Култура и туризам

ТЕКСТ ЗА ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИ ОД ПРЕД 47 ГОДИНИ

1ege288

1ege288

ПРВ ВОКАБУЛАР НА НАУЧНА И СТРУЧНА ЛИМНОЛОШКА ТЕРМИНОЛОГИЈА

Славе Николовски-Катин: „Англиско-македонски лимнолошки лексикон“, Хидробиолошки завод. Охрид, 1986 година 

          Неодамна во издание на Хидробиолошкиот завод од Охрид излезе од печат првиот лексикон во македонската двојазична лексикографија (и несамо во неа), во којашто се обработени научни и стручни термини од областа на хидробиологијата на копнените води – лимнологијата, на Славе Николовски-Катин, новинар, преведувач од Скопје.

           Овој двојазичен речник е работен спорен најновите достигнувавања на толковните термини во интернационална и стручна  лексика којашто е базирана на грчка и латинска основа. Авторот овде успешно врши адаптација според морфолошките особености на англискиот јазик којшто го користи како извориште  и основа, а  потоа термините ги приопштува на соодветни еквиваленти во македонскиот литературен јазик.

            Во преполнетата сала на Здружението на новинарите на Македпнија, Лексиконот го претсавија д-р Борис Оцески, директор на зХидробиолошкиот завод, проф. Д-р Јонче Шапкарев, професор на Биолошкиот факултет и д-р Јадранка Серафимова – Хаџишче, научен рботник во Хидробиолошкиот завод во Охрид.

            На промоцијата беше речено дека во  овој првенец на македонската научна и стручна лексикографија се застапени термини, изрази и поими од областа на биолошките  и биотехничките науки, со посебен акцент на лимнологијата. Тој се појавува како резултат на авторовите повеќегодишни истражувања и преведувачка дејнос  на полето на хидробиологијата на копнените води остварени во Хидробио-лошкиот завод во Охрид и на други места. Самиот факт што лексиконот содрши околу 4.000 терминолошки изрази, на 206 страници,  со стручни толкувања, говори за сериозноста  и значењето на ова дело, прво од ваков вид во нашатаа Република.

             Покрај термините, во лексиконот се дадени толкувања на биолошките знаци и симболи, геолошките периоди и епохи, хемиските елементи и нивните ознаки, термилошка скала, како и англиски и американски  мерки за должина, површина, тежина, како и нивнит однос спрема метричките мерки.

             Имајќи во предвид дека хидробиологијата со своите гранки океанографијата и лимнологијата претставува интердисциплинарна област, се’ повеќе расте бројот на научните  работници коишто се занимаваат со испитување на акватичните екосистеми од био-лошки, физички, хемиски, геолошки, геоморфолошки, рибарствен и од многу други аспекти. Затоа  и појавата на  англиско- македон-скиот лексикон на Славе Николовски-Катин претставува мошне корисен прирачник на научните и стручните работници, студентите, учениците и воопшто на сите проучувачи и интересенти за водните екосистеми, заштитата на акватичната средина, човековата око-лина и друго.

           Со богатство на термини и ползуваната литература од лимнолошки и друг вид од повеќе странски јазици, со јасност на толкување на изразите, овој вокабулар пополни една страница која од поодамна се чувствуваше во нашата лимнолошка терминологија и претставува значајно достигнување на младата македонска лексикографија.

Бл. Стоичковски  

(Текстот е објавен во списанието “Макединија“,ГЛАСИЛО НА Матицата на иселениците од Македонија во бр,401,IX-1986)

 1ege2888 1ege28888

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top