Култура и туризам

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА СТОРИЈА НА ВИОЛЕТА – СОПРУГАТА НА СИЛЈАН МИЦЕВСКИ (9)

1sel1

1sel1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Животот пишува романи. Токму тако ,,романизиран” живот е на двоецот Мицевски, со се’ она што ја чини прекрасна сагата на нивните заеднички инспиративни децении под ист кров. Идилата се родиле уште во средношколските денови. Кога заискриле емоциите, за потоа и да пламнат и силно долго да траат, што би се рекло – љубов е тоа довека.

Речиси и да растеле и младувале заедно. Така некако му доаѓа кога макар само малку се ѕирнува во заедничката долговечност, почитта со првите емотивни навеви на убавицата, мома Виолета, и бујновитото момче Силјан.

Таа втора година во Средното економско училиште, а Силјан само година плус е во гимназиските клупи. Случајното вкрстување на погледите низ битолските сокаци ќе биде и почеток на нежната љубовна симфонија чии ноти нежно одекнуваат и денес. Таа со вита става, пемператментна ученичка, тој стасит, личен гимназијалец кој отпрво под око ја меркал тинејџерката. Кога веќе тешко се скротувале, а уште потешко се контролирале емотивните турбуленции, тој почнал да станува многу понастојчив и и’ го пресретувал патот, само за да ја допре, макар најмалку и најнежно за раката. Колку за почеток. И доволно. Таа, сепак како видриче бегала. Се криела. Му ја заметкувала трагата.

Циле скроил планови, смислил стратегии за да и’ пријде во вистинскиот момент и тоа да не биде неуспешно, туку напротив. И најважното – од неговата голема симпатија да не добие негативен одговор. Тоа се случило кога Виолета излегла од кинопретстава. Циле од околу свртел покрај Поштата и, следејќи ја низ темните улички, горел од желба само да и’ пријде, и нека нема ни допир, ама барем да ја праша, да и’ каже нешто, малку срцето свое да отоври.

Виолета, кога веќе и’ било јасно оти очигледно личниот Циле и’ оди зад неа, се’ уште избегнувала да се најдат очи во очи. Иако и неа срцето и било море немирно, а нему му се бранувала душата,  сепак, не можело туку-така да се случи – љубов. 

Какви ли се’ досетки не измислувал, каде ли се’ не ја следел и пред порти, си велел, ако треба ќе стои и серенади со тајфата ќе í пее и стихови најубави ќе í реди, само симпатија нејзина да освои. Но, сепак, тешко се реализирало.

Конечно, отпорот бил ,,скршен”и двајцата еден кон друг почнале да изразуваат симпатии. Желбата била немерлива, истрајноста исто така. Само различни им биле приодот и, секако, многуте ниви карактеристични, а и оригинални тактични потези. Ги споила љубовта засекогаш. Најубави денови и месеци биле нивните трперливи состаноци и исчекувањата на љубениот и љубената навечер. Долгите прошетки низ Широк Сокак, низ корзото и паркот биле многу емотивни кога тие, крај големите дрвја загледани во ѕвездите, во најплатонската голема нивна идилична атмосфера, ја кроеле својата иднина.

1svet1

Бргу летнале месеците. Не сакале многу ниту да им се развледкуваат работите. Еден ден решиле. Одлуката паднала. Виолета на 22, а Циле на 23 годиншна врозраст да ја крунисаат нивната врска со брак. Кога тоа им го соопштиле на своите најблиски од семејствата, од нив тоа било примено со благослов, големи симпатии и одобрување.

Направиле свадба голема, со сите адети, по сите семејни правила. Планирале да се земат во февруари 1968 година, но бидејќи бабичката на Виолета ја простил Господ, затоа и свадбата ја поместиле. Во септември Виолета и Циле пред матичар застанале, се заветиле на вечност и на верност. Го започнале својот брачен пат кој е долг, инспиративен, ја започнале својата заедничката сага на фамилијарната лоза Мицевски. Виолета останал вечната љубов на Циле. 

Во меѓувреме, Виолета ги завршила студиите на правниот факултет; го положила и правосудниот испит. Стажирала 2-3 години во Апелациониот суд во Кривичниот оддел. Иако ги исполнувала услови кога требала да стане судија, а предлогот за неа минал и на координативното тело, тоа не се случило. Тоа навистина ја револтирало Виолета; го напуштила Судот и конкурирала во Електродистрибуција за директор на Општиот сецтор, со положен правосуден испит и со сите можни услови за тоа место. На оваа должност била избрана без никакви пречки. Со двојно поголема плата од судиите, во Електродистрибуција остнала десет години. Но, се измешале партиски прсти и по некое време Виолета заминува.

Во светото семејно спокојство, таа е задоволна и среќна, исполнета со љубовта од нејзиниот Силјан и од најмилите. Ги имаат прекрасните потомци – ќерката  Татијана, која е мајка на Бојан и Марија. Виолета е вистинската оаза на фамилијарната горделивост. Сите мигови, сите деноноќија кога заедно се на собир, кога ги споделуваат и испишуваат најубавите страници, тие значат се’, а тоа е животот. 

Нивната ќерка Татијана е единстваната рожба на Виолета и Силјан. Таа завршила гимназија во Битола, а фармацевтски студии во Скопје, исто како и нејзиниот сопруг Зоран, со кого среќно живеат заедно со синот и ќерката. Татијана има способност и капацитет да работи за себе. Зоран, исто така, целосно је поддржува во нејзината намера и ја отвориле веледрогеријата ,,Еурофарм” со свои аптеки во Битола, Крушево, Скопје, Македонски Брод. Се шири синџирот на аптеки кои ги има и во болници и големите маркети, како ,,Рамстор” итн. Зетот Зоран се определил за наука и е асистент на Факултетот за фармација. Татијана е мнгоу упорна и успешно плива во водите на овој доста специфичен бизнис кој бара 24-часовно ангажирање.  

Малку пошироко, сестрата Нада Цилева, со која Силјан најмногу е поврзан, го обожавала отсекогаш. Своеот помало братче го викала во истата спална кога и’ доаѓале врсничките и цела ноќ терале шеги, разговор, песни и разни муабети. Другарките на Нада многу го сакале Цилета иако бил помал од нив. Сестрата имала обичај рано да се буди и тоа било со музика од радиото. Тие моменти, тие утра ги памети Циле, бидејќи му се драги спомени и од сестрата и од нејзините верни другарки.

Со братот Благој помалку се дружел, зашто кога завршил тој осмолетка, се запишал во средно-техничкото училиште ,,Здравко Цветковски” во Скопје, машинска насока. Значи, рано излегол од Битола. Кога се вратил отишол војска да служи. Следела женидба и, нормално, секој бил на своја страна со свој живот, а со малку заедничко детство и младост.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top