Култура и туризам

ПРОМОЦИЈА НА ИНТЕГРИРАНИ ТУРИСТИЧКИ ПОНУДИ НА ОСОГОВО И МАЛЕШЕВО

1val3

1val3

Деновиве од Пехчево до с. Владимирово се одржаа настани за промоција на интегрираните туристички понуди за развој на активен, алтернативен, рурален и одржлив туризам на Осогово и Малешево.

Се работи за интегрирани туристички понуди во Брегалничкиот регион коишто се производ на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Владата на Швајцарија, координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Како дел од компонентата за развој на активен, одржлив, алтернативен и рурален туризам, во рамките на проектот во изминатава година се спроведоа активности за подобрување на туристичката услуга во регионот и внесување нови содржини, како и подобрување на постоечките.

Заедно со тур операторите „Балкан Прајм Турс“ и „Маунтин експириенс“ поддржани се 8 различни даватели на услуги кои нудат автентични активности за туристи, без негативно влијание врз околината. Деновиве се организираше посета на поголемиот дел поддржани иницијативи од група тур оператори коишто овие содржини ќе ги вклучат во својата туристичка понуда.

 Поддржаните иницијативи беа презентирани во Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево https://ecnegrevo.mk /,  каде што чинителите на проектот објаснија за идејата, развојот и очекувањата на оваа извонредно интересна Програма, чијашто сериозност и сеопфатност навестува заживување на регионот.

 Во текот на промотивни активности групата присуствуваше на работилница за рачна изработка на сапун од природни состојки под брендот „Мојот сапун“ http://mysoap.eu.mk / , во Пехчево,  каде што гостите беа пријатно изненадени од креативноста и умешноста на Даниела – идејниот творец на проектот низ којшто традицијата од Малешевијата е претворена во уметничка изработка на атрактивни екосапуни во најразлични форми со природни бои и богатство од мириси.

По посетата на блиската овчарска фарма „Агро Чука“ каде што во срдечен разговор со домаќините се дегустараше овчо сирење и домашни специјалитети,  групата се упати кон пчеларската фарма „Кладенче“ над  селото Владимирово. Таму гостите одблиску се запознаа со новиот тренд во Европа – апитерапија којашто во својот крај ја донесоа младите Верица и Антонио, како желба за продолжување на семејна традиција во пчеларството, но и тежнеење да се внесе напредок и развој со имплементација на најновите текови во Европа и светот на ова поле .

Крајот на денот полн со изненадувања, беше резервиран за посета на новиот објет кој од неодамна го краси село Владимирово и Малешевијата – Културниот центар „Горан Алачки“ – сместен на врвот на ридот со поглед на селото и околината. Уреден во етностил, центарот за грижа, едукација и популаризација на етнокултурата, во извонредно срдечен амбиент, на присутните им дари вистинско малешевско топло добредојде со музика, домашно подготвена традиционална храна, органски пијалаци и информации за Центарот и селото, а потоа ручекот неосетно се прелеа во лирска вечер со инспиративна атмосфера разубавена со звукот на кавал, песната на Ленче и Горан Кукиќ и хармониката на домаќинот – Горан Алачки. Сончевиот ден со боите на есента во Малешевијата, опиен од ароми, со вкус на домашни специјалитети и звук на кавал, песна и хармоника, и со мноштво фотографии и богатство од спомени од Пехчево до Владимирово, потврдува дека има со што да се пофалиме.

          Заклучокот на членовите на групата беше потврда за Програмата и честитки до организаторите  и поддржувачите на проектот, како и до сите поединечни даватели на услуги коишто се досега опфатени со Програмата што покрај горенаведените, вклучува и други атрактивни  содржини коишто ги нуди овој регион, како што се: Ранч за коњи и терапија со животни Countryside retreat https://the-countryside-retreat.business.site/  ; Планински велосипедизам на Осогово и Малешево преку здружение на граѓани за развој на заедницата од Берово и секако, Хотелот Градче  https://www.facebook.com/eurohotelgradce  , сместен среде природа со уникатно богатство и убавина.

Овие понуди се креирани како дел од активностите на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), проект на Владата на Швајцарија, координиран од компанијата Фармахем од Скопје, со помош на партнерите во креирањето на содржините – тур операторите „Балкан Прајм Турс“ и „Маунтин експириенс“.

Благодарение на една ваква прошетка, се збогатува сознанието за нашите домашни ресурси, се богатат спомените, а се засилува и гордоста, како и убавата енергија којашто ќе бара повторно да се врати на истите места и да открие нови, дома, во својата татковина

Неопходно е да ги популаризираме нашите убавини и да ги храбриме и поддржуваме локалните херои коишто застанале зад својот сон и останале да вложуваат во содржините на земјата и инвестирајќи во иднината ги чуваат и јакнат и традиционалните вредности

Исто така, „Фондација д-р Михаил Левенски“ чијшто тим сесрдно ја поддржува оваа иницијатива, согласно мисијата за негување на човекољубие и природољубие, преку зачувување на природата и наследството на нашата земја, а посебно на Малешевијата и селото Владимирово – родносто место на Д-р Михаил Левенски.

Инаку, интегрираните туристички понуди во Брегалничкиот регион се производ на Програмата за зачувување на природата во Македонија – излезна фаза, проект на Владата на Швајцарија, координиран од Фармахем од Скопје.

1val34

Новиот Културен центар

По прогласувањето на дел од Осоговските планини (2020) и Малешево (2021) за заштитени подрачја, регионот добива нова можност за развој во насока на подобрување на социо-економските услови за живот, во хармонија со природата.

Како дел од компонентата за развој на активен, одржлив, алтернативен и рурален туризам, во рамки на проектот во изминатава година се спроведоа активности за подобрување на туристичката услуга во регионот и внесување на нови како и подобрување на постоечките содржини кои се нудат. Заедно со тур операторите Balkan Prime Tours и Mountain experience беа поддржани 8 различни даватели на услуги од областа на туризам кои нудат автентични активности за туристи, без негативно влијание врз околината.

Заштитените подрачја и нивната околина треба да се развиваат во насока на одржливо користење на природата, зачувување на локалните традиционални обичаи и начин на живот, промоција на убавините кои ги имаат и мотивација за населението кое живее таму да престане да ги следи трендовите на миграција кон урбаните средини или надвор од државата.

Повеќе од 10 години, Владата на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата помага за одржлив развој на Брегалничкиот регион преку спроведување на низа активности поврзани со зачувување и промоција на биолошката разновидност.

Камелија Левенска

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top