Култура и туризам

ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА И ДЕЛ ОД НЕЈЗИНИОТ ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ (1)

0808

0808

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Во историските документи за Пиринска Македонија се вели дека таа е дел од етничката територија на Македонија, кој дел по Букурешкиот „мировен” договор во 1913 година припаднала на Бугарија. Во антиката Пиринска Македонија најпрвин била дел од Панонија и Тракија, а подоцна станала дел од Царството Античка Македонија. Во римскиот период Пиринска Македонија доживува своевиден процут, за што сведочат повеќето археолошки ископини на антички градови во близината на денешните градови Благоевград, Сандански, село Рупиште и други места.

Во средновековниот период Пиринска Македонија била под власта на царот Самуил, Византија и балканските феудалци. Со доаѓањето на Турците, Пиринска Македонија бележи одредена стагнација на повеќе полиња, но сепак не го напушта својот непокорлив македонски дух.

За време на Руско – турската војна во 1877-78 година, северниот дел на Пиринска Македонија ќе потпадне под руската окупациска зона, но по Берлинскиот конгрес ќе ѝ биде вратена на Турција. На подрачјето на Пиринска Македонија е кренато Кресненското (Македонското) востание против османлиската власт во 1878/79 година, со центар во Кресна, кое имало силен македонски национален карактер и цел да создаде независна автономна македонска држава.

Кон крајот на XIX век на територијата на Пирин со својата чета ќе царува големиот македонски револуционер и великан Јане Сандански, кој бил близок соработник на Гоце Делчев и најголем борец против врховизмот. Тој е познат под прекарот „Пирински цар” кој ќе го изврши познатото грабнување на протестантската мисионерка Мис Стоун од Соединетите Американски Држави.

Втората светска војна го затекнала македонскиот народ поделен во три држави: Југославија, Грција и Бугарија. Бугарија, на 1. март 1941 година склучила сојуз со нацистичка Германија, додека Грција и Југославија во краткотрајната априлска војна од 1941 година биле поразени и окупирани од страна на силите на оската, што ја сочинувале Германија, Италија и Бугарија. Така целата територија на Македонија била окупирана од фашистичките сили и поделена на окупациони зони.

Бугарија, која претходно го имала Пиринскиот дел на Македонија во својот состав, го добила поголемиот дел од Вардарска Македонија и источниот дел од Егејска Македонија. На Италија u припаднале: поголемиот дел од Западна Македонија (Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга), преспанските села и Костурско во западниот дел на Егејска Македонија. Преостанатиот дел од Егејска Македонија го окупирале германските фашистички сили.

Припојувањето на окупираните делови од Македонија кон фашистичка Бугарија, бугарските окупатори, за жал, ја прикажувале како ослободување на своите национални територии. Исто така, и припојувањето на окупираните делови од Македонија кон Албанија, Албанците за жал и за голем страм го доживувале како ослободување на своите национални територии. Затоа историјата крајот неможе да си го најде.

Веднаш по окупацијата бугарските власти започнале со организирање на својата власт поделувајќи ја окупираната територија на две административни области: Скопска и Битолска. Во овие области окупациониот систем бил наметнат во сите сфери на живеењето (државно-административната, полициската, воената, образовната и црковната), во кои започнале да важат граѓанските и административните закони на царството Бугарија. Секако во царската власт, особено во администрацијата  влегло и локално население што било лојално на новиот режим.

Со капитулацијата на Италија во септември 1943 година, италијанската окупациона зона ја презеле германските нацисти, а власта и понатаму била во рацете на албанските колаборационисти. Германските окупатори ја продолжиле политиката на поддршка на идеите за Голема Албанија, со цел да формираат база за борба против комунистичките антифашистички сили. Така, под влијание на германските разузнувачки служби биле активирани албански фашистички организации кои подоцна се претвориле во балистички вооружени формации.

По Втората светска војна во времето на владеењето на Георги Димитров, Македонците од Пиринска Македонија ќе добијат целосна културна автономија која требала преку законска рамка да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се обедини кон тогашната Народна Република Македонија како кон матична држава во рамките на Балканската федерација, која во тоа време се сметаше како позитивно решение, се’ со цел да се надминат состојбите и (не)приликите.

Според историските документи Македонците во Бугарија, или како Пиринци или бугарски Македонци, се староседелско население кое, главно, живее во Пиринска Македонија, во југозападниот дел на денешната Република Бугарија. Во определени периоди постоело и иселување од политички и економски причини, од другите делови на македонската регија, особено од Егејска Македонија.

Иселувањето се одвивало во неколку поголеми бранови: Средниот век, во ренесансата, по ослободувањето на Бугарија од турската власт, по Илинденското востание, по Балканските војни и по Првата светска војна. Македонската емиграција од сите делови на етничка Македонија во Бугарија е најголема македонска емиграција во светот, со огромен интелектуален потенцијал и големо културно наследство.

Невозможно е да се каже колкав е точниот број на етничките Македонци во Бугарија, особено поради фактот што различни извори даваат спротивставени податоци. Сепак, сите се согласуваат дека голем број (над два милиона, вклучувајќи и од мешани бракови) од граѓаните на Република Бугарија се потомци на доселеници од Македонија, кои како емигранти или бегалци својот дом го нашле во Бугарија.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top