Култура и туризам

ДЕВЕТСНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1987 ГОДИНА (40)

1dev999

1dev999

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Во 1987 година културна манифестација „Во чест на свети Кирил” започна во Рим и траеше од 19 до 26 мај. Во текот на прославата беа одржани повеќе манифестации на културно и на верско ниво, со коишто се дава придонес во традиционалното одбележување дишнината од смртта на еден од творците на словенската писменост и култура свети Кирил.

Делегацијата во Рим ја предводеше Борислав (Борче) Наумовски, претседател на Републичкиот комитет за култура, а во неа беа вклучени: д-р Борис Петковски, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство, академик Крум Томовски, секретар на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, и академик Војислав Кораќ, член на Академијата на науките и уметностите на Србија и професор на Филозофскиот факултет во Белгард.

Црковната делегација ја предводеше митрополитот австралиски г. Тимотеј. Во изведувањето на програмата со свое предавање се вклучи и проф. д-р Томислав Марасовиќ од Филозофскиот факултет од Сплит и директорот на Заводот за градителско наследство од Сплит. Преведувач на делегацијата беше Наум Китановски, виш предавач на Филолошкиот факултет во Скопје.

Манифестацијата почна со две предавања што професорите В. Кораќ и К. Томовски ги одржаа на Универзитетот „Ла Сапиенда”. Пре давањето на професорот Кораќ на овдешната публика ѝ ја претстави архитектурата на словенските народи и нивни те византиски корени, додека професорот Томовски ги изложи основните одлики на македонската архитектура во средниот век. Професор Томислав Марасовиќ одржа посебно предавање на сакралната архитектура на високиот среден век на источниот брег на Јадран на Ватиканскиот универзитет „Свети Тома Аквински”. Професорите Кораќ и Томвоски одржаа слични предавања во Неапол на тамошниот универзитет. На предавањата на Римскиот и Неаполскиот универзитет присуствуваа голем број студенти и професори од отсеците архитектура и славистика.

Југословенските претставници од името на Универзитетот ги поздрави професор Лионело Константини од отсекот за книжевност и славистика на Римскиот универзитет. На предавањето присуствуваа и амбасадорите на СФРЈ при Светата столица, Штефан Цигој, како и претставници на амбасадата на СФРЈ во Италија.

Сите овие предавања оставија силен впечаток и уште еднаш го побудија интересот за југословенската наука во Италија, во Ватикан, па и пошироко. Нивното значење е во тоа што сите предавања ќе бидат објавени, што значи дека ќе бидат ставени на увид на светската научна јавност. Инаку, не само предавањата, туку и целата манифестација беа атрактивни за италијанската манифестацијата го доби во италијанскиот печат. Водечките италијански весници како што се „Република”, „Ил Месерџеро” и „Опсерваторе Романо” објавија најави и пошироки текстови за предавањата што беа одржани.

1dev9999

Архангел Михаил

Пред одржувањето на предавањата на Римскиот универзитет, делегацијата ја прими и поздрави продеканот проф. Франческо Питочо, кој ѝ подари публикации за развојот на оваа установа. А, Ш. Цигој зборуваше за личноста на падре Јиржи Мариа Весели и за неговата книга „Grideranno /е pietre” („Ќе врескаат камењата”), издадена од Институтот Шилер во Рим на италијански јазик, а чија промоција беше изведена по овој повод.

Книгата е коментар на папската енциклика за словенските апостоли светите Кирил и Методиј, и додека првиот дел е научно-теолошка студија за дејствувањето на браќата свети Кирил и Методиј, вториот дел е приказ на соработката помеѓу Италија и СРМ во областа на археологијата и уметноста (снимање филмови од страна на РАИ и Санпаоло филм од Рим за кирилометодиевската проблематика), прашањата поврзани со изложбата на македонските икони во Рим 1986 итн.

На 21 мај, културната делегација беше примена во приватната библиотека на папата Јован Павле ii, со што за првпат ѝ е даден толку висок третман и од протоколарната страна. Поздравувајќи го папата, претседателот Наумовски го истакна посебното значење на манифестацијата, со која се одбележува денот на св. Кирил. Притоа ја нагласи и конкретната помош што Светата столица и нејзините институции ја даваат при реализацијата на културните приредби што се одржуваат во Италија и Ватикан веќе 19 години.

Заблагодарувајќи му се на папата за помошта, а посебно за онаа од минатата година кога во Музеите на Ватикан беше организирана познатата изложба на икони од Македонија, претседателот Наумовски додаде дека во Југославија мошне високо се цени придонесот што го дава папата во развојот на односите меѓу СФРЈ и Светата столица, за неговиот придонес за подобро разбирање меѓу народите, за мир во Европа и во светот, за развојот на културната соработка итн.

Одговарајќи на поздравната реч на претседателот Наумовски, папата евоцираше спомени од неговите студентски денови и студирањето на старословенскиот јазик, „што му овозможува целосно да го разбира македонскиот јазик, но не е во можност на тој јазик и да се изразува”.

Во продолжение го истакна значењето на манифестацијата и изрази задоволство што на најсвечен начин се искажува поврзаност и оданост кон светите браќа кои имаат огромни заслуги за евангелизацијата на словенските народи и нивниот културен развиток.

Непосредно пред средбата со папата, културната делегација беше примена и од надбискупот А. Силвестрини, секретар на Советот за јавни работи во Црквата. Во разговорот, Силвестрини изрази големо задоволство што секоја година по традиција доаѓа до средба со културните и црковните делегации. „Светата столица, истакна Силвестрини, мошне позитивно ги оценува напорите за што посвечено да го одбележи Денот на сесловенските просветители”. Според Силвестрини, посебно место во одбележувањето на Денот и припаѓа на минатогодишната изложба на икони од Македонија, како првокласна културна приредба.

Потоа делегацијата беше примена во Министерството за надворешни работи на Италија од Стефана Д’Андреа, ополномоштен министер (задолжен за спроведување на Осимските спогодби). Разговорот на кој присуствуваше и амбасадорот на СФРЈ во Рим А. Скатеретико, беше содржаен и корисен и како основна тема ја имаше годинешнава манифестација „Во чест на свети Кирил”, а беше проширен и со теми од целокупната културна соработка меѓу двете земји.

На разговорот со министерот Д’Андреа се разгледани и плановите за јубилејната годишнина на манифестацијата „Во чест на свети Кирил” (1988), а третирани се и други теми од културната соработка меѓу двете земји, како што се актуелизирањето на прашањето за одржување изложби, симпозиуми, научни собири и средби, соработка меѓу универзитети и други институции.

Министерот Боланзино, кој присуствуваше на разговорот кај Д’Андреа, информира за научната соработка и за претстојното заседание на заедничката Комисија за обнова на научниот протокол, објаснувајќи ги конкретните и мошне елаборирани ставки кои фигурираат во документот особено на планот на соработката на институти, универзитети итн.

Шефот на делегацијата Борче Наумовски изрази задоволство од досегашната културна соработка и резултатите, поврзувајќи го ова во контекстотот на годинашнава манифестација „Во чест на свети Кирил”. Притоа, ја подвлече и неопходноста од натамошно проширување и продлабочување на овој значаен вид билатерални односи, тргнувајќи од Осимските спогодби како база за натамошен развој на соработката, со почитување на реципроцитетот како услов за димензионирање на културната размена. Во разговорите со соодветно образложение беше изнесен предлогот италијанската страна да ја разгледа можноста за воведување емисија на македонски јазик на програмата на РАИ.

Делегацијата приреди ручек во чест на кардиналот Уго Полети, римски викар и претседател на Конференцијата на бискупите во Италија. Покрај него на ручекот присуствуваа уште двајца високи свештеници и функционери во Ватикан, претставникот на службата за печат при Светата столица, делегацијата на Македонската православна црква на чело со господин Тимотеј, митрополитот австралиски, проф. Л. Константини со сопругата и падре Јиржи Мариа Весели.

Традиционалната манифестација „Во чест на свети Кирил” заврши во Рим со положување на венец на гробот на свети Кирил во црквата „Св. Климент”. Венецот го положија членовите на делегацијата, предводена од Борислав Наумовски, а венец положија и членовите на делегацијата на Македонската православна црква предводена од митрополитот г. Тимотеј.

И годинава на разговорите што беа водени во Ватикан и во Рим стана збор за продлабочување на натамошната соработка, при што посебно се говореше за соработката меѓу Ватикан и Музејот на Македонија, кој ја организираше минатогодишната изложба на иконите во Ватикан, потоа за соработката меѓу универзитетите, соработката на полето на архивистиката, на заштитата на културно-историските споменици и на археологијата, полиња во кои Ватикан има светски признаени стручњаци.

Потоа беа разгледувани и конкретните можности за издавање на публикации кои би послужиле за подобро меѓусебно запознавање, за размена на кадри во повеќе научни области, за размена на стручњаци и на студенти, вршење на специјализации и други облици на соработка.

Доне Илиевски, „Македонско православно свештенство во борба за национална и црковна слобода”, Сојуз на здруженијата на православните свештеници на СР Македонија, Скопје 1987. Книгата содржи значаен материјал за историско-црковните настани, како сведоштво за борбата на македонскиот православен свештеник во националата и црковната слобода на македонскиот народ.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top