
Овде дворови – Лазаре – се изметени,
Овде дворови – Лазаре – се исчистени…
Рака за рака фатени,
Грла со грла сплотени,
Празнична песна распеани –
На Лазаров ден,
На Лазара.
Имат мајка, Лазаре, мила ќерака,
Таа мислит, Лазаре, да ја омажит…
Ѕвек на ѓердани сребрени,
Сјај од носии шарени,
Во двориште, како гулабици распеани –
На Лазаров ден,
На Лазара.
И в горина, Лазаре, да си дочекаш,
Со си фамилијата, Лазаре, што ја имаш…
Румени лица момински,
Како синџир врзани,
Од куќа в куќа разиграни
И Лазарска песна распеани –
На Лазаров ден,
На Лазара.