Култура и туризам

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ НА ПЕЛАГОНИСКИТЕ СРЕДБИ

1bit21

1bit21

На 15. Октомври 2022 година во Општината Новаци се одржаа манифестацијата„22. Пелагониските културно-научни средби“, на која беше промовирана Монографијата „Силјан Мицевски“, дело кое се однесува на животот и делото на  бизнисменот Силјан Мицевски-Циле. 

Монографијата „Силјан Мицевски“,  е дело на Славе Николовски-Катин во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски, а е подготвена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, на 330 страници, на македонски јазик, проследена со глем број фотографии, отпечатена во печатницата „Напредок“, во Тетово. Рецензенти на оваа значајна монографијата се академик Владо Камбовски, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и проф. д-р Ѓорѓи Михајловски. 

Овогодишна манифестија  „Пелагониските културно-научни средби“ се одржа по 22 пат пред голем број присутни во прекрасната сала на  Општина Новаци. Меѓу нив имаше голем број носители на различни активности, познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на манифестацијата. Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. 

Една од главни задачи на  Одборот на „Пелагониските културно-научни средби“ бешепромоцијата намонографското дело на познатион Битолчанец Силјан Мицевски, кој  е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“, а неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво.

Во своето излагање Претседателот на Средбите д-р Весна Калпаковска за монографското дело на Славе Катин и Ѓорѓи Лумбуровски, меѓу другпто, истакна дека оваа промоција ги збогати средбите кои имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 22 година, а со тоа оваа традиција ќе продолжи и понатаму со промоции на нови дела, со цел дасе афирмира, културата, историјата, книжевното творештво, македонски јазик, македонскиот нарот и Македонија.  

Треба да се нагласи дека Силјан Мицевски важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани. Тој е угледен македонски стопанственик, спортист, поддржувач на културата, уметноста и спортот, донатор, почесен конзул на Република Србија во Република Македонија и поранешен градоначалник на Општина Битола,  

1bit212

Според историските податоци, а тое е забележано во монографско дело за  Силјан Мицевски-Циле, како често го викаат неговите блиски дека тој е роден на 16 октомври 1945 година во Битола, градот на конзулите, како што ја нарекуваат. Битола е неговата гордост, инспирација и предизвик. Таму тој работи и таму има постигнато значајни резултати како успешен и деловен човек, спортист, активист, градоначалник на Битола, хуманист, како и признат граѓанин на Битола, на Република Македонија и пошироко на овие балкански и европски простори.

Во своето излагање академик Владо Камбовски, неговиот пријател и соработник, меѓу другото рече дека кога се пишува за дипломатска Битола, едно од најзначајните дипломатски имиња, секако, е Силјан, кој е почесен конзул на Република Србија во Република Македонија. Имено, на свечен чин, во присуство на голем број високи гости, на 4 декември 2007 година, во Битола беше отворен почесниот конзулат на Република Србија. Од страна на Владата на Македонија, за прв почесен конзул беше назначен Силјан Мицевски.

Љубовта кон спортот е од таков интензитет и димензии што никогаш ниту ќе престане, ниту некој може да посегне да му ја оттргне од емоциите на Силјан Мицевски. Имало меѓуфази, имало најразлични пулсативни амплитуди, но во конечна смисла и кога играта на паркетот е во прашање и кога судењето било предизвик, тој ја давал најсилната поддршка за овој спорт на кондиција, уметност, работа, талент, знаење, досетливост, волшебност и благородност. Затоа, кога се портретира големиот Силјан спортувањето и неговата љубов, наречена ракомет.

Исто така, огромна е заслугата на Циле за сè што постигнува ракометниот клуб „Пелистер“, а постигна многу. Беше најдобар клуб во Битола, најтрофеен клуб во Македонија и најприфатен клуб во цела бивша Југославија и многу делови во Европа. А денес „Еурофарм Пелистер“ е еден од водечките клубови со високи европски амбиции, додека „Еурофарм Пелистер 2“  е клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола, од цела Македонија и од други места во светот. 

Во своето излагање, пак, проф. Д-р Вера Стојчевска – Антиќ  рече дека според пишаните медиуми, денес Силјан Мицевски е еден од најмоќните бизнисмени во југозападниот дел на Република Македонија и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво. Затоа, според листата на најбогати фамилии во Македонија, тој е на дваесеттото место.

Силјан Мицевски е добитник на многубројни награди и признанија, меѓу кои: Наградата „4 Ноември“ на градот Битола во 1979 и 1996 година, потоа наградата во „Златната категорија – Париз 2003 година при WQC – награда интернационална ѕвезда“, која му е доделена во 2003 година на 20. Интернационална WQC конвенција во Европа во конкуренција од 166 земји од светот, како и на престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“.

Тој живее и твори во нашата Битола којае седиште и на десетина почесни конзулати, меѓу кои на: Франција, Велика Британија, Турција, Романија, Грција, Русија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Србија чиј почесен конзул е Силјан Мицевски-Циле. Инаку, во организација на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија под покровителство на почесниот конзул м-р Силјан Мицевски досега се одржани пет меѓународни научни собири и од нив се издадени четири посебни зборници на трудови во кои се презентирани повеќе од 150 научни трудови.

Исто така, името на Силјан Мицевски е тесно поврзано и со бисерите на одржувањето на „Малиот битолски Монмартр“, кој го воздигнал името на градот под Пелистер и се слушнал надалеку за оваа единствена детска ликовна работилница, која премостува меридијани, држави, нации, раси, училишта. Таа ја спојува уметноста, креацијата, инвенцијата, идејата, умешноста и фантазијата на детските создатели.

Авторите на ова монографско дело Славе Катин и Ѓорѓи Лумбуровски забележале дека Силјан Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“. Неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани.

Во монографијата „Силјан Мицевски“ од Славе Николовски-Катин и Ѓорѓи Лумбуровски, меѓу другото се вели дека Силјан Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“, а неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани и други ѓраѓани во Македонија.

Пишува: БИЉАНА Т, ДИМКО

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top