Култура и туризам

ПОСВЕТЕНОСТА НА ЧЕНТО ВО СПИСАНИЕТО„ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

1nas213

1nas213

Бројот 56 на списанието „Повод, кое е наменето за литература, култура, историја и општествени прашања е издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Ова македонско информативно гласило, чиј главен и одговорен уредник е Душан Ристевски-Македон, ауредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска успешно го промовира македонскиот јазик, литературата, културата и македонската заедница во демократска и мултиетничка Австралија.

Овогодишниот број 56 за мај 2022 година на списанието „Повод“ на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј е посветен на двете дела „Методија Андонов-Ченто“  на македонски и на англиски јазик од позната новинарка Фиданка Танаскова, чиј превод на англиски јазик е на Ристо Стефов од Канада. Делата се посветени на страдалникот за обединета Македонија –  Методија Андонов – Ченто, македонскиот  национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ – Ченто, кој се именува и како прв Претседател на Македонија.

Во воведот на овие дела се вели дека животна драма на Методија Андонов – Ченто во средината на минатиот век долго беше покриена со мистика, со заклучени архиви и тајновит молк. Тоа биле времиња, настани и сценарија, кога некои личности биле директно прозвани и сместени на листите на неподобните и предавниците, други биле спроведувани во занданите; а режисерите на тие настани и драми биле триумфални победници и добитници. 

Во период од над триесетина изминати години од објавувањето на книгата насловена како „Методија Андонов Ченто“, во издание на Новинско издавачката куќа „Нова Македонија“ во Скопје, па до оваа 2022 година, кога во Сиднеј  делото излезе и на англиски јазик, што беше одамнешна намера и желба, значи, во изминатите три децении вистината излезе на виделина. Конечно беше  рехабилитиран  првиот претседател на слободна Македонија. Одржан е научен симпозиум за неговиот живот и дело, подигнати се споменици во Скопје и Прилеп, одликуван е со орден на Република Македонија од претседателот на државата, а имаше и други манифестации во чест на  претседателот Ченто.

Треба да се потенцира дека едно од позначајните македонски гласила што во Австралија излегуваше подолго време беше списанието “Повод”. Тоа е прво македонско списание за литература и култура на овој континент и единствено од ваков вид меѓу иселеништвото. Излегуваше како орган на Македонското литературно друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, формирано на 31 март 1978 година во Сиднеј.

Првиот број на списанието “Повод” излезе на 15 јуни 1978 година на четири страници со формат 30 х 21 см., додека наредните пет броеви со иста форма имаат зголемен број страници чиј број се движи од 12 до 18. Од шестиот број списанието ја менува и формата и квалитетот на хартијата и излегува на 23 страници, на мал формат 22 х 16 см, а неколку броеви се печатени од 28, до 40 страници. Во периодот од околу 14 години се отпечатени 54 броеви.

1ce123 1ce1234

Инаку, поред податоците Редакцијата на македонското списанието „Повод“, тоа ќе се издава во електронска и во печатена форма. Издавачкиот одбор се надева дека  Македонците од сите делови на Македонија, насекаде по светот, особено во демократска Австралија ќе ја  поддржат оваа иницијатива и ќе помогнат и финансиски и во распространување на гласилото. Притоа, објавување на текстови и други материјали на македонски или англиски јазик се добродојдени. Тие треба да бидат испратени до  
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.  Исто така, добронамерни коментари и предлози за подобрување на содржината на списанието се добредојдени, се вели во текстот од Редакцијата на „Повод“.

Содржините на бројот 56 од мај 2022 година на списанието „Повод“ се разновидна. Така, по почетокот е даден дел од активностите на  Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј. Во текстот се вели дека тој е добротворна општествена организација формирана во 2007 година со цел да ја промовира драмската и театарската уметност. Главните цели на оваа организација се да ги зближи луѓето од македонско потекло кои се активни и креативни во сценски продукции, драма, театар, музика, филм, креативно пишување и играње; да ја промовира заедницата преку театарско, филмско и фестивалско творештво; да им помогне на интерпретатори, артисти, глумци и на оние кои работаат на доброволна основа; да ги поттикне македонските режисери, глумци, писатели и дизајнери во презентирање на годишна уметничка програма.

За одбележување е тоа што Театарот е добитник на престижната државна награда Australian Multicultural Marketing Award во 2015 год. за драмата „Ограда“ во категоријата за уметност и култура и Повелба за промовирање на македонската култура од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во 2015 година.

Во продолжение, меѓу другите, е даден текстот дека на 28 мај во просториите на Македонскиот спортски центар „Илинден“ во Рогдал, Прилепското социјално друштво „Методија Андонов Ченто“ од Сиднеј организира Донаторска хуманитарна вечер со цел донациите да ги употреби за помогнување на социјално загрозени лица во Прилеп. Потоа, текстот за Ѓорѓи Стојчевски кој повеќе од 50 години од животот го има посветено на македонската фолклорна музика, на гајдата.

Посебен простор е посветен на на Виктор Бивел од Сиднеј, познат автор кој со своето творештво го афирмираат македонскиот јазик и култура во странство. Советот на Пелагонските средби на чело со претседателот д-р Весна Калпаковска на својата седница на 17 мај 2022 година одлучи да му го додели признанието „Златен клас за македонски вознес“ на овој познат и признат австралиски Македонец, чиј корени му се во Егејска Македонија. Исто ака е поместен и текстот за наградата на Пелагонските средби „Повелба за животно дело“ на публицистот Славе Катин за неговиот севкупен труд, дела, дострели и придонес во науката, културата, новинарството, религијата и општественото живеење.

За текстот за Фестивалот на новосоздадени македонски патриотски и родољубиви песни „Гоце фест 2022“, кој го чествува великанот Гоце Делчев, се вели дека годинава се одржа на 18-ти март во Домот на Армијата на Република Македонија (АРМ) во Скопје, во годината кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на македонскиот великан и војвода. Потоа е даден текстот во кој според податоците на Австралиското биро за статистика во Австралија има 111.352 лица кои се декларирале со македонско етничко потекло. Според пописот од 2016 година, претставува зголемување од 12,782 лица.

Од активностите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј се дадени текстови за изданијата на делата „Методија Андонов-Ченто“ на македонски и на англиски јазик од познатата и призната новинарка Фиданка Танаскова, потоа текст за романот „Во потрага за белиот леб“ од романсиерката и поетеса Велика Џангалоска-Гатсис која живее и твори во Квинбијан, НЈВ (Австралија, за  книгата „Одмрзнати чувства“ од Оливера Јовановска, како и за стихозбирката  „Судбина во круг“ на Славица Ристеска: и  за делото „Поетски мозаик“ од Гордана Димовска.

1ce1235

Во Библиотеката на Друштвото 

Посебен простор во овој број е даден на текстот за македонскиот јазик на американскиот македонист, проф. д-р Виктор Фридман, кој долги години е шеф на Катедрата за јужнословенски јазици на чикашкиот универзитет и 30 години активно се бави со балканската лингвистика вели дека ставот и заклучокот на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик не постои, односно е дијалект на бугарскиот јазик е враќање во времето на фашизмот!. Во продолжение е поместен текст за македонскиот јазик во училиштата во Викторија од Гордана Димовска, како и текст за македонското движење во Бугарија и за делото за Античките Македонци од познатиот македонски историчар и писател Александар Донски.

Со право моѓе да се заклучи дека списанието „Повод“ на  Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј е едно од најпрофесионалните гласила во македонското иселеништво, а сите горенаведени текстови го прават ова македонско информативно гласило да биде  огледало на Македонците во Австралија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top