Култура и туризам

Македонија од септември на Травел Чанел Интернешнл како возбудлива туристичка дестинација

macedonia-kaneo

macedonia-kaneo
Tриесетминутен документарец за туристичките потенцијали и природните убавини на Македонија од септември ќе почне да се прикажува на престижниот Травел Чанел Интернешнл (Travel Channel International). Екипа на Травел Чанел од 18 јули е во земјава, работи на снимање на документарната емисија посветена на Македонија, со наслов “Еssential Маcedonia & Travel Today”.

На денешната прес конференција во Скопје продуцентот Џед Клав посочи дека станува збор за доловување на суштината на Македонија преку презентирање на природни, историски и културни знаменитости, како и слики од животниот стил на жителите на земјава. Документарецот ќе се прикажува во 120 земји на 20 јазици во светот следните неколку пати месечно во наредните три години. Македонија вели, ја избрале за истражување бидејќи се совпаѓа во концептот на серијалот за документарци за интересни и возбудливи места.

– Се обидовме да добиеме слика за земјата и бевме во обиколка на планини, го посетивме Скопје, Охрид, бевме на маунтбајкинг во Маврово, разгледувававме дел од археологијата и историјата на земјата. Вечер ќе се позанимаваме со забавата и ноќниот живот во градот, рече Клав.

Презентерот Дени Робинс е задоволен од гостопримството и вкусната храна во Македонија, од можностите за планински велосипедизам, од убавините на Охридско Езеро, а особено од винскиот туризам, но и од прекрасниот пејсаж и отворениот простор. Откако ќе ги средат впечатоците од еднонедeлниот престој во земјата кој завршува в сабота, ќе можат да ги посочат највозбудливите импресии за нив.

– Не знаеме многу за Македониај освен дека играте фудбал и за Александар Велики. За нас Македонија е еден вид мистерија која допрва треба да ја откриеме, вели Робинс кој се надева дека добро ќе ја презентираат Македонија пред светот.

Забелешки имаат на градежните работи во градот кои, вели, во моментов пречат да се види целата слика за градот.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија Виктор Мизо и Зоран Николовски, раководител на сектор – туризам при Министерството за економија се согласуваат дека документарецот на Травел Чанел како водечки светски медиум кој емитува 24-часовна програма е одлична можност за промоција на земјата.

Мизо појасни дека досега на Травел Чанел се емитуваа спотовите за Македонија вечна во рамки на активностите за меѓународната промоција на земјата во релевантни странски медиуми како атрактивна бизнис и туристичка дестинација. Изборот да снимат докуменатрец за Македонија е на самиот ТВ-канал, кој ги покрива трошоците, а од македонска страна е обезбеден престојот  низ Македонија.

Запрашан за актуелните состојби во туризмот Николовски посочи дека за разлика од лани кога се забележа пад од два проценти кај приходите од оваа гранка, годинава по лошиот почеток со зимскиот туризам заради немање снег од мај се забалежува раст на оставрени ноќевања. Особено задоволни се од растот на домашниот туризам за 20 отсто кој вели, се должи и на кампањите „Истражи ја Македонија“.

Досега од земјите во регионот Травел Чанел снимал во Црна Гора и Грција, а Перу, Нигерија и Тајван се во изборот за  следни дестинации.

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top