Култура и туризам

ПРЕСЕЛБИ НА МИЈАЦИТЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА РАЗВОЈОТ НА ГРАДИТЕЛСТВОТО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА (2)

1mi5

1mi5

„МИЈАЧКОТО СТАНБЕНО ГРАДИТЕЛСТВО – ПОТЕКЛО, РАЗВОЈ И ДОСТРЕЛИ“ ОД Д-Р МЕЛАНИЈА ШЕРДЕНКОВСКА

Влијанието што го имале преселбите, како и печалбарството на Мијаците, во развојот на занаетите во јужните делови на Балканскиот Полуостров, го обработувале повеќе автори. Со цел да се добие целосна слика за нивната активност ќе бидат обработени сите центри на нивната активност поединечно.

Во Велешкиот крај е многу позната дејноста на мијачките мајстори – градители. Во втората половина на XVIII век и почетокот на XIX век, е забележано помасовно доселување на цели фамилии на Мијаците. Тие се населиле во селата Папрадиште и Ореше, села кои најмногу одговараат на карактеристиките на родното место. Меѓу преселените фамилии е и фамилијата на Сиљан Рензовски од с.Тресонче, кој е еден од првите познати мајстори кои работеле на конаците на Емин-ага. Во врска со изградбата на овие конаци постојат и народни кажувања, кои ја истакнуваат градителската вештина на мајсторите Мијаци, кои специјално биле повикани за изградбата на конакот.

Мајсторите од Велес го користеле најмногу бошкачкиот таен јазик и според народните кажувања, тој им бил непознат пред доаѓањето на Мијачките мајстори. Вистинските иницијатори за развојот на градителскиот занает во Велешкиот крај се доселените Мијаци, додека развојот на куќата настанува во интеракција на искуствата што ги пренесувале овие мајстори и локалните градители.

И во Охридско-Струшкиот регион познати се доселувањата на Мијаци од Река и Дебрани. Исто така е добро познато дека секогаш при изградбата на репрезентативни објекти биле повикувани мајстори од Дебарско-Реканскиот крај. Така на градбата на куќатана Робевци, работел Тодор Петков од с.Гари, а изградбата на сараите на Џеладин-бег биле повикани мајстори од Река.

Во XIX век, во Битола од занаетите кои на некој начин имаат врска со градителството биле развиени дограмаџиството, каменоделството, бојаџиските занаети, резбарството, притоа носители на овие занаетчиски дејности биле печалбарите од Дебар, како и Мијаците и власите од Крушево.Во овој регион, низ Турските документи, забележана е работата на мајсторите од Дебарско. Меѓу другите се спомнува мајстор Никола од Дебар со својата тајфа. Од сите градежни тајфи во Битолско-Преспанскиот крај, најбарани биле тајфите од Смилево и Крушево, а добро познато ни е дека Смилево е населено од Мијаците а во Крушево, тие ја сочинувале половината од населението.                                                                      

За развојот на градителството во Кратовско-Кривопаланечкиот регион најмногу придонеле доселувањата од Река и Дебарско.  Познато е селото Козјак во Кривопаланечкиот регион, каде што се населиле Мијаците. Според Јаранов  главните правци на преселбата на Мијаците према Ќустендил и Софија, поминувале низ овој регион. Покрај тоа, многу познати мајстори од Река и Дебарско работеле во овој крај.

И во Скопје и неговата околина многу ценети и барани биле тајфите на Мијаците. Според кажувањата на Јован Хаџи Васиљевиќ, во овој крај мајстори-ѕидари биле главно Мијаците.

Во тетовскиот крај, исто така најмногу граделе Мијаците, а и биле секогаш повикувани за изведбата на  најрепрезентативните објекти. Така на изградбата на Тетовскиот конак, работел Нестор Алексиев со својот татко.

Според податоците што ги дава Анета Светиева  од граѓата за историјата на македонскиот народ, можеме да констатираме дека има значителен број мајстори и нивни тајфи од Македонија, а особено од Мијачкиот крај, и од местата каде се доселувале Мијаците. Така дознаваме дека најголемиот број мајстори и тајфи во 1834 година биле од Мијачкиот крај, и тоа тајфите Рекалии дунѓери, тајфа на Коста Трпче, Маркова тајфа, тајфа на Никола Ѓорѓев, Секулина тајфа, Божина тајфа и други, вкупно 100 лица. Понатаму следат податоци за тајфи од Смилево, Крушевско, Охридско, Кривопаланечко и други, т.е. онаму каде што има доселени Мијачки фамилии. Исто така се говори за мајстор Хаџи Никола Живковиќ, чија официјална служба како надзорник на јавните градби од 1834 година им била од корист на мајсторите од Македонија.

1mi56

Охрид

ПРЕСЕЛБИ НА МИЈАЦИТЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА РАЗВОЈОТ НА ГРАДИТЕЛСТВОТО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА СРБИЈА

Во својата книга Путовање по старој Србији (1878-1880), од истражувањата на терен, Поповиќ кажува дека најголемиот број мајстори ѕидари што работеле на територијата на Србија биле од Македонија. Тие особено биле активни во изградбата на градската куќа, а биле познати под името ѕидари Дебарлии.  Занаетот го учеле од најрана возраст, кога со своите татковци и другите мајстори од нивното место тргнувале на печалба. Според овој автор, Дебраните, Македонци, биле најценетите мајстори за ѕидарски, столарски и сликарски изработки.  Кај овој автор наоѓаме и податоци за главниот градител на кнез Милош – Хаџи Никола Живковиќ од Македонија, познат како Хаџи Неимар.

Миленко Филиповиќ истакнува дека во Метохија работеле тајфи од Дебарско и Струшки Дримкол.  Во оваа книга се споменуваат Даме Андреин, син на мајсторот Андреја Дамјанов, кој работел на богословијата и една црква во Призрен, како и црква во Косовска Митровица,  а црквата во Гњилане е изградена од Мијакот Ѓорѓи Новак Џонгар.  Овој автор истакнува: “сe до најново време во Пештар (Санџак) доаѓале, мајстори Дебрани да градат куќи. “

За градителската дејност на мајсторот Андреја Дамјанов од с.Папрадиште, а по потекло од с.Тресонче, е пишувано од повеќе автори. Еден од најновите осврти на неговото мајсторство го дава Миодраг Јовановиќ:   *еден од нив Андреја Дамјанов,сериозно му пркосеше на развојот на настаните и успеваше да ја превземе изградбата на црквите и таму каде што странските школувани архитекти ги имаа потиснато градителите од стариот ков.* За црквата што тој ја изградил во Смедерево, Јовановиќ го цитира Шкаламер: *една од првите црквени градби која ја означува прекретницата во Српската архитектура .

Дамјанов во Смедерево ја потврди својата голема вештина во конструирање на навистина монументетални градби, компилаторски ги зафаќа градителските особености на различните епохи, што на архитектонски необразованите членови на општината не им сметаше, на база на некои сличности со Манасија, да ја прифатат црквата како многу различна од барокно-класицистичките,” како и Феликс Каниц, кој споредувајќи ја со другите цркви во Србија изјавува: *новата Смедеревска црква, позната во Србија и надалеку, и поред своите мани, без сомневање е најдобра меѓу новите цркви во Србија.”

Надвор од Македонија Андреја Дамјанов ги изградил црквите во Сараево, Мостар, Ниш и спомената црква во Смедерево. Андреја Дамјанов потекнува од градителско мијачко семејство. Неговиот прадедо е Силјан Рензовски, кој беше спомнат за изградбата на Велешкиот конак на Емин-ага. За него се познати податоци, дека со својата тајфа работел во Тракија, Едрене и Цариград.  Синовите на Силјан, Јанкула и Стефан, биле исто така градители и работеле во Солун, Драма, Кавала, Серез и Измир.

За градителството на Мијаците во Србија пишува и Петар Костиќ. Тој известува дека мајстори градители на црквата св.Ѓорѓи во Призрен, 1856 година, биле од Реканскиот крај. Којиќ Бранислав истакнива дека:” …во Србија градителите на градски куќи доаѓале од Македонија,*  а за Ичковата куќа: … името на неимарот (градителот), секако мора да биде од оној број мајстори кои во тоа време ги граделе подобрите куќи во Македонија… тоа може да се заклучи и по големата сличност на зградите од соодветен вид од Македонија.”

Продолжува

1mi57 Пишува д-р Меланија Шерденковска

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top