Култура и туризам

ПРИДОНЕСОТ НА СИЛЈАН МИЦЕВСКИ ВО РАЗВОЈОТ НА РАКОМЕТНИОТ СПОРТ ВО БИТОЛА (15)

1sim1

1sim1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

Еурофарм Пелистер е еден од водечките клубови со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2  е клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола, од цела Македонија и од други места. 

Од сезоната 2019/2020 Еурофарм Работник се натпреварува и во СЕХА Лигата, но, за прв пат е дел и од големите натпревари на Лигата на Шампионите како најпрестижна лига во која има место само за најдобрите. Во состав на клубот работи и ракометната школа која моментало брои 115 дечиња на возраст од 7 до 14 години.

ЕУРО-ФАРМ е горд поддржувач на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер кој пред себе има голема и светла иднина.

Клубот ,,Пелистер” бил подоцнежна рожба на спортското друштво ,,Работник”, поточно на спортското разгранување до ѕвездени височини, според зборовите на Силјан Мицевски-Циле. Тоа се почувствувало особено од доаѓањето на тренерот Томе Атанасовски кога ракометот во Битола се поставува на поцврсти основи. Томе како стручњак кој завршил Факултет за физичка култура во Белград, а играл кошарка и ракомет, всушност имал еден поинаков пристап. Бил и тренер и родител и педагог. Тој водел целосна сметка за младите спортисти од нивните утра, до нивниот сон. Целодневна била неговата грижа за да не се случи интензивниот ангажман на играчите да се одрази врз учењето, врз резултатите во образованието, како средношколското, така и факултетското. 

Голема била дисциплината, ама и неопходна. Со повод и причина, тој спроведувал посебен режим и водел максимална грижа. Младите момци пред секој тренинг прво морале да дадат отчет за расположението, за проблемите ако ги имаат, за тоа дали кај некој нешто не е  во ред и, секако, да споделат и радост и задоволства.

На крајот од годината, била вообичаена глетката кога со сведителствата доаѓале кај својот омилен тренер. Некои добивале и книга-дар за одличен успех, некои биле посрамежливи зашто за влакно не добиле се’ петки и се многу добри. Меѓутоа, прво се одело кај Томета-дифовецот, а потоа отрчувале дома да се пофалат кај родителите за успешно завршената година. Инаку, зборното место каде што било првото ,,поклонение” на отчетноста за добрите успеси и за секаквите потешкотии било пред соблекувалните и пред управните простории.

1sim12

Се знаело, станало практика веќе, дека од кај девет па докај единаесет саатот, таму бил ,,Хајд паркот”. Доколку било потребно за некого и да затреба некаква интервенција, тогаши ,,бате” Барбако го преземал случајот в раце и се’ се решавало бргу, без разлекување и чекање. Имало многу случки и весели, па крајно комични, секакви – и тажни и весели моменти кои се знаат и паметат. Колета, на пример, едвај го убедиле да ја напушти Битола. Бил крупно момче, онакво со гради распетлани од маиците отворен, а пантолани последен моден крик, а ла бренд по кој очите момиснки шарале. Па и велосипедот марка ,,рог” бил од поретките.

И Вангел Симев-Овцата многу бил заразен со ракоментните магии. Многу вреден играч и немал којзнае колку време за учење, па не било чудно  некои од оценките да ,,претрпеле” од немањето време. Арно, ама, кога отишол на ДИВ во Белград, тој дипломирал како доста солиден битолски спортист.

Или Лазе кој бил агилен и редовен на секој третинг во текот на годината. Кога бил прашан како му оди школото, тој секогаш одговарал дека проблеми нема. На крајот не испаднало сепак дека нема проблеми, бидејќи имал и слаби оценки. Значи непријатна ситуација, иако се знаело дека младоста и спортските напрегања, желбите, можностите не одат секогаш рака под рака, па имало од сî по нешто.

Барбако многу го помагал Клубот и не се штедел ниту себе, ниту своите пари. Од професорската плата делел и давал, покривал трошоци, плаќал струја… Не било чудно што, кога ќе запрашале некои од спортистите за кого се повеќе – за татковците или за Барбако, да кажеле дека се за Барбако. Ценеле момчињата сî она што и за нив и за ракометот го правел тој вљубен ентузијаст и спортски фанатик.

Инаку, клубот ,,Работник”, на пример, постојано создавал нови квалитетни играчи во ракометот во Битола. Тие што не успевале да дојдат до место во екипата, си формирале нова тајфа. Така и почнал ракометниот клуб ,,Пелистер”, клуб кој ќе стане вистински бренд што ќе трае со децении, се’ до денешни дни.

Тренер на ,,Пелистер” бил Љубо Христовски, а пак управната гарнитура ја сочинувале највлијателни директори. Тие биле и креација и закон за екипните формации. Голема била моќта, ама најголема поддршката и помошата. 

Во таа исклучитена вљубеност во ракометот, кога била голема саможртвата на младешките пулсации, денови и ноќи не се жалеле само за да се биде дел од таа магија на паркетот, трибините, тренинзите, другарите и успесите. Да ги минат сите фази на онаа максима, еден за сите, сите за еден. Така и се градел тимскиот успех од поединците, така и се афирмирала родната Битола по салите и турнирите низ цела Македонија, поранешна Југославија и низ Европа. Кога Циле со своите соиграчи, сомисленици, содружници и пријатели за спортот сториле многу, а и спортот им дал, им возвратил многу. Взаемната љубов траела и ќе трае, како што вели и Циле Мицевски.

Затоа, времепловно подѕирнувајќи по малку во годините на зенитот на ракометните години и во ,,Работник”, но, над се’ во ,,Пелистер”, во и по клубските натпреварувања, да споменеме дека Силјан Мицевски му се посветил и на судењето. Се амбицирал и, бидејќи во неговата животна филозофија било дека нема што не може, се разбира кога зависи од човекот, тој ги положил сите потребни тестови, ги минал сите фази на овој статусен дел и станал меѓународен судија. Добил сертификат од светски формат.

Продолжува 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top