Култура и туризам

ДЕЛ ОД ПОКЛОНЕНИЈАТА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ (37)

1bliz6

1bliz6

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

По смртта на браќата светители Кирил и Методиј, нивниот најран забележан светителски ореол се среќава во синаксарот на Асемановото евангелие. Ова изборно евангелие е датирано различно, но за најран датум се смета крајот на Х век. Ова говори дека нивниот култ бил рано оформен и веќе влезен како канонизиран непосредно по нивната смрт. Нивната светителска традиција се пренесувала во словенските земји, па и пошироко. Европа била запозната со нивната епохална дејност.

На 30 септември 1880 година, папата Лав XIII посебно го апострофира и прошири нивниот култ со Енцикличното послание „Grande Munus”. Со ова послание нивниот култ посебно беше нагласен во Европа.

Папата Павле VI, со Апостолското послание „Pacis nuntius”, од 24 октомври 1964 година го прогласи свети Бенедикт за покровител на Европа. На 31 декември 1980 година, папата Јован Павле II го издаде Апостолското послание „Egregiae Virtutis”, со кое ги прогласи светите Кирил

и Методиј за сопокровители на Европа, заедно со светиот Бенедикт. Со ова писмо вниманието на Европа се сврте кон свети Бенедикт и кон светите Кирил и Методиј.

На 2 јуни 1985 година, папата Јован Павле IIго издаде Енцикличкото Послание за словенските апостоли, упатено до сите епископи, свештеници, монашки заедници и до сите христијани, во спомен на евангелизаторското дело на светите Кирил и Методиј. Во него папата го нагласува нивното епохално дело, евангелизаторското слово меѓу Славените, нивните настојувања за заеднички братски живот, за почитувањето на достоинството на секој народ, заради што и нивната слава се разлеа надалеку.

Не случајно папата Јован VIII во далечната 880 година ја одобри употребата на словенскиот јазик во богослужбата, преведена од светите браќа. Ова послание е по повод 1100-годишнината од смртта на Методиј, со што папата Јован Павле II се осврнува на најважните пунктови од нивниот апостолски, просветителски и творечки пат.

Оваа енциклика е преведена на повеќе јазици, а на македонски гласи: „Енциклично послание за словенските апостоли од врховниот архијереј папата Јован ПавлеII”.

Енцикликата од 1980 година гласи: „Litterae apostolicae ѕѕ. Cyril/us et Methodius, totius Europae caelestes apud deum compatroni а ѕитто Pontifice notu proprio constituuntur”.

Комплетниот италијански печат им даде значајно место на вестите за високиот ранг на светите Кирил и Методиј.

1bliz66

Рим

Денот на свети Кирил и Методиј, на 28 ноември 1985 година во Брисел свечено беше прославена 1100-годишнината од смртта на Методиј, во организација на ,,lnstitut Libre Marie Нарѕ”, во Конгресната палата, сала Бенелукс.

Свечениот пленарен собир го отвори К. Ј. Верлеј со рефератот: „Европеизација и екуменизмот на Кирил и Методиј“, а втор настапи П. Девос. Од Републи ка Македонија учествуваше Вера Стојчевска-Антиќ, со реферат за датирањето на некои словенски ракописи од раниот период на писменоста. Ф. Ј. Томсон говореше на тема за старословенските преводи, а М. В. Паријс за светите Кирил и Методиј.

Нашиот претставник проф. В. Стојчевска-Антиќ го запозна Универзитетот во Брисел и членовите на Славистичката катедра. Во Институтот контактирше со А. Ј. Фаниел, кој предава руски јазик и литература и кој повеќе пати потоа гостувал на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Скопје и Охрид.

Прочитаните реферати се објавени во “Laпgage l’homme\ (lnstitut Libre Marie Нарѕ\, Bruhelles vol. 21/1986). Директор на Институтот бешегоспоѓата Ц. Голоши-Жиблет.

Стјепан Антолјак и Бранко Панов: „Средновековна Македонија”, том I-III, издавач „Мисла”, Скопје 1985.

Публикацијата „Средновековна Македонија” опфаќа три тома. Во обемната содржина се застапени монографии, статии и други позначајни научни трудови. Истите автори ги имаат пишувано во периодот од 1958 до 1983 година. Поголемиот број од трудовите се објавени низ страниците на повеќе списанија, зборници и други публикации, а дел од нив за првпат се објавуваат овде. Ова импозантна издание содржи поширок преглед на македонското културно и историско минато. Опфатен е периодот од населувањето на Славените во Македонија до првите векови на османлиското владеење, т.е. периодот меѓу VI и XVI век.

Наум Охридски. „Научен зборник“, издавач Историски архив-Охрид, Охрид 1985, стр. 1-130.

Овој научен зборник посветен на Наум Охридски, претставник на првата генерација кирилометодиеви ученици, содржи десет научни прилози од исто толку научни истражувачи. Како што ќе биде забележано и во воведниот дел на Зборникот, главна иницијатива за неговото составување е „да внесе нови светлини во една одамна присутна празнина во научната литература – делото на Наум Охридски и севкуните традиции на неговиот манастирски комплекс”. Содржински, прилозите се одинтердисциплинаренкараткер и опфаќаат дотични истражувања од областана лингвистиката, историјата, книжевноста, ликовната уметност,архитектурата, палеографијата, археологијата и психијатријата.

Јован Белчовски, „Автокефалноста на Македонската православна црква”, „Студентски збор”, Скопје 1986.

Овој труд е пресек на историјата на Македонската православна црква од времето на Самоил до ден-денес.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top