Култура и туризам

МОНОГРАФИЈА ЗА НОВИНАРОТ И ПУБЛИЦИСТОТ „БОШКО РАЈЧОВСКИ – ПЕЛИСТЕРСКИ“ (3)

12321 1

1raj21

Автобиографското дело „Бошко Рајчовски-Пелистерски“, чиј автор е Славе Николовски-Катин е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено во 2008 година, на 254 страници и е двојазично издание – на македонски и на англиски јазик, а како дел од печатарската активност на „Киро Дандаро“ од Битола. Рецензенти се: амбасадорот на УНЕСКО м-р Јордан Плевнеш од Скопје, примариурс д-р Иван Апостолов од Флорида и професор Синиша Ристевски, свештеник од Детроит.

Монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски“ е презентер на голем број аспекти поврзани со дијаспората, со културата, литературата, јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата, како и со животот на Бошко Рајчовски-Пелистерски, но и на низа други аспекти. Всушност, делото е огледало на вистината за иселеникот, поетот, општественикот, новинарот и патриотот Бошко.

Бошко Рајчовски-Пелистерски е уредник и водител на програмата „Оро македонско“ која ја прославила својата 50-годишнина, што тој лично  со голем сентимент, го доживеал како многу важен овој радиојубилеј. Програмата имала стандардна шема – се емитувала секоја сабота, а од 2017 година во недела, по два часа, во периодот кога повеќето луѓе се во своите домови и можат преку радиото да се пренесат со мислите во родниот крај.

Првата промоција на монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски“, се одржала во 2008 година, кога програмата започнала пред „Воденицата“со рецитал на Славица Петреска-Диневска и Бошко Рајчовски-Пелистерски. Потоа, како дел од културните случувања во Љубојно се промовирала монографијата за Бошко Рајчовски-Пелистерски, чиј автор е Славе Николовски-Катин. За оваа книга која е огледало на животот и делото на овој американски љубојчанец од Детроит и Флорида, запис на настаните на иселеникот, новинарот, поетот, организаторот на средбите и водителот на македонското радио во Детроит „Оро македонско“, Пелистерски, зборувале проф. д-р Васил Граматиковски од Љубојно и д-р Иван Апостолов од Флорида.

Монографијата за Бошко Рајчовски е летопис за мошне големото семејство Рајчовски. Најголемиот број од фамилиите од сојот Рајчовски од втората декада на минатиот век претежно живеат и работат во Соединетите Американски Држави, особено во најголемиот град на државата Мичиген – Детроит. А Бошко кој во зима живее во Флорида, другиот период во Детроит, во лето доаѓа во Македонија, во Преспа, во Љубојно.

Монографијата е посветена на 50-годишното литературно творештво на Бошко Рајчовски-Пелистерски. Ова дело од Славе Катин е поделено на 5 глави во кои се опфаќа родната земја Македонија, потоа втората татковина – Соединетите Американски Држави, активностите на Бошко на поетски и новинарски план, како и  лозата на семејството Рајчовски. Посебен простор во книгата е посветен на  нивните корени на неговото родно село Љубојно – Преспа, на САД, на македонскиот радиочас „Оро македонско“ од Детроит, на неговото литературно творештво и трите стихозбирки.

Јосиф Грежловски–Гандето во воведот на монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски“ напишал дека анализата на неговиот бурен животен пат, токму од многубројните причини и последици, ни го открива неговиот свет во планетарни размери. Притоа, покажувајќи и потврдувајќи дека потомците на Александар Македонски, независно од нивните родокрајни коти, се дел на една од најстарите светски цивилизации, чии трајни вредности ги вградуваат во сите делови на нашата галаксија, по кои светот и не препознава.

Поаѓајќи од овој факт, историјата на кое било македонско успешно семејство во дијаспората, фактички е историја на нашето вековно цивилизациско битисување, не само на Балканот и во Европа, туку и на сите други континенти. Затоа, обидот да напишам монографија за Бошко Рајчовски-Пелистерски, во мојата истражувачка работа за македонското иселеништво, претставува значајно постигнување на тој сложен пат.                     

Животната приказна за љубојчанецот од Детроит и Флорида, заедно со семејството Рајчовски, е своевиден биографски блик, се потпира на фактографијата која извира од многудеценискиот животек, од вруточниот животен опус на Македонците во дијаспората, со кои се гордее нивната стара татковина – Македонија. Стариот крај, како често нашинците милуваат да кажат, кој, и покрај сите проблеми што денес ги има, успешно чекори кон својата демократска преобразба, во рамките на европските и светските интеграциски процеси.

Читајќи ја монографијата прво уште повеќе се запознал со господинот Бошко, за неговите активности и за афирмацијата на неговото село Љубојно. Од тоа навистина се покажа што, всушност, тој правел за афирмација на неговата прва татковина, Македонија.  

Инаку, во порталите „Македонска нација“од Скопје, од монографијата „Бошко Рајчовски-Пелистерски.“ биле печатени четиринаесет продолженија од ова дело, што значеше запознавање со македонските иселеници..

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top