Култура и туризам

МОНОГРАФИЈАТА ЗА ХРАМОТ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СКОПЈЕ

1bogor1 copy

1bogor1 copy

Во издание на издавачката куќа „Култура“ од Скопје е отпечатена монографијата за храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, чиј автот е протојереј-ставрофор Трајче Петковски. Делото е отпечатено по повод јубилејните -1 000 години на Охридската архиепископија, 60 години од обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на самостојна  Македонска православна црква – Охридска архиепископија и 10 години од возобновувањето на значајниот храм „Рождество  на Пресвета Богородица“ во Скопје.

Авторот на делото  протојереј-ставрофор Трајче Петковски е роден на 29 мај 1967 година во Богомила, Велешко. Основно образование завршил во Скопје, потоа, Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, а во 1991 година дипломирал на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски’ – Скопје.

Од 30 јуни 1992 година, е поставен за свештенослужител во храмост „ во Црниче, Скопје, а  на 15 јуни 2002 година е назначен за старешина на Храмот. Потоа на 8 јануари 2003 година е произведен во протојерејски чин, а од 20 септември 2008 година е поставен за старешина на новоосветениот  храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Магистрирал на Институтот за национална историја при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјена групата  Историја на македонското национално ослободително движење, на тема „Соборниот храм Пресвета Богородица (1835-1918)“.

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква на својата редовна седница одржана на 13 декември 2016 година, на предлог на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, го одликува отецот Трајче Петковски со највисокиот свештенички чин „Протојереј-ставрофор“.

Во предговорот на моногравското дело, авторот прота-ставрофот Петковски, меѓу другото, напишал дека интересот за научна обработка на темата: Храм „Рождество на Пресвета богородица“ произлезе од потребата да се даде придонес кон научното осветлување на еден многу значаен храм од историјата на изградбата на прекрасната  црква „Света Богородица“, која со својата изградба целосно го сплотила населението од градот Скопје. Подоцна, благодарејќи на нејзиниот култ кај народот, таа ќе си го добие и своето место на заштитничка на градот Скопје.

 1bogor11    1bogor111

„Рождество на Пресвета богородица“/ Трифун Костовски и отец Трајче Петковски 

Исто така, во првиот дел е пренесено дека многу е значаен периодот за Скопје кога е отворена Првата црковна  училишна општина „Света Богородица“. Тоа било типично училиште со специфична методика на наставната работа и организација, во кое наставата се одвивала исклучително на македонски јазик.  Учителската дејност  ја организирал и ја раководел македонскиот преродбеник, учител и учебникар Јован Хаџи Константинов – Џинот. Тој е големиот Македонец кој зазема исклучителна учителска, просветна и политичка дејност во Скопското народно училиште.

За овој истакнат преродбенски учител и народен просветител и за неговата учителска дејност постојат многу интересни податоци поврзани токму со неговото дејствување во црковно училишната општина при Соборниот храм „Света Богородица“.

Вториот дел на моногравското дело за храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје е посветен на возобнувањето на храмот на темелите на  „Света Богородица“. Имено, храмот е отпочнат со изградба во 2004 година, а целосно е изграден и возобновен  во својот првобител автентиче лик и димензии во 2008 година, со донација на бизнисменот и тогашниот градоначалник на Скопје – Трифун Костовски.

Монографијата е посветена на 10 годишниот јубилеј од возобновувањето на храмот „Рождество  на Пресвета Богородица“ во Скопје. Таа е мошне сложена тема досега во македонската историографија како дел од Македонската православна црква и историографијата на градот Скопје и неговата околина.

Инаку, методолошката и хронолошко-проблематската концепција за изградбата на магистерскиот труд „Соборниот храм Пресвета Богородица (1835-1918)“, беше направен под менторство на рецензентот проф. Д-р Катерина Тодоровска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Исто така, значаен удел во обработката на материјалите имаат и рецензентите: проф. д-р Александар Трајановски,  проф. д-р. Марјан Димитриевски и проф. д-р. Македонка Митрова.

Трифун Костовски, пак, како христијанин и почитувач на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, има спонзорирано голем број светилишта. Меѓу другото, има помогнато во санацијата на црквите: „Света Софија“ во Охрид и „Свети Пантелејмон“ во Велес и на конаците на манастирот „Свети Јован Бигорски“. Исто така, има донирано во црквите „Свети Трифун“ во Кучково, „Свети Петар и Павле“ во Јурумлери, Скопско, „Свети Климент“ и „Света Петка“ во Штип, во храмот „Рождеството на Света Богородица Трорачица“ во Крива Паланка, а е помагател и на џамијата во Центар Жупа.

Најголемата инвестиција во верско-националните објекти на Трифун Костовски е, секако, неговото ктиторство на изградбата на Соборниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ кој се наоѓа во центарот на градот Скопје. Црквата се наоѓа во познатото Пајко Маало на самиот кеј од левата страна на реката Вардар. Таа била соборен храм на градот Скопје и седиште на Скопската епархија (митрополија). Патрониот светец на црквата „Пресвета Богородица“ е заштитничка на градот Скопје.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top