Култура и туризам

ВИСОКА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕТО ВО ВЕЧНИО РИМ ВО 1990 ГОДИНА – ДЕЛ I (44)

1kov4

1kov4

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

На годинешните „Денови на културата во Италија” , кои се одржаапо повод чествувањето на свети Кирил, беше презентиран делод културното творештво на Македонија и пошироко. Оваазначајна манифестација се одржа во периодот од 21 до 26 мај,а на програмата на чествувањето беа застапени следните содржини: сеодржа молебен на гробот на свети Кирил во црквата „Свети Климент”.

Потоа, проф. д-р Цветан Грозданов, декан на Филозофскиот факултет одржа предавање на тема: „Живописот на Охридската архиепископија од Х до ХI век меѓу Цариград и Рим”, се одржа изложба на фотографииод манастирот Студеница, додека флејтистот Никола Атанасов, тромбонистотКирил Рибарски, во придружба на пијано од Милица Шперовиќ-Рибарски, како и Александар Ивановиќ, мецосопран, во придружбана пијано од Оливера Ѓурѓевиќ одржаа концерти кои со одушевувањебеа примени од публиката.

Овогодишната државна делегација од Македонија, а таа ја претставуваше и Југославија, ја предводеше Драгољуб Ставрев, член на Претседателството на СР Македонија, и проф. д-р Цветан Грозданов, декан на Филозофскиот факултет во Скопје, Александар Димитров од Републичкиот секретаријат за односи со странство беше секретар на делегацијата, а службен преведувач беше проф. Наум Китановски.

Црковната делегација, пак, ја предводеше митрополитот австралиски и администратор дебарско-кичевски г. Тимотеј, во придружба на ѓаконот Димитар Белчовски, професор на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски” од Скопје.

Во текот на чествувањето во Рим, државната делегација имаше средба во Ватикан со Анѓела Содана, секретар за односи со државите, како и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Казароли. Во разговорот беа разменети мислења за културната и за меѓународната соработка меѓу Ватикан и Југославија, а во тие рамки и Македонија.

Делегацијата на Македонската православна црква и во оваа пригода, како што тоа го чини над дваесет години , во името на Македонската православна црква му оддаде достоинствена почит на сесловенскиот просветител свети Кирил, чија дејност остави неизбришливи траги во ширењето на културата и христијанството, не само меѓу словенските народи, туку и во светот воопшто.

Во рамките на посетата, на 23 мај, црковната делегација, на аудиенцијата заедно со другите претставници, имаше средба со поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Јован Павле II, во салата Павле VI во Ватикан. Притоа на папата му беше искажана благодарност во името на Македонската православна црква за разбирањето што го има Римокатоличката црква за Енцикличкото послание за светите браќа Кирил и Методиј, издадено во Ватикан на македонски јазик. Од својата страна папата ја искористи можноста да упати уште еднаш благопожелба до Македонската православна црква за успехот на нејзиното евангелско просветителско дело.

Во текот на престојот, црковната делегација имаше средба и во Понтификалниот совет за единство на христијаните, како и во повеќе образовни институции во Ватикан.

Главниот настан, што беше и основната причина за престојот на двете делегации, молебенот во чест на свети Кирил, беше отслужен на 24 мај во базиликата „Свети Климент Римски”, каде се наоѓа и гробот на свети Кирил. Меѓутоа, поради смртен случај во семејството на митрополитот Тимотеј кој веднаш се врати во Македонија, ѓаконот ДимитарБелчовски беше овластен и задолжен да ја организира програмата до крај.

Така, молебенот се одржа во 12 часот, а богослужеа свештеници од дебарско-кичевската епархија кои беа на поклонение на гробот на свети Кирил, заедно со група верници од Македонија. На молебенот славата за свети Кирил што требаше да ја прочита митрополитот Тимотеј, ја презентираше членот на делегацијата ѓаконот Димитар Белчовски. Словото беше произнесено на македонски и на италијански јазик.

На молебенот по традиција пееше хорот од Понтификалниот колеџ „Русикум”, во присуство на членовите на културната државна делегација, југословенските амбасадори, поклоници од Охрид, како и многубројни поканети гости. Исто така, по традиција шефот на делегацијата, годинешниот член на Претседателството на СР Македонија, г. Драгољуб Ставрев, заедно со југословенските амбасадори, положија венец и свежо цвеќе на гробот на свети Кирил.

1kov44

Македонска резба

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонја г. Тодор Чаловски, пак, во текот на чествувањето на Амбасадата на СФРЈ при Светата столица и предаде Повелба за прогласување на Карел Војтила за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија, која веднаш му беше предадена на папата Јован Павле II.

Ова признание на Друштвото на писателите му се доделува на папата со намера да се изрази почитта кон писателското и поетското дело на Карел Војтила и на неговата световна, екуменска и хумана дејност, иако е познато дека поглаварот на Римокатоличката црква, поради карактерот на својата положба, не може да биде член на каква и да е друга освен на световна организација.

На 12 август 1990 година во Скопје беше осветена Соборната црква „Свети Климент Охридски”. Меѓу новите иконографски творби посебно се истакнуваа иконите на светите Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски, од македонскиот уметник Ѓорѓи Даневски.

Во олтарот е вградена следната Повелба:

П О В Е Л Б А

Ние, архиепископ Охридски и Македонски Гаврил, поглавар на самостојната Македонска православна црква, на 12 (30. 7.) 08. 1990 година – недела – ден посветен на светите апостоли Сила и Силуан, го осветивме соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква, посветен на свети Климент Охридски Чудотворец. Осветувањето го извршивме со сослужение со архијереите на Македонската православна црква и многумина свештенослужители, а при многубројно присуство верници на Македонската православна црква од татковината и од прекуокеанските земји и Западна Европа.

Осветувањето се изврши во годината кога го одбележуваме 75 годишниот јубилеј од загинувањето на „Пиринскиот цар” Јане Сандански и 85 годишниот јубилеј од трагичната смрт на првиот претседател на Крушевската Република Никола Карев, како и 50 годишнината од смртта на борецот за црковна и национална самобитност на македонскиот народ Димитрија Чуповски.

Архиепископ Охридски и Македонски

Гаврил

И митрополити

Кирил, с.р.

Горазд, с.р.

Петар с.р.

Тимотеј с.р.

Стефан с.р.

Михаил с.р.

Продолжува

1slavek1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

To top