Култура и туризам

КРЕСНЕНСКОТО – МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ (1878-1879) (6)

1sqab1

1sqab1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА 

Над Креснасе издига Пирин Планина, природната убавица која е чудна и волшебна, а во исто време е неизмерно питома и безгранично дива. Таа е опеана интернационално од девојки и од невести, од поети, патеписци и од комити. Додека се спуштавме кон водите на реката Струма, со мислите се вративме во минатото. Се потсетивме на страниците од времето на македонската револуција, од времето кога Пирин Планина во своите зелени пазуви ги прибираше и чуваше четите на комитите.

Кресна или Гара Пирин е град со околу 4.000 жители и е општина во Благоевградската област во Пиринска Македонија Градот е сместен во подножјето на Пирин  Планина од нејзината западна страна, во долината на реката Струма. Кресна е сместен од двете страни на меѓународниот пат кој води од Благоевград кон Сандански. Пред градот, на живописниот завој на реката Струма, се наоѓа споменикот на загинатите во Македонското востание од 1878 година.

А, Македонското Кресненско востание (1878-1879) е востание на Македонскиот народ против отоманската власт и се крена на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година, во Кресна, со цел за ослободување и создавање на независна Македонска држава. Најголема причина за оружената борба за ослободување на Македонија предизвикал Мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија  и предвидувал нејзина автономија, но останување во рамките на Османлиската империја.

Според пишаните документи се смета дека  лошата состојба од турското општество и управа, бил резултат на анархичноста во аграрното уредување и на целосната незаштитеност на приватната сопственост. Затоа, главните подготовки за кревање на Востанието биле водени од повеќемина видни Македонци – учители, трговци, видни личности, свештеници итн.

Најангажирани личности во подготовките на Востанието биле охридскиот митрополит Натанаил Охридски и познатиот македонски револуицонер учителот Димитар Поп-Георгиев Беровски кој две години претходно бил главен водач на Разловечкото востание, познатиот македонски војвода од тој период Стефо Николов, познатиот македонски револуционер од тоа време поп Коста (Буфски) од с.Буф-Леринско и неколкумина македонски војводи. Со своја чета учествувале и познатиот македонски борец и прв македонски историчар Ѓорѓија Пулевски и војводата Кара Тодор од Тетово, познат како “страв и трепет за башибозукот”.

Голема улога во подготовките и одвивањето на востанието имале и штотуку формираните т.н. благотворителни комитети „Единство“, кои ги организирале мирните, но и вооружените протести и акции против решенијата на Берлинскиот конгрес кои имале главно негативен карактер во однос на Санстефанскиот мировен договор кој во целост бил во корист на Бугарија. Најважни од нив биле Софискиот и Џумајскиот комитет кои всушност играле и раководна улога во Востанието.

При подготовките за востанието најмногу се сметало на четите кои би се формирале од доброволци – Македонци во Бугарија.. Меѓутоа искуствата покажале дека за да успее востанието требало да се исползуваат чети од Македонија кои веќе ги крстосувале македонските планини, чети познати на народот, чети кои ќе ги негувале идеалите за слобода на Македонија и чети кои немале никакво влијание од соседните држави (Бугарија, Србија, Грција).

Во историските податоци е забележано дека кон крајот на септември 1878 година Софискиот благотворителен комитет во Ќустендил го испратил Луј Војткевич (Полјак) со голема чета од 300 души за да се префрли во Македонија. По краткотрајна вооружена борба, четата била разбиена од турскиот аскер и Луј Војтеквич се вратил назад во Софија по нови инструкции.

Истиот месец Адам Калмиков (Козак од Украина) со голема чета доброволци се обидел да влезе во Македонија но и неговиот обид ќе биде неуспешен поради тоа што неговата чета целосно била разбиена од турскиот аскер. Подоцна овие двајца ќе бидат поставени од комитетот Единство на раководни функции во Востанието

Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 119 турски војници. По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демир-хисарско. Со тоа се створила голема слободна територија.

Една од првите мерки на востаничките водачи, по ослободувањето на селата, била да воведат нова месна административна власт, да извршат мобилизација за пополнување и формирање на нови чети како и избор на воено-востаничкото раководство. На општото собрание востаниците за востанички водач го избрале Калмиков, за началник на штабот Димитар Поп-Георгиев Беровски, а за прв војвода на четите Стојан Карастоилов.

Инаку, еден од раководителите на востанието Димитар Поп-Георгиев Беровски,  секогаш во својата коресподенција се потипишувал како Началникот на Штабот на Македонското востание, а писмата испратени до комитетот во Горна Џумаја се адресирани како до Џумајскиот македонски комитет! Притоа, во целата достапна документација евидентно е дека недостасуваат белези за каков било бугарски карактер на Кресненско востание.

За жал, на 11 ноември 1878 година, Османлиите крваво го задушиле востанието, а цели два месеца потоа биле вршени потраги по останатите востаници од околните села со најголеми репресивни мерки и убиства, иселувања и мачења врз месното население. Поради таквата состојба Натанаил Кучевишки заминал за селото Падеж и таму на 6 јули 1879, издал наредба за демобилизација на четите и собирање на оружјето кое требало да се складира во селото Бураново. Со тоа Кресненското односно Македонското востание завршило.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top