Култура и туризам

ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМПАНИЈА ЕУРО-ФАРМ –ДЕЛ ОД СПОРТСКИОТ ЖИВОТ НА БИТОЛА И МАКЕДОНИЈА (14)

1lamn1

1lamn1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Еуро-фарм е модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република Македонија и регионот

Фармацевтската компанија Еуро-фарм, е основана во средината на 2000-тата година. Основач, сопственик и генерален директор на фирмата е дипл. фармацевт Татјана Стерјева, ќерката на Виолета и Силјан Мицевски

Почетокот на функционирањето на фирмата е поврзано со 9.12.2000 година, кога во Скопје е отворена првата аптека од синџирот аптеки – Еуро-фарм. Оттогаш па до денес евидентен е постојан подем во развојот и унапредувањето на компанијата. Денес Еуро-фарм е компанија во чиј состав влегуваат бројни аптеки ширум Македонија, сместени на елитни локации и веледрогерија која е високорангирана според прометот со лекови на територијата на Р. Македонија. Бројот на вработени, исто така, е во постојан пораст. Во компанијата моментално се вработени шеесеттина лица од најразличен профил (најголем број дипломирани фармацевти, а останатите се фармацевтски техничари и друг технички персонал). За правните и економските дејности на компанијата ангажирани се стручни консултантски куќи.

Во 2006 година компанијата Еуро-фарм го доби ексклузивитетот да биде претставник на реномираната германска компанија Dr. Wolz за територијата на Македонија, Србија, Албанија и Косово. Истата година го доби ексклузивитетот и за Microlife – една од најдобрите светски компании за производство на апарати за мерење притисок, дигитални термометри и други дигитални мерни инструменти, на компанијата Alfa која произведува медицински потрошен материја и Diapharm – Галенска лабораторија Ниш.

Веледрогеријата Еуро–фарм од неодамна е и ексклузивен застапник и увозник на неколку светски познати медицински, дерматолошки и козметички линии: NeoStrata (САД), Heliocare (САД), Alpecin, Plantur (дел од палетата на Dr. Wolff – Германија). Исто така, Еуро–фарм е активно вклучена и во развојот на научните и културните настани во Р. Македонија, преку поддршка на социохуманитарни акции и институции. Во 2008 година во компанијата Еуро-фарм комплетно е спроведен и завршен процесот на стандардизација по ИСО 9001:2000 и ИСО 14001:2004

Со формирањето на веледрогеријата Еуро–фарм се започна со работа на предвидено промовирање, естаблирање и освојување на поголем дел од фармацевтскиот пазар во Република Македонија. Од денешен аспект може да се каже дека таа е веледрогерија која соработува и врши промет со лекови од сите реномирани домашни и светски фармацевтски компании кои се присутни на фармацевтскиот пазар во Македонија: Алкалоид, Јака 80, Реп-лек, Lek, Krka, Pliva, Belupo, Hemofarm, ICN Galenika, BosnaLek, Merck Sharp & Dohme; Glaxo; Astra Zenica; Scherig; Byk Gulden; Serono, Novartis, Eli Lilly, Alcon, Bayer Pharma, UPSA и др.

1lamn12

Битолски ракометари

За постојаниот подем на компанијата, голема заслуга имаат комитентите: околу 500 приватни аптеки од различни градови од Република Македонија, како и јавните здравствени центри и установи од нашата држава, кои ја прифатија понудената соработка и се верни коминтенти и деловни партнери. За да ја поедноставиме комуникацијата со нашите клиенти, формиравме стручен тим кој работеше на креирање на можност за воведување на електрон- ски систем на нарачки преку Интернет. Овој проект успешно заврши на почетокот на 2005 година и беше презентиран на Собранието на фармацевти во Р. Македонија. На тој начин Еуро-фарм се промовира како прва и единствена е веледрогерија која има сопствено софтверско решение за нарачка на лекови преку Интернет, на што посебно се горди.

Од почетокот на 2006 година започна втората фаза од планираниот развој на фирмата. Во оваа фаза се залагаме и ќе се залагаме за воспоставување на деловни односи со реномирани странски фармацевтски компании кои до тој момент не се застапени на пазарот во Р.Македонија. Првите резултати веќе се достапни. Веледрогеријата Еуро-фарм веке е ексклузивен застапник и увозник на производите од производствените палети на реномираните германски производители Dr.Wolz Zell и BioDiat, Microlife, и Alfa1.

Со тоа не завршува оваа фаза од развојот. Таа и понатаму е отворена за воспоставување на деловна соработка со странски реномирани производители кои се заинтересирани за влез во Р.Македонија и околните пазари. Од страна на компанијата на сите заинтересирани може да им се понуди нивната желба за соработка, професионалност и стручност кои сакаат да ги докажат и на дело пред секој нов деловен партнер. Компанијата Еуро-фарм поседува  современи, модерни, идентично дизајнирани аптеки ширум Македонија, лоцирани во Скопје, во Битола во Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар.

Зацртаната стратегија на менаџментот на Еуро–фарм се однесува на развојот во областа на аптекарското работење, во селектирањето на стручен и професионален персонал, во застапеноста на поголем број производи (лекови, помошни лековити средства, додатоци на исхрана итн.) во аптеките, потоа во професионален, срдечен и пред сè стручен пристап во работата со пациентите и целосно почитување на компаниското лого „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравје”..

Како верен пријател на ракометот и спортот, компанијата Еуро-фарм станува генерален спонзор на Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола и стана дел од спортскиот живот не само на Битола, туку и на Македонија и пошироко.

Така, на 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,Платформа за ракометна Битола“, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер. Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top