Култура и туризам

НОВ ФИЛМ ОД ЛИЛА МИЦЕВСКА

1mond11

1mond11 НОВ ФИЛМ ОД ЛИЛА МИЦЕВСКА

Лила Мицевска е Австралијанка родена Македонка која живее и работи во Сиднеј Австралија.

Лила е динамична и сестрана филмска и театарска актерка, која неодамна глумеше во истакнати австралиски ТВ реклами, краткиот филм на Darkes Forest Blues, сценската продукција „Лисицата на Талвеј“ и македонскиот хит радио драмата „Boiling Point“. Лила студирала на Screenwise, AMAW и ATC.

Краткиот филм „Остатоци“ („Leftovers“) е режисерско деби на Лила,  во кое таа го покажа својот уникатен стил и уметнички израз кон драматичноста.

Подолу можете да погледнете повеќе проекти во кои глуми Лила и произведени од „Bear and the Owl Productions“.

Веб-страница: https://www.bearandtheowlproductions.com.au

Каналот на YouTube е: https://youtube.com/@bearandtheowlproductions

Синопсис на филмот „Остатоци“(„Leftovers“): Алекс ја очекува Сара во неговиот стан на нивниот трет состанок, со големи надежи за вечер со „пица и помирување“. Режија: Лила Мицевска Сценарист: Лиз Василакос. Улоги Сара: Лиз Василакос, Алекс: Адријан Глен. Продукција: Адријан Глен, Ема Џонстон, Лила Мицевска, Лиз Василакос. Директор на фотографија: Ема Џонстон. Монтажа: Адријан Глен, Ема Џонстон, Лила Мицевска. Продукциски дизајнер: Адријан Глен Бум оператор: Џејмс Лауричела

Лила Мицевска може да се контактира на:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top