Култура и туризам

СТИВ ПЉАКАС – ВЉУБЕНИК ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (14)

1ses1

1ses1

Стив Пљакас многу одамна станал член, а подоцна и претседател на организацијата „Обединети Македонци“ во Торонто, една од најстарите македонски организации во Северна Америка. Во времето кога бил претседател се одржале Средбите на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија. Потоа бил претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Исто така, тој бил претседател и најголем спонзор на Комитетот за олимписки игри од Канада. Тој дал значајна финансиска помош за Македонците олимпијци на Олимпијадите во 2004 година во Атина, и во 2008 година во Пекинг. Стив Пљакас е човекот кој го носел македонското знаме пред македонските спортисти на двете олимпијади и бил најсреќниот Македонец во светот.

Македонската заедница во Торонто постојано ја промовира дедовската земја – Македонија, македонската нација, нејзината историја, литература, религија, јазик култура, а во исто време и вистината за постигнувањата во новата мултиетничка демократска Канада.

Затоа со право се вели дека Стив Пљакас ја обединил Македонската заедница во Торонто и пошироко, преку најразлични активности и преку спонзорирање на социо-културни настани. Исто така, тој соработувал со канадските власти за унапредување на правата на Македонците во Канада и претставува мост меѓу Канада и Република Македонија.

Во репортерскиот запис на Стив Пљакас од октомври 1995 година, се вели дека по тригодишно планирање, проучување и сонување за патувањето, конечно сонот стана реалност. На 25 јули 1995 година јас и Мајкл Китли, пристигнавме на аеродромот во Равалпинди, поранешен главен град на Пакистан. Беше околу девет часот наутро и паѓаше ситна роса. Не знаевме дека во тој дел од светот преовладува монсунската сезона. Чувствувавме дека сè е под контрола.

Првиот интересен момент на патот кон долината Читрал ни го посочи возачот. Тоа беше патот што го изградил Александар Македонски и неговата армија. Патот водеше од Кабул, Авганистан, до Калкута, Индија. Застанавме да направиме неколку снимки и чекоревме по трагите на Александар Македонски. Се чувствував многу возбуден, бидејќи по 2300 години ние, јас и Мајкл Китли, сме првите Македонци кои се наоѓаат таму. Треба да го посетите местото за да ги почувствувате овие емоции.

Како што одевме понатаму, возачот повторно ни посочи една од тесните патеки по која одел Александар. Патеката носи име Малаканд, а на некои места е калдрмисана, но, во најголема должина не се пошироки од 130 сантиметри (четири стапки). Меѓутоа, и покрај сè, патиштата што ги изградила војската на Александар Македонски се навистина солидни.

Верувам дека Македонците се меѓу првите градители на патиштата, а во тоа време и немало друг начин за патување освен со друмски сообраќај што најмногу го користела војската. Голем дел на патеката сосема е руиниран и само кратки делови од патеката му одолеале на забот на времето.

Населението во тие региони е многу трудољубиво. Тие од планините прават прекрасни градини. Исто така, мрежата за наводнување што тие ја изградиле е нешто навистина несекојдневно. Секое место и секое домаќинство имаат донесено вода во своите дворови. Сето тоа е постигнато со помош на методите користени за промена на текот на реките и за изградба на аквадукти.

Ако подетално ги анализирате, ќе заклучите дека овие луѓе имаат карактеристични сини очи и руси коси. Физички, сосема се разликуваат од муслиманските Пакистанци и, всушност, мразат кога некој ќе ги нарече Пакистанци, бидејќи не се тоа. Мајкл и јас дури се шегувавме со нив како да ни се браќа. Како што денот се ближеше кон својот крај, решивме да ја поминеме ноќта во градот Дир.И во овој град можеше да се види голем број наши „браќа и сестри”

Тие не се Пакистанци и нив воопшто не ги сакаат. Во нивниот храм видов знак на крст – тие овде не се молат, туку пеат и танцуваат. Кога ја завршивме нашата посета, седнавме да се одмориме и да јадеме. За време на оваа починка, дознавме дека од постарите сонародници и од туѓинци слушнале за Александар Македонски. Исто така, им било кажано дека тие имаат сини очи и светол тен бидејќи се потомци на Александар Македонски. Во сите земји што ги освоил Александар, живееле Македонци. Ги запрашав дали знаат каде бил погребан Александар, а тие одговорија можеби во Багдад.

Секоја недела тие организираат танчарски вечери во различни села. Во долината Калеш се лоцирани три села. Истата вечер бевме поканети да присуствуваме на нивниот селски танц. Се разбира, ја прифативме поканата и во 21 часот отидовме во отворениот двор каде што  единствено танцуваа девојките, на возраст од 8 до 16 години. Тие танцуваа како сите Македонци – со ороводец, рамо до рамо, со испружени раце. Помладите девојки се во центарот на орото, а постарите поназад. Мажите само набљудуваа.

Инаку, во порталите „Македонска нација“ и „Македонско сонце“ од Скопје, од монографијата „Стив Пљакас“ биле печатени 57 продолженија од ова дело, што значеше запознавање со бизнисменот Пљакас и Античка Македонија

Продолжува

1Dusan ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top