Култура и туризам

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА ЗА АКАДЕМИКОТ СИНИША СТАНКОВИЌ (2)

1lu4

1lu4

Во текот на 1916 година, со реорганизација на српската војска, бил упатен во Франција, во градот Гренобл, каде се запишал на факултет и ги продолжил студиите по биологија. Бидејќи добро го познавал францускиот јазик, без проблем и веднаш се вклучил и се адаптирал на новата средина. По две години, во 1918 година, со успех ги завршил своите студии по природни науки на Универзитетот во Гренобл.

Неговата научна и интелектуална способност била крунисана во 1921 година, со одбраната на докторската дисертација на тема „Развиток и исхрана на младите рипчиња од ципринидите (ларви од фамилијата на крапот)“, што ја одбрани на француски јазик. Инаку, треба да се истакне дека професорот Станковиќ, покрај францускиот јазик што му беше „втор“ мајчин јазик, зборуваше и се служеше со англиски,  германски и со руски јазик, како во науката, исто така и во обичниот живот.

          Како доктор на науки се вратил во Белград во 1921 година, каде што бил избран за асистент по биолошки науки на Белградскиот универзитет, по две години за вонреден професор, а во 1934 година за редовен професор на Универзитетот и бил еден од најценетите педагози, водејќи настава по повеќе зоолошки дисциплини во периодот од четириесет  години, па сè до 1962 година кога бил пензиониран.

          Заради неговата богата научно – воспитна дејност, во 1934 година професорот Станковиќ бил избран за дописен член на Српската академија на науките и уметностите (според едни извори), а според други – во 1935 година, а за редовен член на Академијата беше избран во 1946 година.

          Својата наставна кариера професорот Станковиќ ја започнал, главно, во 1922 година со изборот за доцент на Белградскиот универзитет. До Втората светска војна тој станал истакнат универзитетски професор, пројавувајќи голема активност во низа биолошки дисциплини.

         Уште во тоа време сметал дека треба да се направи освежување на биолошката настава и на проучување на биолошките науки, притоа особено се ангажирал за формирање на екологијата како наука што ги проучува односите меѓу живите организми и нивната конкретна средина.

         1lu44

Со таа своја преокупација професорот Синиша Станковиќ успеал да воведе настава и да се започне со научно – истражувачка работа од областа на екологијата, која во тој период била сосема млада и мошне перспективна еколошка дисциплина. Направил голем напор и почетен потфат екологијата да ја претстави како млада наука и научна дисциплина не само низ универзитетската настава, туку ја приближил до сите еколози и до широката јавност. А особено дошло до израз со појавата на неговата најшироко позната, научно – популарна еколошка монографија „Рамка на животот“, печатена  на српско-хрватски јазик во 1933 година.

          Инаку, оваа монографија повторно била отпечатена по ослободувањето во 1945 година и претставува единствен учебник од таков вид за студентите по биологија и прирачник за голем број читатели надвор од научниот свет. Врвот на достигнувањата на сите напори што професорот Станковиќ ги правел на полето на екологијата дошло до израз со објавувањето на книгата „Екологија на животот“, на српско-хрватски јазик, во 1962 година. Во книгата, општите принципи на екологијата се поткрепени со примери од истражувањата на екологијата во која се внесени резултати и заклучоци до кои се дошло во земјата и во светот.

          Настојувањата на професорот Станковиќ да ја воведе и да ја развие екологијата се покажало во целост оправдани и денес таа се учи не само како модерна и многу значајна дисциплина, туку и како своевидна филозофско – теоретска област. Тоа е научна област која сè повеќе се покажува како единствена надеж, пред сè од големата опасност за човештвото, а човекот – било од незнаење или од непочитување на еколошките законитости, прави катастрофална грешка уништувајќи ја и деградирајќи ја својата природна животна средина што го опкружува.

          Големината на професорот Станковиќ и неговата заслуга е во тоа што сегашната состојба ја предвиде, речиси, визионерски пред многу години, кога гласно предупредуваше дека човекот не е само член на својата тесна општествена заедница, туку, во исто време, тој е член на целиот жив свет околу него.

         Исто така, тој велеше дека една од задачите на екологијата е да го одреди односот на човекот кон останатата жива природа, која е неразделна целина што човекот интензивно ја користи. Затоа, со право може да се каже дека Синиша Станковиќ е основач на модрената наука – екологијата и тоа е едно од неговите врвни научни достигнувања.

          Д-р Павле Савиќ, нуклеарен физичар, професор на Белградскиот универзитет, академик и општественик, за професорот Станковиќ го има кажано следново:  

          „Со долги и долгогодишни испитувања успеа да дојде до таква синтеза што ја содржат и научните трудови и популарните дела во кои со особено мајсторство излагаше и им даваше на читателите многу за вистинското сознание на, за него, посебен наративен и уметнички начин.          

Со својата широка, стручна и општа култура, професорот Станковиќ навлегуваше во мошне сложени проблеми на човековата околина или, воопшто, „рамка на животот“, како што тој ја нарекуваше.

          Беше свесен за огромните опасности кои што потенцијално ги содржат биолошките можности, со кошмарните експерименти што луѓето во светот ги прават во таа област. Меѓутоа, докрај го сочува неуништливиот оптимизам и верба во човековиот разум. Докрај остана убеден дека луѓето во целиот свет на својот пат кон подобра иднина ќе ги надминат тие кризи, сметајќи ги за кризи на разумот.

          Својот оптимизам го внесуваше во секоја работа со која се занимаваше. Со неговиот голем број научни трудови стекна реноме на мошне ценет и ширум светот познат научник; со својата педагошка работа остави плејада научни соработници и ученици, формира биолошки лаборатории и остави оспособени кадри да го продолжат неговото дело.

Продолжува

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top