Култура и туризам

Димитар Добрев: „Македонецот во народните песни“ (2)

Tihomir Karanfilov-001

1Tihomir Подготвил Т. Каранфилов

„Во нашиот површен осврт, само малку е засегнато она што всушност се крие во народните песни на браќата Миладиновци и другите македонски народни песни, кои се уште не се собрани во посебни збирки, но што треба да се направи наскоро.Но, заклучокот е еден: песните се неспорно поетско богатство, што е знак за висок духовен развој на Македонецот, а исто така песните секогаш можат да послужат како богат материјал за истражување на животот на Македонецот; тие се вистински одраз на материјалниот, духовниот напредок на Македонецот и неговото историско постоење.“ – пишува бугарскиот писател Димитар Добрев во статијата „Македонецот во народните песни“ објавена во „Македонска мисла“, органот на Македонскиот научен институт во Софија,  две години по завршувањето на Втората светска војна („Македонска мисъл“, кн. 5-6, год. 2, 1947)

Во недостаток на пишани извори, во услови кога други ја пишувале историјата и ја менувале историската вистина, македонското народно творештво говори за посебноста на македонскиот народ. Во услови кога Софија, во недостаток на свои синови се обидува да ги присвои туѓи синови, меѓу бугарскиот народ постојат интелектуалци кои не можат да одат против фактите и ја говорат вистината за Македонецот, за неговата песна, за браќата Миладиновци.

Димитар Добрев Димитров (16.I.1904 –3.V.1985) е бугарски писател, уредник и издавач на книги. Писателот е автор на повеќе од дваесет книги – стихозбирки, проза, есеи, раскази, биографски скици, мемоари, бајки. За него нема дилеми за припадноста на браќата Миладоновци и за објавените песни во „Зборникот на бугарски народни песни“. Проучувајќи ги овие песни, Добрев повторувајќи повеќе пати дека се на македонскиот народ, меѓудругото во продолжение на статијата за ќе напише:  

„Македонската љубовна песна е класична по форма и содржина, и пример за едноставност, природност и чистота на чувството!

Македонецот убавината ја гледа како знак на сила. И претпочита убави очи, со црни гајтанови веѓи. Се разбира, постојат отстапувања од овој основен принцип…

Македонскиот народ како креативен народ е оптимист. Тој гледа на љубовта од позитивна гледна точка…

Македонецот живее со здрав однос кон девојката. Ја замислува скромна, искрена, но не повлечена, неактивна. Таа покажува силно чувство за реалноста. Таа повеќе го сака бакнежот од скапите подароци, накит, ланчиња и слично, кои либето и ги ветува…

Љубовта е природна човечка пројава за Македонецот – таа е награда на верниот син на битието. Истовремено, економските потреби го тераат да се стреми преку љубов да ја постигне семејната среќа, да го изгради своето семејно огниште. Свршеничките и свадбените обичаи во различни области се различни, па оттука и различните песни и варијации. Дечко не се мажи за имот, се жени со паметна и вредна жена…

За Македонецот свадбата е најбогатиот, најсветиот обред. Навистина, напредокот во животот и културата многу нешта од овој обред турна во заборав, но свадбените песни и понатаму остануваат еден од најчистите бисери во народното творештво на македонскиот народ.

По бракот, семејството достоинствено се брани. Семејството е столбот на општеството. За Македонецот семејството е свето. Македонецот е единствениот кој не се откажал од многудетно семејство. Ова е појаснето од биолошки аспект, но и од економски. „Секој се раѓа со својата среќа“, верува Македонецот и со овие зборови го пречекува новороденчето.

Положбата на жената во семејството е слична како кај сите словенски народи: на неа се гледа како што кокошка гледа во туѓо пиле – таа секогаш сака да го колва. Снаата носи тежок крст. Но, таа се бори против сè – нејзиниот живот станува подвиг.

Животот на Македонецот е осмислен навистина преку работата. Ја сака работата, а кога не може да најде корист за својата работа во родната земја, излегува од нејзините граници – заминува на гурбет во странство. И во родното место и во странство – работата е придружена со песна. За секоја работа тој си ги создавал најкарактеристичните песни: За орачот – потпора на животот, за љубовта кон земјата: „Големата нива заплакала за орачот“, каде земјата се чувствува низ душата на орачот; за жетвата, за сточарството, овчарството главно и во сите други видови на работа…

Гурбетџиството (печалбарството- н.з.) беше неизбежен придружник на сиромаштијата. Но, тогаш и денес тоа е тежок крст за многумина. Затоа народот го проколнал печалбарството – во странство господарот гладен за профит го мачел печалбарот. Далеку од својата татковина, без роднини, печалбарот страда, се разболува, понекогаш умира неуспевајќи во борбата за заработка на семејството. На некои места разделбата е тажна, носи трагичен елемент во семејниот живот, но затоа пречекот на печалбарите е голема радост во животот на македонскиот народ.

Пилето пее утрина рано,

утрина рано и во недела.

Пилето пее, на пат ке одам,

на пат ке одам тугà тугина

Дал ке ме жалиш, млада младино,

дал ке ме жалиш како јас тебе?

Три години шетав, како тебе не најдов,

од жал за тебе на смрт сум дошол,

ај ајде ајде, јагне калешо,

ај ајде ајде јагне сугаре.

Стани си рано, утрина рано,

утрина рано, ем во недела,

та да си влезеш в гулови бавчи,

в гулови бавчи, покрај цветјата:

таму ке најдеш ситна росица,

ситна росица, мој дребни солзи.

Да не ја мислиш от е од бога,

али да знаеш от е од мене.

Три години шетав, как тебе не најдов,

од жал за тебе на смрт сум дошол,

на смрт сум дошол, јагне калешо,

на смрт сум дошол, јагне сугаре.

Со каква тага, со каква болка и непосредност се проткаени песните на гурбетчиството. После љубовните песни, песните за печакбарството се најдобри. Во никој друг случај Македонецот не ги открива своите општествени стремежи за чесен живот. Вистински поетски бисери.

Жали, моме, да жалиме.

како ке се разделиме, еј моме!

Како бевме посвршени,

сега ке се разделиме,

јас од тебе, ти од мене.

Јас ке одам на тугина, еј душо,

на тугина, на работа,

ке останам три години.

Над вистинскиот живот на Македонецот дува ветрот на мистеријата, природна последица на повеќевековното ропство.Сметката која што човекот го држи за природните сили го прави почовечен, бидејќи неговиот однос кон овие тајни сили во многу случаи го спречува да прави зло. Во мистериозното царство на природата живеат змејови – тие го персонифицираат машкиот принцип, самовилите – принципот на женската убавина. Ористници ја претскажуваат иднината на новороденото лице. Овој знак е еден вид поддршка во животот.

Суеверието, наследено од времето на паганството, како и кај сите словенски народи, е во крвта на Македонецот. Во природа за секоја болка наоѓа лек – за секоја болка има трева. Болестите во повеќето случаи се сметаат за духови. Чумата оди и убива. Но, благородноста и добрината на човекот секогаш се наградени. Создадени се голем број диверби; вградување на лице или сенката во градба за зајакнување на конструкцијата; за претворање на човекот во животно (вампиризација), за моќта на мајчината клетва, на првата либе; за урочување и баеење; за одбележување на празници – волци, глувци, за плодност, за заштита на добитокот и сл.

Природно, многу други песни сведочат за душата на Македонецот, за неговите карактерни црти, како на пример за неговата итрина, за различните погледи на различните категории во занаетот и во животот на луѓето, за длабокиот хумор, размислувања итн. може да се наведат многу примери, но големината на една статија не дозволува до крај да се исцрпи сликата за Македонецот. Во секоја песна има различни елементи.

Впрочем, богатството на македонските народни песни е неисцрпно, огромно. Во нашиот површен осврт, само малку е засегнато она што всушност се крие во народните песни на браќата Миладиновци и другите македонски народни песни, кои се уште не се собрани во посебни збирки, но што треба да се направи наскоро. Но, заклучокот е еден: песните се неспорно поетско богатство, што е знак за висок духовен развој на Македонецот, а исто така песните секогаш можат да послужат како богат материјал за истражување на животот на Македонецот; тие се вистински одраз на материјалниот, духовниот напредок на Македонецот и неговото историско постоење.“ 

За жал по повеќе од седум децении бугарските власти наместо да градат пријателство со македонскиот народ, повторно го негираат неговото постоење, неговата историја и култура. Сепак на крај ќе победи науката. Правдата е споро, но ќе дојде кога ќе биде најпотребно. 

(крај)

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top