Култура и туризам

Во прошетката низ Тетово ќе ве води Тетовската Менада

1aera1

1aera1

Според една народна легенда, е сврзано со еден необичен настан од времето на турското ропство. Имено, во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите. Никој не се обидувал на страшната ѕверка да и излезе на мегдан. Само некојси Тето излегол храбар маж.

Еден ден, наоружен со лак и стрела и со меч и штит, качен на својот брзоног коњ, тој се упатил кон загрозеното место. Кога стигнал таму, се појавила змијата и му го попречила патот. Тето не се уплашил. Го оптегнал лакот и со една стрела ја предизвикал ѕверката. Змијата почнала да реагира, испуштајки некаков глас. Разлутена, таа со голема брзина се упатила кон пленот. Но Тето бил бестрашен. Кога влекачот се доближил до него, тој замавнал со остриот и шилест меч и го пронижал. Така биле ослободени луѓето од страшилиштето, од опасната ѕверка. Излегол и стравот од нив, а преминот меѓу двата рида бил слободен и лесно прооден. Оттогаш, според легендата, местото каде што била убиена змијата со меч и штит, (калкан), било наречено Калкандели, а градот,(на турски), Калканделен.

Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.

Добрата геостратешка положба, тоа што се наоѓа на крстопат и Полог со родната земја, се причините со кои Тетово им го привлекуваше вниманието на разни освојувачи. Во XV век Тетово го освојуваат турците. Со доаѓањето на турците се развива едан друг вид на култура. Нејзино огниште стануава комплексот на бекташианското теќе наречено Арабати Баба, изградено од Серсем Али Деде (1538-1548).
Османлиите на Тетово му подариле многу јавни и верски објекти кои припаѓаат на исламската култура : џамии, теќиња, народни кујни за сиромашните, амами (јавни бањи),шадервани (фонтани) и др. Впечатлив е и старио Топовски Мост.
Неодминливи за посета се:
Арабати Баба Теќе

Бектешкото теќе Арабати-баба, претставува еден од најзначајните објекти од овој вид на Балканот. Арабати-баба теќе се наоѓа на периферијата на Тетово во непосредна близина на станицата од патничката жичарница Тетово – Попова Шапка. Според податоците во Теќето живееле околу 15 дервиши, на чии чело стоел старешина  баба. Дервишите биле прочуени како благородни, мирни и гостољубиви луѓе. Теќето се викало Арабат затоа што навидум неговиот основач бил сиромав човек со скината облека по име Алија, а така облечените луѓе Турците ги викале арабат. Поради тоа теќето го добило името Арабат-теќе За споменување е библиотеката на Арабати Теќе од XVIII – XIX век, затоа што во неа културата и образованието се развија паралелно со исламската религија. Во оваа библиотека се вршело и копирањето на дела од интелектуалците на времето, со избрана калиграфија кои покасно се краселе со орнаменти завиткани во кожа.

1aera12Тетовското кале

Тетово има свое кале кое се наоѓа на врвот на Балтепе, веднаш над Тетово. Тоа е изградено во 1820 год. од страна на Абдурахман Паша. Овој културен објект претставува една ретка убавина од минатото. Неговата содржина е доста комплексна. Внатрешниот дел има 5 сараи, големи кујни, бањи, еден бунар на средина и 3 тунели за излез. Во тек на војните претрпе големи оштетувања. Од археолоши аспект тетовското кале се нарекува Хисар Кале кој е населен уште од раната антика.

1aera123Шарена џамија

Во културното наследство на Тетово се вбројува и Шарената Џамија. Шарена Џамија е дел од комплекс на објекти одисламската култура како средиште на верското културното и духовното живеење во градот. Тоа се верски објект- еднокуполна џамија со полигонално минаре, чешма, турбе, амам и беговите конаци, каде џамијата го завзема централното место. Нема некои пишани податоци за тоа кога џамијата е изградена, но во тетовското семејство Палоши е сочувано едно предание според кое џамијата ја изградила Хуршиде Хатун околу 1566 година. Ако околу годината на изградбата може да има дилеми , сосем е точно дека џамијата ја подигнала Хуршиде, која била болна и се надевала дека на овој начин ќе го смилува Алах и ќе оздрави. Џамијата особено се истакнува со својата декоративна обработка, а пак сликарскиот украс ја исфрла во прв план и ја прави посебно интересна и привлечна. Блескавите арабески изразени во сино цвеќе и треперливите сонца претставуваат навистина силно привлечен декор.Џамијата одвнатре и однадвор е ишарана со разни бои и по тоа го добила своето име. Таа претсавува редок споменик од овој вид во нашата земја.

1aera1234

Соборен храм св. св. Кирили Методиј

Соборниот храм св.св.Кирил и Методиј во Тетово претставува една врвна црковна архитектонска градба. Тој е еден од најубавите храмови,не само во полошкиот крај туку и пошироко во Република Македонија. Граден е на ново место од понов период, поточно за време на Илинденското востание во 1903 година. Иницијатор за градбата бил Прота Михаил (Мисо Мартиновски), примерен свештеник од тоа време,познат како заштитник на православните христијани од турските власти.Во тоа време како Архиерејски наместник успеал од Султанот Амид од Цариград да издејствува изградба на црквата. Одобрението го добил на 21 ноември 1902година.
И да не ја заборавиме вкусната тетовска кујна:

1aera12345

Превземено од : popara.mk

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top