Култура и туризам

УЧИЛИШТЕТО НА СТЕВО И ЕСМА – НАЈНЕОБИЧНА МУЗИЧКА ГРУПА (21)

1mnn5

1mnn5

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЕСМА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Есма Реџепова и Стево Теодосиевски од 1960 до 1989 година станале жители на Белград. Нејзин дом биле две соби на Дедиње, во кои живеел целиот Ансамбл „Теодосиевски“, вклучувајќи ја и мајката на Стево, Параскева, која на Есма ѝ била како втора мајка. Тогаш имале голем број настапи на просторите на тогашна Југославија, како и во голем број држави на сите континенти, меѓу кои првиот настап во странство во театарот „Олимпија“ во Париз, каде Есма и Стево со право биле наречени  „граѓани на светот“

Една од карактеристиките од нивниот живот е тоа што за време на заедничката кариера Стево и Есма Теодосиевски, присвоиле 47 момчиња, ги здомиле, воспитувале, образувале, овозможувајќи им да завршат музичко училиште во нивниот дом и сега сите тие имаат сопствени музички кариери.

Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова – Теодосиевска и Ансамблот „Теодосиевски“ имале одржано повеќе од 2.000 хуманитарни концерти, имале спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“, во кој живееше Есма Реџепова –Теодосиевска.

Во семејството на Есма Реџепова – Теодосиевска и Стево Теодосиевски песната, музиката и фолклорот биле секојдневно присутни и биле дел од семејната традиција. Особено ромската музика и песна биле присутни во нивниот дом во Белград.

Карактеристично за Есма Реџепова – Теодосиевска било и тоа што таа имала целосна поддржка од Светската организација на Ромите и од безброј други и меѓународни хуманитарни организации од областа на културата, уметноста, естрадата, хуманитарноста,  женските движења и други асоцијации.

Есма Реџепова-Теодосиевска беше лидер со нејзините севкупни хумани, добротворни, културни, уметнички и други остварувања посветени на мирот, човекољубието, толеранцијата и разбирањето меѓу народите и земјите, без разлика на нивната национална, етничка и верска припадност. Тоа Есма и Стево го потврдија со отворањето на најнеобичното музучко училиште во Белград.

Отсекогаш Есма и Стево во нивниот ансамбл земале млади луѓе, речиси деца. Тие им биле и учители и родители. Живееле заедно, во иста куќа, каде тие млади музичари се развивале и растеле како уметници и како луѓе. Сето тоа се случувало под будното око на музичарот и педагог Стево Теодосиевски, а во соработка на Есма Реџепова-Теодосиевска.

„Со Стево посвоивме, израснавме и школувавме 47 ромски машки деца. Со љубов. Првото го посвоивме во 1961 година. Пет од моите деца свират со мене, останатите живеат низ цела поранешна Југославија. Еден од синовите живее во Германија. Никогаш не ми било тешко. Сум растела со семејство со уште четири сестри и браќа. Фала Богу, ние со Стево имавме  голема куќа и пари за да си го дозволиме тоа. Никогаш од никого ништо не сум барала ниту сум добила. Да не ги споменувам и другите напуштени и сиромашни деца на кои несебично сме им помогнале и сме ги школувале. Сакам да им помогнам на сиромашните, им помагав и на бегалците од Косово, од Македонија“, изјави Есма. 

1mnn55

Дел од оркестарот „Теодосиевски“

Во најнеобичното музичко училиште, како што го викаа музичарите во Белград, владеела војничка дисциплина. На време се станувало, се вежбало на инструментите, се учеле ноти, малку се одморало. Во тоа училиште најтежок престап било неработењето. Тогаш ученикот го „губел правото“ на школување и се враќал од каде што дошол. Третиот престап бил – шетање (лутање). Стево точно го планирал секој ден. Сите станувале рано наутро, 30 минути вежбале и продолжувале да работат до вечерните часови, кога колективно гледале телевизија, се одело во кино или на некој концерт на забавна или сериозна музика.

Сето тоа се случувало во една куќа на Јулино Брдо во Белград. Таму живеело едно необичо семејство и работело најнеобичното училиште во поранешна Југославија, дури и во светот. Тоа училиште во кое се работело од утро до вечер никаде не било регистрирано. За него малкумина знаеле дека Стево Теодосиевски „бил директор, бил познатиот и признат музичар, член на управниот одбор и претседател на дисциплинската комисија“, додека „главен економ и кувар“ била Есма Реџепова-Теодосиевска. Така, самоукиот музичар станал угледен уметник, познат во земјата и светот. Со години своето искуство им го пренесувал на младите од нивното семејство.

Кон крајот на педесеттите години од минатиот век прв ученик во училиштето на Стево Теодосиевски и Есма Реџепова бил Енвер Расимов. Тогаш тој имал 9 години кога во своите раце го зел необичниот ритмички инструмент – тарабуката. Тој со својата музикалност имал голем придонес за Ансамблот „Теодосиевски“. Пеел и со Есма, па дури  во дует снимиле една заедничка плоча. Енвер пораснал во голем музичар, пејач и инструменталист, се осамостоил, се оженил и станал татко на 4 деца. Тој бил многу благодарен на својот строг учител Стево кој му го пренел музичкото образование. Такви се спомените и сеќавањата и на преостанатите ученици кои го завршиле училиштето на Стево Теодосиевски.

Исто така, музичко образование во училиштето на Стево и Есма стекнал и Медо Чун, кларинетист и тапанар, како и популарните пејачи Мухарем Сербезовски и Љубица Антонијевиќ, една од вокалните солистки заедно со Есма. Потоа, трубачот Реџеп Ајдаров-Белич, Шефкет Алиев, Киро Дураковиќ, Сафет Ибраимовиќ,  Ибро Демир, Славиша Камберовиќ, Захир Рамаданов; гитаристите Александар Пиперков, Драган Тасевски и Ацо Симоновски, Тодор Ѓорѓевиќ, Димитар Бугавински и Благоја Велјановски; кларинетистите Сами Зекировски –Буцо, Апостол Караџов-Тони, Тунан Куртишов, Јордан Николовски-Јоцо, Пеце Петковски, Идавер Мамутовски, Алија Еминов и Ферус Мустафов; тапанарите Џемо Еминов, Шадан Сакиб, Елјам Рашидов и Симеон Атанасов.

Во музичкиот состав на Стево Теодосиевски на хармоника свиреле: неговиот внук Перо Теодосиевски и Сашко Велков.

Треба да се нагласи дека ниту еден од учениците на Стево Теодосиевски не свирел само на еден инструмент, туку знаеле да свират на повеќе инструменти што се користеле во ансамблот. Исто така, доаѓале и друѓи луѓе кои ја сакале музиката и им било дозволено да ги користат инструментите на ансамблот, а често на пробите се собирало целото соседство кое живеело во непосредна близина на куќата на Стево и Есма. Затоа, со право се велело дека куќата на Македонците  била  дом на сите добронамерници.

Продолжува 

1slaveПишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top