Култура и туризам

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ИНЕГОВАТА БИТОЛА, БАБАН БИТОЛА (3)

1bimil

1bimil

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Битола, градот на конзулите, како што го нарекуваат, е родното место на Силјан (Циле ) Мицевски и неговото семејство. Битола е неговата гордост, инспирација и предизвик. Тоа е градот во кој Циле живее со својата сопруга Виолета  и нивното пошироко семејство. Таму тој работи и таму има постигнато значајни резултати како успешен и деловен човек, спортист, активист, градоначалник на Битола, хуманист, како и признат граѓанин на Битола, на Република Македонија и пошироко на овие балкански и европски простори.

Битола е најголем градски центар во Пелагониската Котлина што се протега во југозападниот дел на Вардарска Македонија. Котлината е заградена од исток со Селачка Планина, од североисток со планината Козјак, од север со ограноците на планинскиот масив Јакупица и планините Бабуна и Даутица; од запад со планините: Бушева, Крушевска, Древеничка, Бигла, Баба со врвот Пелистер (2.601 м) и Неретска Планина, кај месното население позната под името ,,Вичо; и од јужната страна, преку преседлината Кизли – Дервен, се надоврзува планината Ниџе со врвот Кајмакчалан (2.251 м).

Пелагониската Котлина во овие граници опфаќа површина од 3.441 км2, од кои 2.427 км2 ñ припаѓаат на Република Македонија, а останатиот дел на Егејска Македоија што е востав на соседна Грција. Пелагониската Котлина, иако е заградена со планини, сообраќајно е мошне добро поврзана со соседните и подалечните области.  

Битола е расположена на двете страни на реката Драгор, на надморска височина од 590-640 м. Теренот на кој лежи градот е наведнат од запад кон исток, кон котлинското дно. Ваквата местоположба условува пријатна клима во текот на пролетните, летните и есенските мееци. Зимите се студени и честопати градот е обвиткан со магла и сињак.

Несметајќи го градот, во Општината Битола имало 128 населени места. Соред пописот од 1981 година, вкупниот број на населението во Општината изнесувало 138.149 жители, од кои 80.832 жители живееле во градот. Со пописот во 2002 година, пак, во градот Битола живеат 95.385 жители.

Во близина на Битола се наоѓа археолошкиот локалитет на античкиот град Хераклеја Линкестис, освнован во IV  век пред Христа од Филип II, владетелот на античка Македонија. Овој антички град доживеал бурна и славна историја испреплетена со просперитети и разурнувања. Со продирањето на словенските племиња кон крајот на VI век, престанал животот на античкиот град Хераклеја.

Со наелување на Словените во Битолско, пропадниците на племето Драговити го основале градот покрај реката Драгор, најверојатно кон крајот на ВИ век. По нивното повлекување кон Солунско, Битола останала во областа на Берзитите (Брсјаци), кои стнале мнозинство во градот, додека од Драговитите, се претпоставува, останало само името на реката Драгор.

Берзитит ги претопиле староеделците и набргу градот и околината добиле исклучиво словенско обележје. Првпат името Битола се споменува во една повелба на Цар Самоил од 1014 година под името ,,Обител” – старословенски збор што означува манастирски стан, семејство.

1bimil2Битола

Просветителската дејност на св. Климент Охридски била почувствувана и во Битола и Битолско. Во градот со голем број христијански храмови – цркви и манастири (обители) св. Климент имал свои ученици и се развивала Битолската препишувачка школа.

Самуиловото владеење создало уште поповолни услови за сестран развиток на Битола. Таа станала значаен културен и просветен центар во западниот дел на средна Македонија. Царот Самоил ја избрал Битола за една од своите престолнини и во неа изградил раскошен царски дворец. Тогаш Битола станала седиште на Битолската епископија.

По смртта на цар Самоил во 1014 гдоина, византискиот цар Василиј ИИ со војската стигнал во Битолско Поле, го запалил царскиот дворец, но градот не успеал да го заземе.  Во Битола во 1018 година била воведена византиска власт. Во тоа време и во Битолско се раширило богомилството, како верско социјално движење со антифеудален карактер.

Во 1334 година Битола, заедно со други делови од Македонија, потпаднала под српска власт. До доаѓањет на Турците градот повторно доживеал стопански и културен напредок. Во 1385 година турскиот војсководец ТимурТаш-паша навлегов во Битолско, но при заземањето на Битола наишол на херојски отпор. Турците на крајот го зазеле и ограбиле градот и ја разурнале битолската тврдина, а потоа се повлекле на југ. Кончено, под турска власт Битола потпаднала по смртта на Крали Марко во 1395 година. Во прво време Турците ги принудиле, речиси, сите жители да се иселат од градот.

Бројот на македонските Словени во градот спаднал на најниско ниво, а муслиманите биле во апсолутно мнозинство. Потребите на стопанскиот развиток ги принудиле Турците да им дозволат на македонските Словени повторно да се населуваат во градот. Тогаш Битола почнала да се вика Манастир и во ЏВИ век таа пропимила муслиманско-словенски карактер.  

Од крајот на XV и почетокот на XVI век во Битола почнале да се населуваат Евреите што биле протерани од инквизицијата од Шпанија и Португалија. Тогаш во градот поголем замав зела тргвовијата, а се појавиле и некои нови занаети. Евреите извршиле и некои влијанија врз духовната и материјалната култура на македонските Словени и Турците. Во 1554 години Евреите во Битола имале 87 семејства. Тие во градот основале своја талмурска школа.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top