Култура и туризам

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ПУБЛИКАЦИЈАТА „ОГЛЕДАЛО“ НА СЛАВЕ КАТИН

2bla22

2bla22

Нова книга: ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ПУБЛИКАЦИЈАТА „ОГЛЕДАЛО“ НА СЛАВЕ КАТИН

Во издание на издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, а спонзорирано од Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски“ од САД, излезе од печат  публикацијата „Огледало“ од Славе Катин. Делото е отпечатено на 140 страници, на македонски и на англиски јазик. Рецензенти на оваа публикација се: Гордан Јорданов, директор на организацијата Обединета македонска дијаспора од Вашингтон, за Македонија и Европа и  Душан Ристевски-Македон, поет, драматург, публицист, основач и претседател на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј.

Публикацијата „Огледало“ е посветена на Славе Катин и добивањето на престижната награда „Награда за животно дело 2022“ од организацијата Обединетата македонска дијаспора од Вашингтон, САД. Славе Катин е книжевник, журналист, публицист и аналитичар на Македонците во светот. Тој е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија. Славе Катин е вљубеник во својата татковина Македонија, во македонскиот народ насекаде по светот, а за тоа секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.

Наградата „Награда за животно дело 2022“ на Славе Катин му се додели на 5-тата глобална конференција на ОМД во Скопје, Македонија, која се одржа во јули 2023 година. Поради здравствени причини, Славе Катин не присуствуваше на Конференцијата но наградата ја прими неговата ќерка Дафинка Катин Скатоца и внуката Изабел Катин Скатоца, кои живеат во Рим. По овој повод Славе Катин ја припреми публикацијата „Огледало“ со цел да го отслика неговото 50 годишно творештво и одбележи неговиот 82 роденден и секако да се одбележи добивањето на оваа престижна награда.

Покрај Славе Катин, досегашни добитници на „Наградата за животно достигнување“ се и поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, Џон Битов и Џејмс Сандерс од Канада, Џорџ Атанасоски, Атанас Коларовски и Луј Влашо од САД и Мик Веловски од Австралија.

Инаку ова награда ја доделува Обединетата македонска дијаспора (ОМД) која е врвна меѓународна, невладина асоцијација која воглавно делува во Дијаспората, чија главна цел се интересите и потребите на луѓето со македонско потекло и македонските заедници ширум светот. Членовите на оваа организација се среќни и задоволни што вратите во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Европа и’ се отворени за комуникација и дијалог за националните интереси на Македонците и Македонија.

На Симпозиумот исто така се промовира и книгата „Американски син на Македонија“, за која лично и инспиративно зборуваше Лу Влашо. Делото е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, а излезе од печат по повод Божикните и Новогодишните празници во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии уредници се новинарката Херит Хеитхаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија.

Исто така Славе Катин е добитник на наградата „Повелбазаживотно дело“ што ја доделува Советот на Пелагониските средби од Новаци-Битола за неговиот севкупен труд, дела, дострели и придонес во науката, културата, новинарството, религијата и општественото живеење. Официјално наградата му беше врачено на традиционалните Пелагонски средби во октомври 2022 година. Тој е исто добитник на „Наградата за животно постигнување во творештвото“, која му беше влачена на „49-те Иселенички Љубински средби“ во Љубојно, Преспа. Исто така тој е добитник на наградата „Крсте Петков Мисирков 1991“ што ја доделува Здружението на новинари на Македонија од областа на журналистиката. Инаку Славе Катин е почесен член во литературните друштва „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада и “Григор Прличев“, од Сиднеј, Австралија, и доживотен волонтерско член во фондацијата „Атанас Близнаков“   на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

2bla2 Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top