Култура и туризам

ТРИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1981 ГОДИНА (31)

1kir4

1kir4

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Мнифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил”, седржа од 23 до 26 мај, меѓутоа делегацијата на Македонката православна црква престојуваше во Рим од 19 до 22 мај и за првпат молебенот е отслужен на 21 мај, а не на Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Тоа се случи поради смртта на поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј.

Оваа година Светиот синод на Македонската православна црква за шеф на делегацијата го испрати дебарско-кичевскиот митрополит г. Ангелариј, а беше придружуван од архимандритот Петар Каревски (сега митрополит преспанско-битолски г. Петар) и ѓаконот Јован Таковски, додека официјалната југословенска делегација ја предводеше проф. Анатоли Дамјановски, републички секретар за наука и образование на СР Македонија, а останатите членови беа – Димитар Солев, директор на Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски” од Скопје и Ерос Секви, уредник на списанието „Ла Батана”, од СР Србија. Поради прогласувањето на светите браќа Кирил и Методиј за заштитници на Европа, заедно со делегацијата од СР Македонија допатува и бискупот скопско-призренски д-р Јоаким Хербут со секретарот Анте Цериматиќ.

Програмата што се одржа во рамките на манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил“ на Европа, заедно со свети Бенедикт; врз папата Јован Павле 11 е направен обид да се изврши атентат; како и смртта на поглаварот на МПЦ, Неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј, кој се упокои во Господа на 19 мај, на денот кога делегацијата пристигна во Рим.

Бидејќи погребот на поглаварот г. Доситеј беше закажан за 24 мај, токму на Денот на светите браќа, програмата на делегацијата мораше да претрпи поголеми промени. Така, на 20 мај делегацијата го посети Секретаријатот за единство на христијаните, каде беше примена од потпретседателот монсињор Торела и отец Никола Вирвол.                                                     

Потоа црковната делегација ја посети болницата „Џемели” во која се наоѓаше на лекување Неговата Светост папата Јован Павле II од здобиените рани при атентатот и се запиша во книгата за посетителите на папата.

Како и во минатите, така и оваа година на гробот на свети Кирил се одржа молебен, но не на 24 мај, туку на 21 мај, во четврток во 10 часот. На молебенот чинодејствуваше дебарско-кичевскиот архијереј митрополитот г. Ангелариј, во сослужение на архимандритот Петар Каревски и ѓаконот Јован Таковски, а во придружба на хорот на Институтот „Русикум”, под диригенство на отец Пихлер.

На овој свечен чин, покрај државната делегација присуствуваше амабасадорот на СФРЈ при

Светата столица г. Зденко Свете, бискупот д-р Хербут Јоаким, неговиот секретар Анте Цериматиќ, како и претставници на повеќе институти од словенско потекло и бројни поклоници. Културната делегација, пак, имаше средби со југословенските амбасадори во Рим и Ватикан, а беше примена и во Министерството за надворешни работи на Италија од заменик-директорот на Дирекцијата за културна соработка г. Античи.

По одржувањето на молебенот, митрополитот г. Ангелариј одржа пригодна слово за значењето на светите браќа, во кое, меѓу другото, рече:

… Дозволете ни од името на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква и од свое име да искажам топла и искрена благодарност за Вашето присуство на овој свечен чин, кога македонскиот народ и Црквата ја манифестираат својата љубов кон свети Кирил Солунски, великиот учител, апостол, светител и просветител, и чие мисионерско дело, извршено заедно со неговиот брат свети Методиј, вечно ќе ги осветлува со евангелска светлина душите и срцата, не само на нашиот туку и на сите словенски народи.

Нашата радост е уште поголема што од средината наша се појавија вакви синови кои, испратени од византискиот цар Михаил, неуморно и самопрегорно го проповедаа словото Божја, а откако ја преведоа Библијата и светите богослужбени книги од грчки на словенски јазик, тие ги осветлија душите на словенските народи со вечниот факел на вистинската духовна просвета и наука Божја. 

Поради тоа, деветтиот век, кога им беше поверена мисионерската служба на светите браќа, е век на нашето духовно раѓање зашто со благодатна сила на Светиот Дух, беа украсени и просветени словенски народи. А како апостоли, со проповедта на христијанската вера и Божјата премудрост, не ослободија од темнината за која говори свети апостол Павле: „Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господа (Еф. 5, 8) ”

 1kir44

Црквата „Свети Димитрија“ во Скопје – вечниот дом на поглаварот Доситеј

Веднаш по пригодното слово пред гробот на свети Кирил Солунски, дебарско-кичевскиот архијереј митрополитот г. Ангелариј отслужи краток помен за покој на душата на блажена починатиот поглавар на МПЦ архиепископот г. Доситеј. Другиот ден, двете делегации се вратија за Скопје за да присуствуваат на закопот на архиепископот, што се одржа на 24 мај во црквата „Свети Димитрија” во Скопје.

„Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и занационална држава”, том први, Универзитет „Кирил и Методиј”, Скопје 1981.

Во првиот дел од книгата, во којашто се презентирани документите од периодот на VI до XVIII век, своевиден одраз наоѓаат текстовите од времето на кирилометодиевскиот период.

Италијанското списание „La battana” (maggio 1981, anno XVIII, 59), numero speciale Macedonia, целосно ѝ е посветено на Македонија (јазик, литература, култура итн.).

На 24 мај 1981 година Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, од името на свештенството и верниците, му додели Благодарница на Неговата Светост папата Јован Павле II за извонреднотобогоугодно и екуменско дело – прогласувањето на словенските апостоли Кирил и Методиј за созаштитници на Европа . Благодарницата е потпишана од архиепископот Доситеј, изведена на пергамент, со позлата, ликовно-графички обликувања од сликарот Нико Този, а футролата во резба ја изработи познатиот охридски мајстор-резбар Славе Атанасовски-Крстанче.

Продолжува

1slavek1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top