Култура и туризам

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ НАДЛЕЖЕН АРХИЈЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (6)

2.2.6

1kr1

Кога се зборува или пишува за духовно-црковното и нацио-налното обединување на Македонците во етничка Македонија и во дијаспората, името и делото на митрополитот Кирил, кој бил прв надлежен архијереј на Американско-канадската епархија е тесно поврзано со тоа.

Монографија за „Митрополитот Кирил“, издание на Полошко – кумановската епархија и на „Маке-донска  искра“, Скопје, 2007 година, на 342 страници, на македонски и на англиски јазик, на авторот Славе Николовски-Катин  го открива животот на митрополитот од неговото детство, преку неговиот архипастирски живот во Америка, Канада, Австралија и Република Македонија.

Во делото се вели дека митрополитот Кирил (Никола Поповски) е роден на 23 јуни 1934 година во Царев Двор, место кое е ни село ни град. Основното образование го завршил во родното место, а богословија завршил во Призрен. На Благовештение, 7 април 1964 година, Никола се замонашува во манастирот „Раѓање на Пресвета Богородица“ кај Кичево, и со радост го примил името на свети Кирил Солунски. Притоа, од страна на Неговото блаженство, архиепископот господин господин Доситеј, е ракоположен во чин ероѓакон, а само по кратко време и унапреден во архиѓаконски чин.

Во тоа својство пролетта 1965 година, младиот архиѓакон Кирил го придружува архиепископот господин господин Доситеј при посетата на Соединетите Американски Држави и Канада, каде асистира при евангелисувањето на првата македонска црква во Торонто, на празникот Цветници, посветена на свети Климент Охридски.

На 5 јули 1967 година бил избран за викарен епископ со титула тивериополски од страна на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и станува негов најмлад член. По унапредувањето во чин архимандрит, на 11 јули истата година, во предвечерието на празникот посветен во чест и слава на апостолите свети Петар и свети Павле, било извршено наречението во епископски чин, а утредента, на Петровден, бил хиротонисан за викарен епископ тивериополски.

Како член на Синодот, веднаш се вклучил во довршувањето на обемниот елаборат за обнова на автокефалноста на Охридската архиепископија. Пет дена подоцна (на 17 јули 1967 година) Светиот архијерејски синод  на Македонската право-славна црква – Охридска архиепископија одржала седница во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, на која била донесена историската Одлука за целосно возобновување на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

По потпишувањето од страна на сите членови на Синодот: архиепископот господин господин Доситеј и митрополитите: господин Климент, господин Наум, господин Методиј и господин Кирил, истиот ден била презентирана одлуката пред членовите  катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид.

На овој Собор господин Кирил бил избран за прв надлежен архијереј на штотуку востановената Американско-канадско-австралиска македон­ска православна епархија, со која раководел повеќе од две децении. Земал учество во повеќе делегации на Македонската православна црква – Охридска архиепископија  за запознавање на сестринските цркви со обновата на автокефалноста на Црквата на македонскиот народ, преку претставување на опширниот елаборат. Исто-времено ја извршувал и функцијата претседател на Комисијата за враќање на отуѓените македонски богослови од богословиите на Српската православна црква.

Во 1968 година ја реализирал првата посета на север-ноамерикан­скиот континент како надлежен архијереј на Амери-канско-канадско-австралиската македонска православна епархија. За време на едномесечниот престој во САД и Канада, го осветил третиот македонски православен храм на американските простори, црквата „Свети Ѓорѓи“ во градот Сиракуз, во државата Њујорк, а посетил и други градови во кои го отворил и поттикнал процесот за формирање нови македонски православни црковни општини и за изградба на нови цркви под јурисдикција на Светиклиментовата македонска православна црква – Охридска архиепископија.

На 10 август 1969 година, пак, во катедралниот храм „Свети Климент Охридски – Чудотворец“ – во Торонто, со величествени свечености било извршено востоличувањето на митрополитот Кирил во епископскиот Светиклиментов трон на Американско-канадско-австралиската македонска православна епархија од страна на Неговото високопреосвештенство митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј.

Митрополитот господин Кирил во текот на наредните повеќе од две децении одиграл голема духовно национална улога, оттргнувајќи десетици илјади Македонци од српските, грчките, бугарските и други цркви, со цел да доаѓаат во македонските православни храмови.

На тој начин е спречена натамошната асимилација и денационализација на маке-донскиот православен народ на тие американски простори. Тој бил добредојден во сите македонски асоцијации, македонски домови, особено во македонските православни цркви на северноамериканскиот континент, во кои, тој имал голем удел за формирањето на тие македонски црковно-национални храмови за генерациите.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top