Култура и туризам

РОДОСЛОВИЕТО НА СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ОД ПРОСТРАЊЕ ДО БИТОЛА (7)

1mpi1

1mpi1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ 

Битола е и родното место на човекот кому му е посветена оваа монографија. Тоа е познатиот битолчанец Силјан Мицевски-Циле, кој е трета рожба на среќните родители. Циле, како често го викаат неговите блиски, е роден на 16 октомври 1945 година. Тогаш во семејството Силјанови славјето било големо и радоста немерлива, особено за мајката Василка и таткото Јован (Јонче како што сите го викале) Мицески. После првата рожба, братот Благој и сестрата Нада, трета среќа бил Силјан кој дошол во ова семејно гнездо како најмалечко чедо.

Во разговорите што ги водевме со Циле, бев информиран за целиата негова животна приказна. Меѓу другото, тој раскажа за следното:Мојот татко Јован (Јонче) е роден во селото Прострање кое е тромеѓето на Кичево и Демир Хисар. Деветмина биле во фамилијата. Силен столб на Мицеви беше мајка ми, која по сите основи и адети, многу ги почитуваше родителите на својот сопруг. И затоа имаше слога и ретка хармонија во цврстата семејна заедница. 

Јонче беше посинет во Битола. Со питом карактер, послушен и добар, тој беше миленик на сите околу него. Вреден и умен, не штедејќи се нималку, сакал да му помогне секому,  а за него – ако останеше и колку ќе имаше. Велше скромно оти доста му е, бидејќи и малкуто му е многу кога другите немаат воопшто.

Неговата верна другарка Василка (Васе како што ја викаа) беше и неговиот столбовник и вистинска статура на фамилијата. Васе, личната стамена чупа и невеста, а потоа и мајка, беше исклучително посветена на својот дом, сопругот и, над се’, на децата –  најголемото богатство и продолжувачи на долгата лоза на Мицевски. 

Јас ја обожував мојата предобра мајчичка. Многу бев среќен кога ќе ме погалеше по бујните коси, кога со приказни ме заспиваше, седната до мојата перници. А во утрата или навечер кога ќе ми намачкаше шеќер на лебчето, слатко ќе го поделев со моите другарчињата на сокакот.

Мама Васе неизмерно ми се радуваше кога носев само петки. Кога рецитирав со врсниците, кога победував на натпреварите, кога ги пеев серенадите под пенџерите…  

Таа не штедеше никогаш комплименти ниту за својата снаа Виолета (или како што често ја нарекувале комшиите – Силјаница). Сакаше гордо и со сета љубов да ја прикаже таква каква што е – лика и прилика за својот син, за фамилијата. Затоа, не ретко и Виолета вели дека родителите на нејзиниот избраник – свекорот и свекрвата, ги уважувала како свои родители и дека таа убава традиција на почит сака да ја пренесе и на нивното потомство. 

Ваквите исклучително значајни и квалитетни семејни односи и поврзаност останаа во мојата меморија, толку колку што бев сведок, толку колку што запаметив од богататиот живот на слога и хармонија на моите претци.

Мојот татко цели 18 години работеше како чирак, чесно и многу вредно. Се сеќавам како еднаш поминувајќи низ хотелот ,,Македонија” за да одиме на фудбалски натпревар купив весник и отидовме на стадион. Но, по грешка сум земал два весника ,,Нова Македонија”. Кога го забележа тоа татко ми, се сврте и ми рече да одам назад и да му го вратам едниот весник на трафикантот, зашто така сум му ја зел заработувачката. Беспоговорно се вратив веднаш. Му се извинив за ненамерната грешка и на продавачот му вратив еден примерок од ,,Нова Македонија”, зашто не беше мој. 

1mpi12Битола

Мајка ми Васе, со срце и душа големи како океан, беше посветена на своите чеда. Јас бев секогаш оној веселиот, позитивниот, ама и жилавиот, тврдокорниот и упорниот. Кога ќе наумев нешто, морав тоа да го имам и да го направам. Поразличен бев во многу гестови и потези од брат ми и сестра ми. Мајка ми е од позната богата, доста угледна фамилија. Мажена со фути златници. Здраво семество бевме, бидејќи мајка ми многу грижливо го одржуваше заедно. Таа целосно беше посветена на компактноста и на среќата на таа цврста генерациска идила.   

Инаку, да се вратиме малку назад и да потсетам дека дедо ми наликуваше на македонската револуционерна икона Гоце Делчев. Дедо ми Силјан, по кога и јас сум крстен, по потекло буфчанец, Егејска Македонија, беше од зафатена фамилија. Имале свои ширни полиња, големи лозја, дуќан. Беше бакалџија, чорбаџија и угледен комшија и ортак со тројката Миновци и Давковци кои имаа доста познавање и осет за трговија на големо. Бакалницата се наоѓаше кај мостот во Битола каде подработуваше понекогаш и татко ми за да стекне навики, да помага и да заработува. 

Баба Елена (Силјанова, како што ја викаа по битолски) беше мила итра жена. Позната и ценета домаќинка. Како малечок трајни ми се спомените кога ме земаше во скутовите и ми ги раскажуваше најубавите бајки и сказни. Долго ме држеше во прегратките и ме милувала со топлата рака бабина.

Во пријатниот разговор, во кој открив дека Силјан Мицевски-Циле не е само бизнисмен, туку дека тој е и одличен раскажувач, човек кој живо се сеќава на минатото. Така, тој  во разговорот ме информира за следното:   

Еден ден, кога имав не цели пет години, седев дома со мвојата сакана бабичка, додека 12-годишната сестричка отиде со дедо на лозје да му прави друштво и да се растрчува и игра меѓу лозите. Кинисаа дедо ми и сестра ми, но, само што стасале кај Ветеринарната станица, на дедо ми му се слошило. Паднал како покосен пред очите на ужаснатото девојченце. Испуштил душа тука од фатален срцев удар. 

Таа  трагедија многу болно, иако малечок, ја доживеав. Се сеќавам како беше во дворчето кога силно и ширум се отвори поратата. Со плач, крикови и трчање се втурна сестра ми, испаничена, викајќи: ,,Дедо ми умре, дедо ми умре!” Блиску до портата стоеше баби ми. Шокирана, таа се онесвести. Сите, кои веднаш се насобраа, долго не можеа да ја повратат. Преплашени, ние дечињата се вртевме за да видиме дали нашата сакана бабичка ќе си дојде побргу на себе. 

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top