Култура и туризам

ОТКРИВАЊЕ НА СПОМЕН ПЛОЧАТА НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ ВО РИМ (17)

1abr3

1unai12223345

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Се поздрави со митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј, кој, откако се претстави, во своето поздравно слово ја истакна големата црковно-национална улога на Светиклиментовиот град Охрид – „Мал Ерусалим и Сион за словенските народи” и нагласи дека Македонската православна црква ги негува традициите на св. Кирил и Методиј и нивните ученици св. Климент и Наум Охридски, нејзини основоположници, и настојува да ги спроведе во живот принципите на екуменизмот.

Поздравувајќи се со папата Павле VI потпретседателот на Собранието на СР Македонија г. Ванчо Апостолски, меѓу другото, рече: „Ваша Светост, позволете ми од името на Владата на СР Македонија и наше лично име да Ви заблагодариме за моралната и материјална помош што ја дадовте по катастрофалниот земјотрес  што го снајде Скопје и неговите жители, како и за другите пострадани места во нашата земја, и Ве уверуваме дека тој Ваш акт на христијанската солидарност ќе остане со особена почит длабоко всаден во нашите чувства”.

На приемот неговата Светост папата и’ упати на црковната и државната делегација на Македонија и на македонскиот народ една порака со следната содржина:

„Мошне сум среќен што можам да ја поздравам делегацијата на високи личности од Социјалистичка Република Македонија, која дојде на комеморација на големиот свети Кирил, кого, како и неговиот брат свети Методиј, оправдано го слават како апостол словенски, основач на словенската книжевност.

Свети Кирил беше голем апостол, кој знаеше на посебен начин да ја оствари рамнотежата меѓу барањето на единство и законот на различност. Тој го основа ова традиционално и неменливо начело: црквата ги почитува и ги прифаќа сите услови, сите извори, сите животни облици на народот, со кои се заветува Евангелието на Господа, прочистувајќи ги, зацврстувајќи ги и здружувајќи ги. Така свети Кирил и Методиј можеа да го постигнат Христовото откровение, и литургискиот и духовниот живот на христијаните да го одомаќинат во културниот живот на словенските народи. 

Во продолжение на свечениот чин папата Павле VI рече: „Вдлабочување на Свети Кирил во јазиког и културата на словенските народи беше плод на долго и настојчиво проучување, постојано одречување, поткрепено со ретка генијадност, способно на тој јазик и на таа култура да и’ го даде првото писмо, што ќе послужи како адекватно средство да се изрази и прошири прекуСветото писмо.

Со тоа тој ги постави темелите на огромниот книжевен и културен развој, кој, се’ до денес, се прошируваше, разгрануваше, развој на кој вашиот македонски народ му даде голем придонес. Ние сме ви многу благодарни на вашата посета, Иако свети Кирил, кој и натаму останува пример за денешните луѓе во настојувањетода се приспособат кон новонастанатите промени, ве вдахновува во вашите напори за слога и мир меѓу народите со различни култури и традиции„.

На крајот, папата топло им се заблагодари на своите гости за големиот и драгоцен подарок – оргинална икона „Св. Крштение на Господа Исуса Христа” од манастирот „Св. Богородица” с. Карпино-Кумановско, од XVI век, која ја симболизира културната самостојност на македонскиот народ, како и Светото евангелие (во кожни корици) печатено на македонски јазик, чија основа ја поставил свети Кирил.

1unai122233455

Ст. Клементе во Рим

Домаќинот им врачи подароци на своите гости, пожелувајќи им успех во нивната црковно-народна мисија.По повод денот на св. Кирил и Методиј – 24 мај, на претпразненството на 23 мај 1970 година во Рим се одржа, очекуваната со голема радост и гордост пригодна свеченост во базиликата „Свети Климент” каде што веќе полни 11 векови се наоѓаат светите останки на св. Кирил Солунски.

Свеченостите почнаа со молепствието над гробот на свети Кирил, на кое чинодејствуваа поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски господин Доситеј и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА: митрополитот злетовско-струмички господин Наум и митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј со асистенција на дваесетмина свештеници од Македонија.

Претставникот на Владата на СР Македонија, потпретседателот на Собранието на СРМ г. Ванчо Апостолски и претседателот на Комисијата за верски прашања и член на Извршниот совет на СР Македонија г. Анте Поповски положија венец од Социјалистичка Република Македонија на гробот на свети Кирил.

На свечениот чин – молепствие и откривање на спомен-плочата присуствуваа и претседателот на Сојузната комисија за верски прашања во СФР Југославија г. Мило Јовичевиќ, југословенскиот амбасадор во Рим г. Срѓан Прица, членовите на Радио-телевизијата и Хорот и Филхармонијата на СР Македонија од Скопје и голем број културни и јавни работници, како и туристи, кои специјално допатуваа во Рим, за да учествуваат на оваа наша голема национална свеченост и на тој начин да му одадат почит на својот далечен и заслужен предок.

Архиепископот охридски и македонски господин Доситеј ја откри Спомен-плочата изработена во бакар на која на македонски и латински е испишан следниот текст: „НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ, СЕСЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛ СО БЛАГОДАРНОСТ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД”

Продолжува 

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top