќе се слави вечно кај генерациите кои досега, а и во иднина ќе ја  почувствуваат економската поткрепа од Фондацијата “Петара Стаматоф”.

Како израс и одрас на почитта кон Петар Стаматов и неговата Фондација беше изготвена монографско дело. Така, Монографијата “Петар Стаматоф” од Славе Николовски-Катин и внукот на Стаматов архитектот, проф. Методија Трајковски од Битола е дело на историскиот развој, постигнувањата и животниот пулс на донаторот Петар Стаматов.

Монографијата е печатена на македонски и на англиски јазик во чест на животот и делото на еден од хуманистите од македонско потекло кој живееше во САД, Петар Стаматов и неговата фондација “Петар Стаматоф”. Појавата на ова дело е кулминација на многу значајни активности кои се случија во текот на скоро еден век  во животот на Петар и Јажа Стаматови и на постоењето на Фондацијата “Петар Стаматоф” во период од дваесет и пет години

Монографијата беше промовирана во Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј во Скопје, како издавач, на 26 ноември 2010 година. На промоцијата за животот и делото на Петар Стаматов и неговата фондација зборуваа: ректорот проф. д-р Велимир Стојковски, потоа, проф. д-р Максим Каранфиловски, како рецензент и на крајот се заблагодари авторот Славе Николовски-Катин.       

Животот на еден благороден иселеник од Македонија во Соединетите Американски Држави, како што беше Петар Стаматов, сместен во еден ограничен со податоци биографско-публицистички времеплов е своевидна сага за неговото опстојување. Монографијата за Петар Стаматов, со сета скромност, е лика и прилика за неговиот живот и за делото што тој го остави вечно да се сеќаваат младите генерациите во Македонија. 

Монографијата за Петар Стаматов и неговата Фондација “Петар Стаматоф” се потпира на фактографија која извира од неговиот животен опус и од големото дело. Книгата е скромна слика за човекот кој поголемиот дел од животот го поминал во Чикаго, САД, и кој направил големо дело со формирањето на неговата Фондација, со цел да им помогне на младите македонски генерации – студенти. Меѓутоа, целосна претстава за него може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште – легендарното Смилево, потоа Битола, каде го поминал своето детство, и неговите две татковини – Македонија и САД.

Инаку, Монографијата за донаторот Петар Стаматов е поделена на неколку дела. Во нив се претставени неговите две татковини – родната Македонија и Соединетите Американски Држави каде го завршил неговиот овоземен живот. Посебен простор е посветен на Фондацијата “Петара Стаматоф” која е формирана по примерот на Фондацијата “Атанас Близнакоф”. Овие две фондации на македонски иселеници во дијаспората, досега се најголеми на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а и во Македонија во целина.

Фондацијата “Петар Стаматоф” е животен завет на Петар Стаматов и на неговата сопруга Јажа. Иако тие немале биолошки пород, меѓутоа имаат стотина свои студенти кои остануваат крајно благодарни за помошта што им ја дале во овие дваесетина години. Името и делото на Петар Стаматов ќе се слави вечно кај генерациите кои досега, а и во иднина ќе ја  почувствуваат економската поткрепа од Фондацијата “Петара Стаматоф”.

Животот на еден благороден иселеник од Македонија во Соединетите Американски Држави, како што бил Петар Стаматов, сместен во еден ограничен со податоци биографско-публицистички времеплов е своевидна сага за неговото опстојување. Монографијата за Петар Стаматов, со сета скромност, е лика и прилика за неговиот живот и за делото што тој го остави вечно да се сеќаваат младите генерациите во Македонија.

Донаторот Петар Стаматов е личност за почит и пример од кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Делото што го направиле Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, Американка од полско потекло, претставува убав пример и патоказ на еден честит, мешан  и благороден американски брачен пар, меѓу Македонец и Полјачка.

Крај

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top