Култура и туризам

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКИТЕ СУДБИНИ ВО ДЕЛАТА „ИСЕЛЕНИЧКА ВРТЕЛЕШКА“ И „LOVE STORIES“ (34)

1maj1

1maj1

МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО ВО ДЕЛАТА  НА СЛАВЕ КАТИН 

Делото „Иселеничка вртелешка“ од Славе Катин е издание на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, издадено во 2008 на 170 страници на македонски јазик, а. неговиот превод на англиски јазик под наслов „Love storieс“ на Славе Катине исто така дело на „Македонска искра“ и е отпечатено во 2011 година на  170 стрници.

Карактеристика на овие издание е нивната генетска поврзаност со семејството. Имено, тие содржат по 20 исповеди на наши луѓе од разни возрасти, со различен социјален статус, без оглед во кој дел од светот живеат, а кај кои не згаснува нивната љубов кон родната земја Македонија.

Интимните приказни содржани во овие книги најдобро го потврдуваат овој факт. Независно каде започнува и завршува битката за корените на македонското семејство, дали во Северна Америка, Европа, Австралија или во други земји, значајно е дека “крвта не е вода”. И затоа изборот на партнерот не е ни лесна ни едноставна работа.

Без оглед на убавината, добрината, способноста и вербата во заедничкиот живот, наведените случки покажуваат дека строгиот критериум на македонската семејна магнитуда, освен македонските моми, тешко би можела да ги издржи жена од друга националност, се разбира, со ретки исклучоци. Но, во овие книга кои авторот Славе Катин ги напиша на македонски и на англиски јазик се задржува на изборот во кој се содржи најдобриот одговор на оваа тема.

Собирањето на ислениците во разни форми на организирано дејствување во новата сердина започнало заради полесно вклучување во неа ( по пат на заемна подршка и помош ). Иселеникотво во новата животна и работна средина ги носи во себе традициите и навиките од средината од каде потекнува и се судрил со нови традиции и релации.

Во рамките на бројните црковни општини освен верските обичаии се задоволувале и националните и културните потреби. Во нивни рамки биле формирани и културно уметнички друштва кои ги негувале македонскиот јазик, драмски секции и училишта во кои децата го изучувале македонскиот јазики писменост и добивале и најопшти познавања од историјата на Македонија. Овие општини најпрво почнаа да дејствуваат во Мелбурн и Сиднеј ( Австралија ), во Торонто ( Канада ) и подоцна во САД.

Во рамките на патувањата на Славе Катин ширум светот, има објавено многубројни текстови и публикации за македонските иселеници во САД, Канада, Австралија и Европа (Европската Унија). Притоа, покрај разговорите за нивната животна голгота, не беа заобиколени ни типичните интимни прашања и проблеми. на иселеници од разни возрасти, со различен социјален статус, без оглед во кој дел од светот живеат, а кај кои не згаснува нивната љубов кон родната земја Македонија.

Тоа значи дека македонскиот човек се судрува со фактот дека во дијаспората главен проблем не е само голиот опстанок туку и изборот на животниот сопатник, односно формирањето семејство, што за секој Македонец е света работа, за што се поднесуваат иголеми жртви.Интимните приказни содржани во оваа книга најдобро го потврдуваат овој факт.

Изборот на партнерот кај Македонците во иселеништвото не е ни лесна ни едноставна работа. Често убавината, добрината, способноста и вербата во заедничкиот живот, се од значајна важност за склучување брак. Веројатно тоа е пренесено од родната Македонија, каде адетите биле вечни, трајни и значајни, се со цел да се има подобра и посреќка иднина на влубените.

 наведените случки покажуваат дека строгиот критериум на македонската семејна магнитуда, освен македонските моми, тешко би можела да ги издржи жена од друга националност, се разбира, со ретки исклучоци. Но, во оваа книга се задржувам на избор во кој се содржи најдобриот одговор на оваа тема. Тоа потврдува дека нивната генетска поврзаност со семејствата е многу карактеристична.

Оваа книга со наслов „Рингишпилот на македонските емигранти“ сведочи за ова тврдење. Публикациите содржат по 20 исповеди на различни личности по возраст, од различен социјален статус и без оглед во кој дел од светот живеат. Овие љубони приказни го потврдуваат фактот дека „меракот последен умира“.

Затоа, Македонецот се соочува со фактот дека неговиот најголем проблем во дијаспората не е само неговиот секојдневен опстанок, туку и изборот на доживотен брачен другар, да се ожени и да основа семејство, бидејќи бракот за нив е свет и достоен правејќи големи жртви. Интимните приказни содржани во овие публикации најдобро го потврдуваат овој факт.

Инаку, на 19-ти октомври 2014 година, точно на пладне,  во салата на катедралната Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, се одржаа промоции на публикациите  “Love stories” и „Иселеничка вртелешка“  или како македонско издание насловено “Иселеничка вртелешка”, од авторот Славе Катин.

Во своето излагање Соња Лозановска, уредник на весникот „Македонија“, меѓу другото,  рече „Познавањето на историјата, културата, фолклорот, јазикот, духот, религијата и дриги карактеристики на Македонците од сите делови на Македонија, расселени насекаде по светот, му овозможи на Славе Николовски – Катин да напише текстови со љубовна содржина кои се интересни и евидентни, а кои се однесуваат на судбината и вистината на македонските иселеници ширум светот..

Книгата “Иселеничка вртелешка” на Славе Катин е прозно дело на македонски јазик, а е отпечатено и на англиски јазик под наслов “Love stories” (“Љубовни приказни). Таа содржи дваесет љубовни стории, главно, за љубовниот живот во Татковината и во дијаспората, каде се случуваат најразлични љубовни настани, кои се невообичаени, пикантни и интересни.

Исто така Соња Лозановска рече: „Љубовните приказни на Славе Катин на свој начин го потврдуваат љубовниот, семејниот, македонскиот дел од животот. Во делото се пренесени типичните интимни прашања и проблеми, особено на Македонците во дијаспората.

А, Славе Катин познавајќи го животот, напредокот, животните судбини, семејните обичаи и постигнувањата на Македонците во Канада, САД, Австралија и Европската Унија, успева на сликовит начин, раскажувачки да не пренесе во љубовните лавиринти, кои оставаат силен впечаток кај читателите. Затоа, книгите “Иселеничка вртелешка”, на македонски јазик и “Love stories” на англиски јазик на Славе Катин со задоволство и топло ги препорачувам на македонските читатели“ рече Соња Лозановска, познатата естрадна уметничка и уредник на весникот „Македонија“ од Торонто.

Крај

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top