Култура и туризам

РЕЦЕНЗИЈА НА Д-Р ВАСИЛ ТУПУРКОВСКИ ЗА ЕСМА РЕЏЕПОВА-ТЕОДОСИЕВСКА (12)

1eses

1eses

Жената со божествениот глас, почнувајќи од нејзиното прво музичко откривање на 11 март 1957 година, благодарение на ангелскиот глас во период од 55 години, станала светски прифатена и призната. Со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам таа го освоила светот. Есма со својата оригиналност и музичка виртуозност станала лесно препознатлив македонски бренд во светот.

Пеејќи во фустан од македонското знаме, таа покажала колку ја  љуби својата земја и ја носи традицијата на македонскиот и ромскиот народ, кој како трепет е прелеан низ звуците што се шират. Кога била на сцената и на турнеите, Есма не била само извонреден глас, таа била вљубеник во својата земја за која говорела на сите средби со новинарите, амбасадорите, политичарите, претседателите, градоначалниците и со публиката.

Често пати на многубројните гостувања, била ангажирана да одржи предавања за нејзиното музичко творештво, на кои таа секогаш користела можност да ја претстави својата Македонија и нејзините убавини, па, така, не е преамбициозно ако се каже дека Македонија во светот е препознатлива и по Есма Реџепова, за што говорат многубројните награди, пофалници, титули, признанија и благодарници од целиот свет. Затоа, со право се вели дека Есма Реџепова–Теодосиевска била амбасадор на нашата култура и промотор на Република Македонија.

Во рецензијата за монографијата за Есма Реџепова, нејзиниот пријател  Васил Тупурковски ќе го напише следното: „Навистина ми причинува големо задоволство и чест што сум рецензент на многу значајната монографија „Есма“ од Славе Николовски-Катин, автор кој ѝ е познат на македонската и меѓународната културна и научна јавност по бројните публикации, новинарски и научни трудови.

Мојата рецензија, всушност, е прилог кон ова дело посветено на доблесниот естраден уметник, истакнат хуманист и докажан донатор Есма Реџепова-Теодосиевска, која, во исто време е мој голем пријател и соработник. Есма е име, кое е познато, признато, уважено и респектирано на многу полиња и децениски потврдено во музичкиот свет во Република Македонија и во светот.

Mонографијата „Есма“ претставува еден вид огледало за Кралицата на ромската музика, или како често ја нарекуваат, амбасадор на македонската и ромската музика, културата, традициите и вистината за Македонија и ромскиот и македонскиот народ.

Оваа значајна и по многу нешта единствена тријазична монографија од овој вид (на македонски, на англиски и на ромски јазик, а има текстови и на српски јазик) претставува осврт за ликот и делото на Есма Реџепова-Теодосиевска. Монографијата претставува сублимат за уметничкиот труд на благородната Ромка, сместен во еден биографско-публицистички времеплов кој е своевидна сага за нејзиното опстојување. Монографијата со сета скромност е лика и прилика за животот и делото на Есма и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски што ќе остане вечно да се сеќаваат генерациите.

Есма Реџепова со своето животно дружење со песната постојано се залага за афирмација на ромската и македонската култура во Република Македонија, на Балканот и во целиот свет. Таквата угледна музичка ѕвезда, легенда и патриот – вљубеник во својата татковина, секогаш ја води светата мисла да ја претстави песната и да остави вечни траги за идните генерации.

Авторот Славе Николовски-Катин оваа монографија ја посветил на Есма Реџепова-Теодосиевска, големиот естраден уметник, хуманист и чувар на ромската и македонската песна. Делото го расветлува нејзиниот живот и богатото уметничко дело, како и делото и животот на нејзиниот животен сопатник – сопругот Стево, како и на сите нивни генерации. Во делото се презентирани голем број текстови за бурната историја на Есма и Ансамблот „Теодосиевски“, како и документи, фотографии и други материјали со кои авторот се потрудил монографијата да претставува приказ на уметничкиот живот и дело и историја на Есма и нејзините идни генерации.

Ова монографско дело е значаен придонес во продлабочувањето и проширувањето на сознанијата за Есма Реџепова-Теодосиевска, нејзиниот сопруг Стево, за семејните корени во Скопје и Кочани, за Република Македонија, за минатото, сегашноста и иднината како веродостоен документ за големата по дела – Есма Реџепова-Теодосиевска. Во неа Славе Николовски-Катин успешно ја преточил живописната сторија за Есма Реџепова-Теодосиевска во публикација која претставува веродостоен документ, верен одраз и израз на еден живот и на едно дело достојни за почит. Во исто време ова дело претставува патоказ на другите македонски естрадни уметници и афирмација на ромскиот и македонскиот народ и на Република Македонија.

Слободно може да се истакне дека во личноста на Есма Реџепова-Теодосиевска има врвен афирматор на ромската и македонската песна, вистина, дух, полет. Таа е голем пријател, голем човек, кој за своите постигнувања има добиено најзаслужено врвни признанија и награди, меѓу кои, таа е национален уметник на Република Македонија.

Затоа со големо задоволство на читателите им го препорачувам ова монографско дело за Есма Реџепова–Теодосиевска, а на мојот пријател Славе Николовски-Катин му посакувам многу успех во понатамошната работа и животот“, напиша Васил Тупурковски.

Инаку, во порталите „Македонска нација“ и „Македонско сонце“ од Скопје, од монографијата „Есма“   биле печатени 59 продолженија од ова дело, што значеше запознавање со Есма, Кралицата на ромската музика.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top