Култура и туризам

„Просветното дело во Федерална Македонија – Веронауката беше воведена како факултативен предмет“ (1)

1mkd1

1mkd1

„Просветното дело во Федерална Македонија – Веронауката беше воведена како факултативен предмет“ (1)

„На почетокот на септември 1944 година, Президиумот на АСНОМ, на предлог на Повереникот за народна просвета, донесе решение за седумгодишно основно образование. Веронауката беше воведена како факултативен предмет. Набрзо од поверенството беше озработена и испратена до одборите кратка програма со првата македонска азбука од 26 букви. Заедно со отворањето на училиштата никнаа и анафалбетски курсеви.“ –  пишува Епаминонда Попандонов, во својата статија „Просветното дело во Федерална Македонија. (2. ПРОСВЕТНОТО ДЕЛО ВО ФЕДЕРАЛНА МАКЕДОНИЯ, Македонска мисъл, кн. 5-6, год. 1, 1946)

 Епаминонда Попандонов (1898 – 1968) е македонски деец и револуционер, делегат на АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ. Бил член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на АВНОЈ и на АСНОМ и секретар и член на Президиумот на АСНОМ. предлага да се издаде македонски буквар, да се отворат гимназии и учителски школи и да се проучи прашањето за отворање универзитет во Македонија. Формира Комисија за „унификација на македонскиот јазик“. Бил член на Уставотворното собрание за донесување на Уставот на НРМ (1946).

Со еден народ лесно се владее ако тој е неписмен и сиромашен, Свесни за тоа македонското раководство уште кон крајот на Втората светска војна започна со процесот за масовно описменување на наслението во Македонија. За тоа како се одвивал овој процес, пишува тогашниот прв повереник за народна просвета во ДФМ Епаминонда Попандонов. кој во својата статија „Просветното дело во Федерална Македонија“ објавена  во органот на Македонскиот научен институт во Софија во 1946 година меѓудругото ќе истакне:

„Македонскиот народ во долгите и тешки години на своето ропство беше политички обесправен и национално обесправен. Не му беше признаен неговиот национален идентитет, правото да располага сам со себе, сам да си ја уредова својата куќа. Ниту еден лист не е објавен, ниту една книга не е испечатена на македонски јазик, ниту едно училиште не постоело во кое обуката се изведувала на мајчин јазик. Затоа што Македонците биле ту „Бугари“, ту „Срби“ (Јужнпсрбијанци), ту „Грци“. А македонската интелигенција морала да и служи на каузата на великобугарската, великосрпската или великогрчката империјалистичка клика. Затоа, просветената политика од тие реакционерни клики се фокусираше да создаде таква интелигенција која ќе биде инструмент во нивните раце, за народните маси полесно да бидат изложени и експлоатирани. За нивниот успех да биде уште поголем, народните маси требаше да потонат во незнаење, да не гледаат подалеку од сопствениот нос. Оттука и големата неписменост на нашиот народ (околу 75%).

До денес, реакционерните елементи, воопшто ненаучени од минатото, ни го одрекуваат правото на самостоен народ способен сам да се управува и да гради своја национална култура. Тешко им е да се помират со мислата дека ја изгубиле богатата пљачка, смислата на нивните империјалистички аспирации.

Но, македонскиот народ, кој се бореше со оружје во рака, заедно со другите југословенски народи, ја освојува својата слобода – рамо до рамо, во братска љубов со тие народи – градејќи ја својата иднина над жестоката  пустош што го оставија окупаторите.

Почнавме од алфа: без азбука, без буквар, без учебници, готово без литература. Почнавме со уништени или оштетени училишта, со незадоволен наставен или образовен кадар. И ете, надминавме многу тешкотии. Народот, свесен дека судбината е во негови раце, на оваа иницијатива сам си ги поправаше училиштата.Тие се во ред … и подготвени за работа. Народот ги отвори уште пред да биде целосно ослободена неговата татковина, уште кога беа  создадени слободни територии со народноослободителни одбори.

На почетокот на септември 1944 година, Президиумот на АСНОМ, на предлог на Повереникот за народна просвета, донесе решение за седумгодишно основно образование. Веронауката беше воведена како факултативен предмет. Набрзо од поверенството беше озработена и испратена до одборите кратка програма со првата македонска азбука од 26 букви. Заедно со отворањето на училиштата никнаа и анафалбетски курсеви.

Но, со брзото ослободување на македонската земја, тешкотиите се зголемија поради недостиг на учителски кадар. Затоа беа поканети ученици од шести клас па нагоре, студенти и граѓани со исто образование да се вклучат во учителските редови. За нив беа организирани кратки едномесечни курсеви и брзо беа испратени да ги оживеат напуштените училишта. Вакви курсеви беа отворени без малку, во сите околиски центри. Само Скопје имаше околу 180, а Битола околу 120 ученици.

Се отворија десет полни гимназии: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Куманово и Тетово, со 4.060 ученици и 148 учители. Покрај тоа, отворени се: средно музичко училиште, уметничко училиште, училиште за народни учители, техничко училиште и други.

На крајот на учебната 1944/45 година во основните училишта имало околу 92.000 ученици со околу 2.000 учители.

Албанското и турското малцинство, кои за време на окупаторските фашистички режими, исто така, немаа право на самостоен културен и просветен живот, денес имаат свои училишта во кои сè се учи на нивниот мајчин јазик. Така, на крајот од минатата учебна година Албанците имаа 50, а Турците 31 основно училиште. И едните и другите имаат свој весник, Албанците – „Флака“, а Турците – „Бирлик“, органи на Народниот фронт.

Благодарение на народната власт, се одржаа курсеви за учители и за тие малцинства. И денес во албанските основни училишта предаваат 86, а во турските 58 учители. Бројот на овие училишта и наставници се повеќе се зголемува.

За да се елиминира големата неписменост кај нашиот народ, Министерството за народна просвета од една страна и Народноослободителниот фронт како сенародна политичка организација од друга страна, организираа анафалбетски курсеви (за неписмените). Вакви курсеви се одржуваа во училиштата, по разни претпријатија, работилници итн. На крајот од минатата учебна година имало 390 курсови со 12.394 ученици.“

(продолжува) 

1Tihomir Подготвил: Т.К

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top