Култура и туризам

УЛОГАТА НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ КАЈ МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (15)

11

11

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Митрополитот г. Кирил, има особени заслуги за формирањето на прекуокеанските епархии и за организирањето на црковниот живот во Австралија, САД и Канада. Останува запаметен како македонски црковен и национален симбол во иселеништвото. Прогласен е за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во САД и во Канада и во неколку града во Австралија. Добитник е на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ.

Владиката Кирил беше олицетворение на автокефалноста на МПЦ-ОА и човек кој умееше да обединува и да се грижи за македонските национални интереси, но и да им се спротивставува на оние што ги напуштаа таквите начела. Имаше извонредни комуникациски способности, дух што поттикнуваше и енергија која обединуваше.

На достоинствен и сугестивен начин ги соопштуваше своите ставови и ги држеше своите проповеди на верниците како митрополит на Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦи наПолошко-кумановската епархија.

Според зборовите на митрополитот Кирил, Петровден 1967 година, кога тој стана член на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква беше незаборавен. Имено, на таа седницашто што се одржа на 17 јули 1967 година, беше донесена историската одлука за канонско возобновување на афтокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на автокефалната Македонска православна црква, а Кирил беше избран за прв надлежен македонски архиереј за Американско-канадско-австралиската епархија на МПЦ.

Тоа му овозможи да се запознае со македонското иселеништво. Особено беше значајна  пролетта 1965 година, кога како член на делегацијата на МПЦ, предводена од поглаварот на МПЦ, првиот архиепископот г.г. Доситеј, во својство на архиѓакон, за прв пат патува во Канада и во САД, каде асистира при евангелисувањето на првата македонска православна црква во Торонто, на празникот Цветници, посветена на свети Климент Охридски.

Како член на Синодот, веднаш се вклучува во довршувањето на обемниот елаборат за обнова на автокефалноста на Охридската архиепископија. Пет дена подоцна (на 17 јули 1967 година) Светиот архијерејски синод  на МПЦ-ОА одржа седница во црквата „Света Богородица Перивлепта” во Охрид, на која беше донесена историската Одлука за целосно возобновување на автокефалноста на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

По потпишувањето од страна на сите членови на Синодот: архиепископот господин господин Доситеј и митрополитите: господин Климент, господин Наум, господин Методиј и господин Кирил, истиот ден беше презентирана одлуката пред членовите на Третиот црковно-народен собор, што се одржа во катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија”.

1 copy copy „Свети Климент Охридски“ во Торонто

На овој Собор господин Кирил е избран за прв надлежен архијереј на штотуку востановената Американско-канадско-австралиска македон­ска православна епархија, со која ќе раководи повеќе од две децении.

Зема учество во повеќе делегации на МПЦ-ОА за запознавање на сестринските цркви со обновата на автокефалноста на Црквата на македонскиот народ, преку претставување на опширниот елаборат. Истовремено ја извршува и функцијата претседател на Комисијата за враќање на отуѓените македонски богослови од богословиите на СПЦ.

Во 1968 година ја реализира првата посета на северноамерикан­скиот континент како надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската македонска православна епархија. За време на едномесечниот престој во САД и Канада, го освети третиот македонски православен храм на американските простори, црквата „Свети Ѓорѓи” во градот Сираќуз, во државата Њујорк, а посети и други градови во кои го отвори и поттикна процесот за формирање нови македонски православни црковни општини и за изградба на нови цркви под јурисдикција на Светоклиментовата МПЦ-ОА.

Митрополитот господин Кирил во текот на наредните повеќе од две децении ќе одигра голема духовно национална улога, оттргнувајќи десетици илјади Македонци од српските, грчките, бугарските и други цркви, со цел да доаѓаат во македонските православни храмови.

На тој начин е спречена натамошната асимилација и денационализација на македонскиот православен народ на тие американски простори. Тој беше добродојден во сите македонски асоцијации, македонски домови, особено во македонските православни цркви на северноамериканскиот континент, во кои, тој има голем удел за формирањето на тие македонски црковно-национални храмови за генерациите.

По враќањето од  САД врши интензивни подготовки за реализација на првата посета на Македонците во Австралија. Притоа, со одбран тим на свои најблиски соработници ги изработува првата епархиска конституција со експозе и новите правилници, со кои македонските црковни општини ќе се усогласат со светите канони и новиот Устав на МПЦ-ОА.

Според нивното слово ќе бидат формирани и раководени новоизградените македонски православни цркви. Првата канонска посета на Австралија ја изврши во почетокот на 1969 година, заедно со митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј.

По враќањето од Австралија, врши обемни подготовки за посета на Канада и САД. Во канадската метропола Торонто, каде македонската етничка заедница е најбројна, заедно со ѓаконот Александар Цандовски ќе им биде нивното седиште и тука се преземени темелни потфати за формирање на првите органи и тела на Американско-канадско-австралиската македонска епархија.

На 10 август 1969 година, во катедралниот храм „Свети Климент Охридски Чудотворец” – во Торонто, со величествени свечености е извршено неговото востоличување во епископскиот Светиклиментов трон на Американско-канадско-австралиската македонска православна епархија од страна на Неговото високопреосвештенство митрополитот дебарско-кичевски г. Методиј. Кога во 1971 година, ќе биде востановена и Полошко-кумановската епархија, митрополитот Кирил ќе биде избран за нејзин администратор со сите права и должности кои произлегуваат од Уставот на МПЦ-ОА.

Неговото архипастирствување со оваа Епархија е крунисано со најголем успех преку возвеличувањето на Шар Планина, со изградбата на манастирот посветен на „Свети Наум Охридски Чудотворец”, на надморска височина од околу 1.000 метри. Овој македонски храм е и чувар на македонската вистина на тие планиски простори во северно-западниот дел на Македонија

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top