Култура и туризам

МАЈСКО УТРО

Marija Vodenska

Marija Vodenska copy

Марија Воденска

Трендафилот стегнат в’ рака соголе и се распосла цветот врз бирото и на подот, а мирисот се ширеше и понатаму. Трендафилот не е обично цвеќе,  И при секоја нова средба со мирисот, во некое друго време во екот на бујните цветови со градинарски мирис, потсетува на момент значаен и доживеан во минатото.

Надвор во паркот на височинката работниците беа насобрани и го чекаа својот дневен оброк – распоред од директорот. Некои стојат, други се клекнати, некои се потпрени на стеблата од багремите и дивите костени, а малкумина од нив се седнати на зелената трева. Одблизу допира дремлив соговорник. Повеќето го пушат својот ден со мирисот што се губи како сивкаста пајажина, низ утринската свежина и богатството на зеленило бликнато од утринската роса.

Со работничка облека од темно син кепер, на грбот од облеката втиснато името на фирмата ЈП “ФОРТУНА”,  е дамкосан живиот труд  на работникот.
И нема ништо значајно во тоа, ако не пречекорил над превезот, под кои тие го очекуваат својот катадневен и денешен залак, што утрински му ги скомиња забите. Под каскетите од истиот материјал не може да се скрие гладот, што извира од очите и утробата што ги пречекува со вистинската измама за топлата вечера, полна торба аргатски маки големи, “стани си утро порано, легни си вечер подоцна“…на Рацин за светскиот ден на поезијата,

 
Скришум од директорот кој се’ уште не дошол, се приближив и не наметнато заподенав разговор за убавите мајски денови, за утрата што допрва идат…

– Поминаа златните години со ТИТО, процеди низ заби еден од работниците и продолжи, Имам многу стара мајка, вчера ми рече:
— А бре синко, што толку народот се разудрил со садење на тутун? Тоа е знак и ми личи на сиромаштија. Пред војната така беше со беда, глад и немаштија…
— Сиромаштија е мајко, и’ реков, ајде кажи ми откога месо не сум донел дома? Пак е како некогаш, месо само за Велигден и за Божиќ. Дечињата носат патики и јадат леб со маргарин, млекото е луксуз да се пие. И не сум само јас така Мајко, со такво дереџе се и моите другари и нивните познати и фамилии. За моето метење на улици, полевање на зеленило и фрлање ѓубре од кантите по куќите, толку се добива, колку да ги подмирам сметките за вода, струја и ќирија. Од твојата пензија, и сама гледаш, се храниме до 10- ти во месецот, а другите денови џвакаме без да голтаме…Гребаме и таму кај што дното се продупчило…
Некако и сонцето не не’ стоплува. Коските ми штракаат како штркот со клунот. Рацете ми се тресат, целиот треперам и гласот ми се одзема кога децата ми бараат јадење. На радио велат дека кромидот и зелката биле озрачени, да не се купувало, ами што друго Мајко, ако со лебецот не ми замира барем кромидот со буковец. На другарите им велам, ние сме озрачени пред озрачувањето и одамна сме имуни на здравјето. Го крпиме денот уште пред да изгрее сонцето.
За вечера многу од моите другари си одат дома, откако ќе позаспијат децата, им барале пари за тетратки за книги, за кино… пролетта и летото кратко ќе потрајат. Зимата е многу долга, растегната како ластик што само се издолжува. Од мојата плата се купува само три метра куси дрва за горење. Зима иде, како ќе ја поминеме со овија паразити што се накотија во општината и директорот со нив, ми се запалува главата и ме печи во во градите, МАЈКО МОЈА…!

Во јавното претпријатие “Фортуна“, како што немав никакви задолженија, бев “неподобна“ по казна од Сојузот на комунистите во Штип, ме замоли Томе да ги прочитам неговите издадени книги за корегирање, кои според мене беа полни со шаблонски социо- фрази. Текстот во книгата “Акцијаши“ го сведов само на акцијата во Маврово.

Моето интересирање се задржа на романот “Грешна Недела“ во која се зборува за Велика, што  е осудена на затвор повеќе години,  поради убиство на нејзиниот маж. За време на издржувањето на казната, таа од својата ќелија преку прозорските решетки, постојано е загледана надвор. Зимата доаѓа и врне снег. Гледа во снегот напластен и врз снегот се шетаат гарвани- чавки. Таа е внесена во стапалките на гавраните кои личат на расштркано писмо.

Описот во книгата несомнено привлекува внимание за читателите.

По шест месеци Велика е постојано крај решетките загледана во просторот со менување на годишните времиња. Авторот ја опишува истата слика со снегот и гавраните…

Читајќи внимателно, забележав анахронија во времето. На авторот му поставив прашање, каде се случува дејствието? Ми одговори дека е во Македонија. А колку месеци има снег во Македонија? Ми одговори дека може да врне снег четири, а најмногу пет месеци. И тогаш му реков: Како е можно по шест месеци да врне снег во Македонија?

Авторот се подзамисли, возбуден од парадоксот, енергично самиот се запраша? Па како овој пропуст не го забележал Димитар Митрев, професор по литература и најплоден критичар? Тој ја напиша Рецензијата и критичкиот осврт кон книгата “Грешна Недела“, прв роман издаден 1961 година!?…

Нејсе!

Моето работно време беше изолација од народот во градот, но со најмногу прочитани книги.               

ЈП “ФОРТУНА” —Штип, 1987 година

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top