Култура и туризам

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОННА ВО ДЕЛОТО „ПРАИСТОРИЈА НА ЦЕНТРАЛНИОТ БАЛКАН“ (32)

1ka3

1ka3

Публикацијата под наслов „Праисторија на централниот Балкан“  е објавено прво на српски јазик, а потоа во превод на македонски јазик, чиј автори се покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград и Славе Николовски Катин од издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје.

Исто така делото „Праисторија на централниот Балкан“  е објавено под наслов „The Balkans and Macedonia“(Балканот и Македонија) чиј автори се академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград, Славе  Николовски – Катин од Скопје и Ристо Стефов од Торонто и тоа дело е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, на англиски јазик. Овие публикации се дел од вистината за Балканот и Македонија.

Во Воведот на публикацијата „Праисторија на централниот Балкан“, меѓу другото се вели дека за многу историографи вообичаено е „егејската култура“ да ја нарекуваат „хеленско историско чудо“, кое, според нив, почнува во осмиот век пред Христа. Од тој „архајски период“ можеме да ги датираме најстарите написи на грчки јазик кои служат како пишани извори. Особено значење имаат делата на античките историчари кои ни даваат помалку или повеќе поврзан приказ на настаните од античката историја на Грција.

Тоа се Херодот, Тукидид, Ксенофон, Полибиj, Диадор, Паусанија, Стработ, Ератостен, Посејдониj и Плутарх. Современи писатели-хеленисти се Томсен (Thomsen), Томсон (Thomson), Вилкен (Wilcken), Блеген (Blegen), Вентрис (Ventris), Чедвич (Chadwich), Робертс (Roberts), Борза (Borza), Хамонд (Hammond), Папаставроу (Papastavrou), Папазоглу (Papazoglu) и многу други.

Меѓутоа, надвор од границите на историјата, наидуваме на настани од неисцрпната ризница на грчките митови и легенди, од херојските епови „Илијада“ и „Одисеја“ кои до нас дошле под името на Хомер. Тука се и делата на Хесоид од Аскра во Беотија, авторот на „Дела и денови“ и „Теогонија“.

Светската наука со векови се бави и со енигмата на „грчкото историско чудо“ и не пронашла соодветни објаснувања за настанокот на тој феномен. По ова прашање постојат спротивставени ставови за минатото, бидејќи оној кој го контролира минатото, безобѕирно тежи да ја диктира и иднината. Бидејќи во Европа денес не живееме во тоталитарни времиња, ќе се направи обид да се објасни тоа фамозно „хеленско чудо“ врз основа на аргументите од современите науки, пред сè на лингвистиката и археологиајта, со еден епистемиолошки пристап.

Просторно, под поимот Грција, обично, се подразбира територијата од Олимп на север до Тенар и Крит на југ. Додека, пак, етногенезата на античките Грци се базара врз составот на учесниците во Тројанската војна: Данајци, Ахејци и Аргејци кои ги навел Ховер во „Илијада“, хеленистите ги означуваат иститете како единствен „грчки народ“ или „хеленски народ“ и тука грешат – бидејќи Хелените го колонизирале Пелопонез 80 години после Тројанската војна.  

Натамошна енигма претставуваат боговите од Олимп. Херодот истакнува дека поетите Хомер и Хесиод први се првите кои кај Хелените ги создале приказните за настанокот на боговите и на светот, им дале имиња и ги објасниле божествените почести и вештини и ги одредиле областите во кои тие владеат. Приказните биле подарок на Музите од Пиреја во Македонија, „елоквентните ќерки“ на Мнемосина (Меморија). Покрај верата, енигма претставува и јазикот на античките Грци, како и потеклото на азбуката и на митот.

Според бројни научници се смета дека историските податоци за древните народи на Балканот се многу оскудни, дека нивните јазици и дијалекти не се сочувани, како и нивното писмо – палеографизми. Меѓутоа, се претпоставило дека фасцинантната цивилизација на Лепенскиот Вир, Средното Подунавје и на централниот Балкан од VII милениум пред Христа, морала да остави траги во географските имиња на местата и дека етимолошките и семантичките називи на тие локалитети е можно да се „преведат“ од старогрчкиот јазик.

Многу истражувачи истакнуваат дека античкиот јазик на југот на Балканот, во Грција, стигнал од север, од Дунав, но не наведуваат од кој дел на оваа голема река долга 2860 километри.

Во рамките на епистемолошките, лингвистичките, етимолошките и семантичките истражувања на ономастиката на географските имиња во Средно Подунавје во Србија, во период од околу триесетина години, утврдено е дека Панонија и централниот Балкан се колевка на егејската култура и дека ономастиката на хидролошкиот систем на Дунав, неговите притоки и на адите претставува алегорија на целиот митолошки систем на Хомеровата и Хесиодовата теогонија на Олимпискиот пантеон на богови.

Идентификувани се, исто така, и творците на таа култура, а тоа биле Дануните, Борејците и Хиперборејците, во древна Грција познати како Еоли (Лапити, Македонци, Минијци, итн.), нивните миграции на просторите на Егејот и пошироко, нивното учество во Тројанската војна како и нивниот придонес, племенската етногенеза сè до Перикловото „златно доба“, што ја условило и структурата на оваа монографија.

Во делото „Праисторија на централниот Балкан“  се прави обид да се објаснат творците на „хеленското чудо“, бидејќи обликувањето на минатото може да влијае врз иднината. Добиените резултати ќе дадат/обезбедат елементи на една богата древна баштина која народите на Југоисточна Европа, особено на Балканот, повеќе ги поврзува и приближува отколку што ги раздвојува, со надеж дека ќе се отстрани искривента слика за хиерархијата на изворната европска духовна култура. Историјата на народите на Балканот е заедничка и комплементарна, а заедничка им е и нивната иднина во рамките на Еевропската заедница.

Во рамките на епистемолошките, лингвистичките, етимолошките и семантичките истражувања на ономастиката на географските имиња во Средно Подунавје во Србија, во период од околу триесетина години, утврдено е дека Панонија и централниот Балкан се колевка на егејската култура и дека ономастиката на хидролошкиот систем на Дунав, неговите притоки и на адите претставува алегорија на целиот митолошки систем на Хомеровата и Хесиодовата теогонија на Олимпискиот пантеон на богови.

Идентификувани се, исто така, и творците на таа култура, а тоа биле Дануните, Борејците и Хиперборејците, во древна Грција познати како Еоли (Лапити, Македонци, Минијци, итн.), нивните миграции на просторите на Егејот и пошироко, нивното учество во Тројанската војна како и нивниот придонес, племенската етногенеза сè до Перикловото „златно доба“, што ја условило и структурата на оваа монографија. Во неа ќе се обидеме да ги објасниме творците на „хеленското чудо“, бидејќи обликувањето на минатото може да влијае врз иднината. Бидејќи историјата на народите на Балканот е заедничка и комплементарна, а заедничка им е и нивната иднина во рамките на Еевропската заедница.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top