Култура и туризам

Дарко Ристоски:Тетовска Менада

1kiru34567

1kiru34567

Тетовската Менада претставува бронзена статуетка најдена во Тетово. Датира од VI век пред новата ера. Менадите биле придружнички на богот на виното Дионис и за време на прославите во негова чест ги прелагале своите услуги на присутните. Менадата е пронајдена во гробница во тетовскиот локалитет Ул. Штипска. Статуата е со димензии 9 см долга и 4 см широка, и се наоѓа во Музејот на град Скопје.

Во повеќе наврати сум пишувал за тоа дека локалната самоуправа на Тетово си игра мајтап со цела држава, но очигледно за џабе. Преименува села (Фалиш наместо Фалише), населби, планински врвови и локалитети… Попова Шапка одамна ја викаат и пишуваат како Sunny Walley со превод Сончева Долина (од Сончева Долина, а не од Попова Шапка, што е кривично дело). Шарена џамија упорно ја пишуваат како Пашина, иако нема врска со некој паша, бидејќи градбата е нарачана од две сестри Турчинки (Хуршиде и Менсуре), а не од паша Албанец.

Во брошурата „Тетово – порта на цивилизацијата“, издадена од Општина Тетово во 2009 година, античкиот период се именува како “време на Илирите“.

Тоа фино го надоврзуваат со натпис на нивната веб-страница http://www.tetova.gov.mk/mk/press/573.html каде нашите македонски обичаи ги претставуваат како илирски само затоа што некои албанизирани Македонци и ден денес се свесни за нив, па сега им прават “албанска ренесанса“. И така доаѓаме до најсвежиот пример на нивниот сајт каде во профилот на градот во делот историја има напишано повеќе неточности и намерно заборавени работи. За тетовското Кале намерно се “заборава“ да се напише дека има и црква таму. Повторно имало илирска тврдина кај с. Орашје.

И на крај се разбира, бисерот, http://www.tetova.gov.mk/mk/q/12/2.html: Тетовската менада (илирска играорка). Кога се црташе грбот на општина Тетово, ги прашувам јас Албанците, зарем не беа тие кои за грб го предложија тетовското Теќе (како албански симбол на градот, иако е турски), а Македонците зарем не ја предложија менадата (како симбол на Македонците во Тетово)? Албанците не сакаа ни да слушнат само менадата да биде грб, затоа што тие ќе биле дискриминирани. На грбот денес се и двете, едно врз друго. И сега по десетина години и менадата да ти стана албанска (илирска) преку ноќ. Како може едни исти артефакти кон кои се покажувало невиден анимозитет (менадата ја нарекуваа дури и македонска курва), сега преку ноќ да се прогласуваат за албански?

Менадите се ритуални танчарки и свештенички на богот Дионис. За Дионис, секој малку историски писмен човек знае дека се класифицира како бог со старо македонско-бригиско потекло, кој дури подоцна го слават и Данајците (Хелените). Гробницата во која е најдена Тетовската менада е од племето Агријани (исти со Пајонците), кои како и Бригите се составен дел на македонската етногенеза (сите историски извори го тврдат тоа). Ако некој мисли дека Агријаните се Илири, нека види дека помесниот агријански крал Лангар е најлут воен противник на илирското племе Автаријати и најдоверлив пријател на Александар Македонски (и несуден зет, поради прераната смрт). Еврипид (автор на претставата „Менади/Баханатки“ во неговата Генеалогија 412 п.н.е.), вели дека баханатките (менадите) Македонците ги викале и Клодонки, Мималонки и Макетаи, алудирајќи на тоа дека едно од имињата на Македонија било и Макета.

Во овој контекст треба да се нагласи дека оргијастичките ритуали што ги практикувале менадите се белег за малоазиската и македонската, но не и за хеленската и илирска религиска практика и култови, иако за разлика од хеленската, за илирската култура дури и не се знае скоро ништо. Во американската Grolier енциклопедија за Дионис јасно се кажува дека тој е најпрво славен од Македонците, па од Тесалијците и од Беотијците и дека нема индоевропско потекло. Тука се вели, дека тој е бог на традиционалниот македонски пијалак, виното, со најверојатно бригиско потекло. Најзначаен македонскиот храм на Дионис, Дион, се наоѓа на северната страна од Олимп. Колку подолу на југ некој и да сака да ги спушта Илирите од тоа што биле, до Олимп веројатно не може. Тоа е срцето на Македонија.

Би завршил со тоа дека божествата во антиката се споделувале меѓу повеќе народи. Хелените зеле цел пантеон на божества од Македонците. Македонците ја споделуваат божицата Дијана со малоазиските народи, а божицата Изида ја преземаат од Египет… Но, нема историски пример, каде што една моќна античка култура како македонската, зема божества од една малку значајна култура како таа на Илирите, туку токму спротивното (монетите на Генциј, на пример). Од култура која не дала ниту еден антички филозоф, не продуцирала ниту една пишана книга или драма тешко дека некој околу нив имал што да презема.

Токму затоа, тие што на Балканот навистина се Илири по потекло (Далматинци и делумно Црногорци и Босанци) ретко и ги споменуваат, ама ете некој вешто си ги присвоил и продолжува да присвојува. Згора на тоа, неговото незнаење и јавно на сајтот на Општина Тетово го споделува со нас, велејќи дека статуетката е во Музејот на град Тетово. И за крај, баш ми се допаѓа ставот на таа играорка. Класичен денешен став на жените во денешните македонски ора, за разлика од албанските!

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top