Култура и туризам

ОД ПЕТРИЧ ДО СТРУМИЦА (10)

1ser1

1ser1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА

Петрич е сместен во пазувите на северните падини на питомата Беласица, а е лоциран во непосредна близина на устието на реката Струмешница во Струма и на делницата што го поврзува градот со Солун, Софија и со Струмица.

Таму планината Беласица со највисокиот врв Радомир (2.029 м) и врвот Поле (1.888 м) што се наоѓа на тромеѓето, стрмно и горделиво се издига над Петричката Котлина, спречувајќи го директното влијание на приморската клима што доаѓа од Егејско Море. Меѓутоа, по долината на рекатаСтрума, сепак, навлегуваат благи струи кои условуваат умерена клима на овие питоми простори, овозможувајќи поволни услови за одгледување суптропски култури, како памук, тутун, сусам, ран зеленчук и разновидно овошје.

Инаку градот Петрич е сместен во Петричкото Поле  северно од планината Беласица,   а во негова близина се наоѓаат и селото Рупиште  и храмот Света Петка  на познатата пророчка Ванѓа и Самоиловата тврдина   во селотоКлуч. Во близината на градот се наоѓаат и два гранични премина: „Златарево“ кон Република Македонија и „Кулата“ кон Егејска Македонија.   Низ градот тече реката Луда Мара, која е десна притока наСтрумешница.  Сè до влегувањето на Бугарија во Европската Унија, Петрич претставуваше важен трговски центар за граѓаните од Македонија  кои во Петрич се снабдуваа со разна евтина стока.

Инаку, Петрич за првпат се споменува во 1376-1377 година во повелбите на браќата Драгаш,   коишто овдешните имоти ги подариле на рускиот манастир „Свети Пантелејмон“ на Света Гора.  

Градот паѓа под османлиска власт по 1395 година, кога заедно со неговата околина е вклучен во состав на Ќустендилскиот санџак и претставува центар на самостојна нахија. Во текот на османлиското владеење Петрич сè повеќе добива муслимански лик. Во 1652 година, османлискиот патописец Евлија Челебија го посетува Петрич и за него запишал, дека паланката има 240 убаво уредени куќи со градини. Има две маали со џамија, параклис, два ана и само една бања. Центар е на каза со 80 села. Има 50 дуќани, што укажува на нивото на занаетиството и трговијата во градот.

Петрич е првенствено познат по производството на пченица, пченка, ‘рж, овес, памук, ориз, тутун, афион, овошје, а важно место заземаат и костените. Во периодот XVI-XIX век, западно од градот, во атарот на селотоДолене  се одржувал познатиот Доленски панаѓур кој бил еден од најголемите панаѓури во европскиот дел на Отоманската историја.  

Се движевме по главната улица којашто Петрич го дели на два дела и ја гледавме и се восхитувавме на оваа убава македонска населба, која со високите костенови, јаворови, дабови и букови стебла уште во XVII век оставила силен впечаток на патеписецот Евлија Челебија.

Инаку, за Петрич педантните аналитичари запишале дека во 1956 година броел 16.401 жител, од кои речиси ¾ биле Македонци, а 4.493 Бугари. Истата година бројот на населението во петричките села изнесувал 31.983 жители, од кои 28.695 се изјасниле како Македонци, а 2.841 се изјасниле како Бугари и незначителен број други народности. Всушност, 1956 година беше последната година кога Македонците во Пиринска Македонија можеле слободно да го изразат своето национално чувство и да се изјаснат како припадници на малцинската нација.

Исто така, бевме информирани дека Петрич, во кој живеат околу 30.000 жители, е стара населба и датира од многу одамна. Во римско време се викала Петра, а во неа живееле антички Македонци. Во времето на турското владеење во Македонија, во Петрич се доселиле голем број Турци, кои во еден период биле и побројни од Македонците. Меѓутоа, во почетокот на минатиот век протерувањето на Турците во Турција во 1912 година и со доселувањето на македонското население од Кукуш, Беломорска Македонија, се случиле големи преселнички движења во полза на македонското население.

На петнаесетина километри западно од Петрич, во непосредна близина на Струмешница, што името го добила по реката, се наоѓа месноста Клуч. Тука, непосредно до патот, на десниот брег на реката се пронајдени остатоци од тврдина. Токму на тие простори, во 1014 година се одиграла најстрашната крвава битка меѓу македонскиот цар Самуил, кој го посеал македонското семе и ја формирал Охридската архиепископија, и византискиот цар Македонецот Василиј Втори. Војската на Василиј Втори за одмазда им ги ископала очите на Самуиловите војници, а на секој стоти војник му оставиле по едно око за да ги поведе своите ранети другари кај царот во Преспа и во Охрид. Кога Самуил ја видел страшната трагедија од болка починал.

Го напуштивме граничниот премин и се упативме кон селата Ново Коњарево и Ново Село, а потоа кон Струмица, оставајќи ја зад себе Пиринска Македонија, во која за време на културната автономија работеле 93 учители со повеќе од 35 илјади македонски деца, кои го изучувале македонскиот литературен јазик и ги развивале своите културни и национални традиции.

Тогаш во пиринскиот дел на Македонија имало библиотеки исполнети со литература од македонски, бугарски и светски автори. Тогаш македонскиот народ ја имаше таа среќа да ја почувствува магијата на пишаниот збор на својот мајчин македонски јазик. Во тој период, во овој дел на Бугарија имало и македонски театар, со цел Македонецот културно да се издигнува, заборавајќи ги мрачните фашистички години кои му нанеле и физичка и духовна болка.

Меѓутоа, по резолуцијата на Информбирото, настапил пресврт во бугарската политика во однос на тогашна Југославија, а во тие рамки и во однос на македонското прашање. Така, дошло до укинување на училиштата и другите институции на македонски јазик и до протерување на учителите и на другите културни работници во НР Македонија. Потоа, настапил период на фалсификување на сѐ што е македонско.

И денес, за жал, се вршат опструкции и негирање врз македонското население. Дали новите демократски процеси, со кои е зафатен Балканот, ќе ја изменат таа ситуација, останува да се види. Европската визија веќе го покажа својот интерес за постоењето на Македонците во Бугарија, за спроведување на одлуките за почитување на човековите права и слободи. Зашто Македонците во Пиринска Македонија и во цела Бугарија ги бараат минималните права во нивната татковина Бугарија – да не ги преименуваат во ништо друго, освен Македонци.

Крај 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top