Култура и туризам

ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА БИТОЛСКО И БИТОЛА (4)

1sp1

1sp1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Од турски документи може да се види дека исламизацијата во Битола и Битолско зела поширок замав дури во XVI век. Меѓутоа, дејноста на хритијанските свештеници – калуѓери и епископи не престанала. И покрај слабеењето на турското царство во XVII век, Битола продолжила да се развива и да добива изглед на убав град во тогашно значење на овој поим.

Венецијанскиот пратеник А. Бернард, турскиот географ Хаџи Калсра и патпописецот Евлија Челебија ја опишуваат ја опишуваат Битола како важен трговски и културен центар, со околу 3.000 куќи, 900 продавници и работилници, 40 гостилници, голем број џамии, неколку поскормни цркви, монументален Безестен, а подоцна и градски часовник (Саат-кула). Во градот се вршела трговија со жито, кожи, восок, волна, памук, градежен материјал, борина, катран и занаетчиски производи.

Треба да се одбележи дека битолскиот митрополит Арениј, по потекло Македонец, во 1763 година бил избран за последен охридски архиепископ на самостојната Охридска архиепископија.

Во XIX век Битола постигнала забележителен успех Стопанството е во голем подем, а бројто на жителите се зголемил за неколкупати. Во 1840 година била седиште на Санџак. Кога турските власти го префрлиле седиштето на Румалијскиот пашалак од Софија во Битола, градот станал еден од најголемите административни и воени средишта во европска Турција и голем воен гарнизон. Според патеписецот Ами Буе, во 1836 година градот имал околу 40.000 жители. Обемните градежни зафати за потребите на војската и административниот апарат предизвикале расцут на голем број занаети.

Навлегувањето на новите капиталистички односи не само што ја развиле, туку и ја осовремениле трговијата во Битола. Битолските трговци одржувале врски со италија, Автрија, Англија, Франција, Романија, Египет и други. Тие имале свои филијали во Солун, Виена, Лајпциг, Трст, Одеса и други трговски центри. Бројот на работилниците и продавниците во Битола се зголемил на 2.150, а во разни делови на градот се наоѓале преку 20 специјални пазари: Ат-Пазар, Маст-Пазар, Житни-Пазар, Грав-Пазар, Овчи-Пазар и други.

Станувајќи пријалетско седиште, во Битола отвориле свои конзуларни претставништва: Англија, Австрија, Русија, потоа Италија, Франција, Романија, САД, Бугарија, Србија и Грција. 

Во XIX век, додека во битолските села се воделе борби за зачувување на животот, имотот и честа, во Битола Македонците настојувале да ја преземат целокупната општествена дејност за да си ги задоволат своите еснафско-трговски потреби. Низ таквата борба македонското граѓанство во Битола успеало да отвори свои училишта. Во процесот на преродбата на македонскиот народ, во Битола и Битолско се водела борба за отстранување на грчкиот јазик и се отвориле македонски училишта во сите поголеми цркви и манастири.

1sp12

Саат Кулата во Битола

Во втората половина на XIX век нараснатите национални сили во Битола и Битолско се вклучиле во борбата за решавање на економските, социјалните и политичките задачи на македонското национално движење. Меѓутоа, Битола станала и средниште на верски судири, на големо-грчка, големо-бугарска и големо-српска пропаганда. Големо-грчките претензии се манифестирале преку дејноста на грчката патријаршија и грчките училишта, а големо-бугарските преку дејноста на новоформираната бугарска црвка – егзархија. Така, во Битола се нашле едни против други емисарите на грчката, бугарската, српската, католичката, па дури и на романската пропаганда. Ниту една од тие пропаганди не успеала да ги оствари своите политички цели.

Македонските интелектуалци почнале да истапуваат со национални барања за признавање на македонскиот народ како посебна нација на Балканот. Еден од барометрите на овие судири и политички активности и борби, во кои биле испреплетени европските и балканските интереси, покрај Солун, била и Битола.

Организираната национално-ослободителна борба на македонскиот народ, по созавањето на ТМОРО во 1893 година, зеал голем замав и во Битолско. Битола станала најважен центар на ТМОРО во западна Македонија. Битола и Битолско биле испреплетени со широка мрежа на организацијата. Во Битола многу чесето престојувале најисткнатите македонски револуционери и раководители на ТМОРО како: Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, а неколкупати и апостолот на македонската слобода и револуција, Гоце Делчев.

За време на Илинденското востание Битолско, особено потпелистерските села, зеле мсовно и организирано учество во борбата. Многу востанички чети и одреди на народната милиција биле формирани и дејствувале во овој крај. Многу села биле изгорени. Најпознати борби биле водени кај Ѓавато, Бистрица, Врањевци, Скочивир, Брод, Рибарци, Новаци и др. За одбележување се пелистерските битки на неколку востанички водени против турската војка и башибозукот над селото Цапари.

Во Младотурската револуција Битола и Битолско одиграле многу значајна улога. На 22 јули 1908 година 3.000 востаници во Битола ја презеле власта и воспоставиле младотурска управа. Битола и Битолско се нашле и во фокусот на Балканските војни. Во 1915 година Бугарија ја окупира цела Вардарска Македонија, вклучувајќи ја и Битола. Наредната, 1916 година, оваа окупација во Битола била сменета од силите на Антантата. Изложена на двегодишни бомбардирања Битола многу настрада.

По страдањето и големите урнатини за време на Првата светска војна, Битола се поредува со францускиот град Верден. ,,Убавиот град на конзулите” бил претворен во урнатини. Градошт што во првите години на ЏЏ век броел над 80.000 жители, според пописот од 1921 спаднал на 28.418 жители. Граничната пречка со јужните делови на Македонија и прекинувањето на врските со Солун катастрофалнос е одразиле врз стопанскиот живот во Битола.

Продолжува

1slav kat Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top