Култура и туризам

МИСТЕРИЈА КОЈА НИКОГО НЕМА ДА ГО ОСТАВИ РАМНОДУШЕН!

1tri8

1tri8

ОБЈАВЕН КРАТКОМЕТРАЖНИОТ ИГРАН ФИЛМ „ЈАНА“ ОД АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ

Неодамна (по претходната премиера во Штип и претставувањето на ТВ) на каналот Youtube  е поставен краткометражниот триесетминутен игран филм „ЈАНА“ според сценарио и монтажа на Александар Донски, а  во режија на Трајан Ристовски и Александар Донски. Филмот по жанр е мистерија, но изобилува со емоции и носталгија по младоста и рок музиката во далечните 1970-ти години. Филмот веќе предизвикува голем интерес во јавноста и поради тоа што претставува потсетување и на легендарната македонска рок група „ТРИАНГЛ“ од Скопје и нивниот голем хит „Јана“ од 1975 година, чија музика доминира во филмот.

Потсетуваме дека гитаристот на „Триангл“ Борче Стоевски загина во сообраќајна несреќа во 1977 година, а басистот Кокан Пандиловски беше почесен гости на премиерата на филмот во Штип. Филмот е снимен на локации во Јапонија и во Штип и е во  продукција на: Фото-кино клубот „Ванчо Прќе“ од Штип. Продуцент на филмот  е Славе Ивановски во сеќавање и чест на својот син Ангел Ивановски (1983 – 2022). Во филмот настапуваат професионалните глумци: Страшко Милошевски, Ава Хусеини и Рујиш Беговска, како и Александар Донски.

Во филмот учествуваат и: Јасминка Соколовска, Загорка Донска, Марија Причкова Митева и Ленче Филипова. Камерата е на Трајан Ристовски и Загорка Донска, додека за тонската обработка беше задолжен Филип Стевановски и неговата FIS Production. Фотографиите се на Маја Рамона Крстевска, Биљана Кошарска, Коце Митрев и Фото-кино колуб „Ванчо Прќе“. (М.Н).

ФИЛМОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ НА:

https://www.youtube.com/watch?v=rQJMumKqMh0

1DOOM9 Македонска нација

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top