Култура и туризам

ПОРТРЕТ ЗА ПРОФ. Д-Р СИНИША СТАНКОВИЌ – ЧОВЕКОТ ОД СВЕТСКАТА НАУЧНА ЕЛИТА (1)

1dat3

1dat3

Основачот  на Хидробиолошкиот завод во Охрид и на лимнолошките истражувања во Македонија. Беше познат биолог во целиот свет и научник од светски глас. Неговиот дедо по потекло бил од Македонија, од селото Пожаране,Полошко. Тој честопати пред научните работници на Хидробиолошкиот завод го потенцирал своето македонско потекло

    Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, етнолог, еколог, револуционер, општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид, Македонија, биолошкиот подем и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е мошне тесно поврзано со постоењето и со конституирањето на поранешна Југославија. тој бил вљубеник во Охридското Езеро, „македонското море“, како што го нарекувал, вљубеникот и заштитник на мајката природа. Беше основач на Хидробиолошкиот завод во Охрид и на лимнолошките истражувања во Македонија.

         Уште на почетокот треба да се истакне дека не е лесно и едноставно да се пишува за луѓе кои инспирираат, кои задолжуваат и кои заветуваат, за луѓе кои оставаат неизбришливи траги кај современиците и кај поколенијата што доаѓаат.

          Таков е академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, великанот во лимнологијата и во научната мисла воопшто. Неговата научна и политичка активност биле единствен израз на неговата личност. Тој бил прогресивно ориентиран професор; еден од оние универзитетски професори кои му дале непроценлива помош и поддршка на напредното студентско движење во поранешна Југославија, особено на Белградскиот универзитет. Бил познат биолог во целиот свет и научник од светски глас.

          Академикот Синиша Станковиќ бил роден на 26 март 1892 година во Заечар, Србија. Меѓутоа, неговиот дедо по потекло бил од Македонија, од селото Пожаране, Полошко. Честопати пред научните работници на Хидробиолошкиот завод, професорот го потенцирал своето потекло, а тоа особено било изразено во последните години од животот.

          При една посета на Петар Стамболиќ, кој во својство на претседател на Извршниот совет на ФНРЈ го посетил Охрид и Заводот, во разговорот со професорот Станковиќ и научниците работници од Заводот, рекол дека Синиша навистина целосно се посветил на Езерото. Тогаш, академикот Станковиќ се насмевнал и рекол дека има причини за тоа, бидејќи и во него тече македонска крв, а потоа ја раскажал историјата на своето потекло

          1dat33

                                      Црквата Св. Никола во Пожаране

Имено, заради незгодите што ги имал со турските власти, неговиот дедо уште во раната  младост заминал од родното Пожаране. Патот го одвел во Заечар, каде што работел како фурнаџија, а истиот занает му го пренел на Ѓорѓи, таткото на Синиша. Во тоа време од фурнаџискиот занает многу добро се живеело, затоа таткото бил релативно добро ситуиран и бил во можност да го испрати својот син да учи средно училиште во Заечар.

          Синиша со успех го завршил основното и средното образование во родното место, но уште како дете имал афинитет и голема љубов кон музиката и кон фолклорот. Како гимназијалец свирел на флејта, а од неа не се одделил ниту како студент, а и подоцна. Заедно со професорите од Универзитетот свиреле во оркестарот и тоа најголем број концерти на Коларчевиот универзитет и пред студентите.

          Многу ја сакал народната музика, а особено македонскиот мелос и често сам или пред студентите пеел македонски песни, а најчесто од сите македонски песни ја пеел песната  „Билјана платно белеше на охридските извори“.

          По завршувањето на средното училиште во своето родно место Заечар, младиот и талентиран Синиша се запишал на Универзитетот во Белград, каде што ги започнал студиите по биологија во 1910 година. Уште од почетокот се истакнувал меѓу студентите со своето широко познавање, разбирање и со својот афинитет кон биолошката дисциплина. Меѓутоа, Првата светска војна го прекинала неговото редовно школување и перото го заменил со пушка. Бил приклучен во српската војска и како војник го преживеал повлекувањето преку високите планински бездни на Албанија, за да стигне на крајот до островот Крф. 

          Во текот на Првата светска војна, во српската војска во чиј состав биле приклучени голем број Македонци, кога се воделе историските битки на Кајмакчалан и на Солунскиот фронт, професорот Станковиќ вршел хумана дејност.

         Имено, во текот на 1915 година бил назначен за професор по билогија на Велешката гимназија, во градот кој во тоа време претставувал вистински крстопат на војните, на политичките и на економските збиднувања, во времето на распарчувањето на Македонија. Всушност, тоа била повторна средба со Македонија, зошто Станковиќ уште во текот на студирањето, заедно со студентскиот хор од Белград, го посетил Скопје каде што настапил со својата флејта и ги покажал своите високи музички квалитети.     

Продолжува 

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top