Култура и туризам

ЖИВОТ ПОСВЕТЕН НА ГАЈДАТА

1sss21

1sss21

Ѓорѓи Стојчевски повеќе од 50 години од животот го има посветено на македонската фолклорна музика. Музиката му е во неговите гени. Неговите дедовци и прадедовци свиреле на гајда,  неговиот татко на тапан, а неговиот вујко на кларинет. Уште од најмлади години ја засакал музиката и гитарата му била првиот „музички другар“ пред да се врати на корените и ја одгледува изворната музика. Покрај на гајда Ѓорѓи свири на зурла, кавал, тамбура и тапан.

Во 2011 година Ѓорѓи независно го издаде својот прв ЦД и ДВД кое  поседува девет македонски ора на гајда (со негов посебен аранжман). Понесен од своето Мариово тој го компонира орото на гајда „Горна чешма“ и сега надалеку познатото „Тепавско оро„ кое се игра за рамо.

Ѓорѓи инаку потекнува од село Тепавци, Битолско Мариово. Во Австралија се досели на 14-годишна возраст во 1973 година. Подоцна формира семејство со Вера од Мешеишта, Охридско, има син и ќерка и три внуци, но своето Тепавци и мислите од детството поминати во него секогаш ги носи во својата душа. Иако во селото сега живеат само неколку семејства тој со своите Тепавци од Сиднеј за последните 15 години организира традиционална Тепавска донаторска вечер. Дарежливоста на Тепавци помогна да се реновира манастирот Св Аранѓел и црквата Св Богородица, да се асфалтира патот до селото со цел да се вратат Тепавци и го заживеат селото кое обилува со природна убавина.

Како што кажува Ѓорѓи, „гајдата знае да натажи, очи да навлажни и развесели, а и да ги размрда во игра уморните и старите нозе“. Таа љубов кон македонската изворна песна и со желба истата да не изумре, ја пренесе на помладата генерација. Како прво успешно тоа го направи врз својот син кој беше познат гитарист и џезист и имаше своја музичка група, на својата ќерка која заврши музичка академија отсек пијано па и на своите три внуци кои се покажаа да имаат посебна музичка дарба. Но исто така се покажа како добар учител со особена стрпливост и неговата ангажираност во Ансамблот „Илинден“ при црквата Св Петка во Сиднеј каде Ѓорѓи има водечка улога. Тој учи млади деца да свират на најстарите традиционални македонски инструменти: гајдата, кавалот, тапанот, мандолината и зурлата. Ансамблот, единствен од овој вид во Австралија, се формира пред самата прослава на 50 годишнината на КУД „Илинден“ во 2016 година.

Во минатото Ѓорѓи имал свој бенд под име „Црна река“ но последните години има редовни ангажмани со Ансамблот „Илинден“. Тој скоро секоја недела ги посетува македонските пензионерски асоцијации во Сиднеј, Волонгонг, Њукастел и редовно учествува на разновидни средби, концерти, мултикултурни фестивали, театарски престави и културни промоции каде со гајдата, кавалот и тапанот ја промовира македонската традиција, култура и нација.

1Dusan Ristevski Душан Ристевски-Македон

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top