Култура и туризам

ОД „ИСТОРИСКОТО“ СЕЛО НИВИЦИ ДО ПЕЧАЛБАРСКОТО ГЕРМАН ВО ДОЛНА ПРЕСПА (18)

1 copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Според историските документи, по завршувањето на Балканските војни (1912-13) Преспанската Котлина им припаднала на Србија (Стара Југославија) и Грција (Елада). Делот од Македонија познат како Мала Преспа беше даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот мировен договор во 1919 година. Селото Нивици (Псарадес), пак, се наоѓа на најјужниот брег на Големото Преспанско Езеро. Тоа е мало, чисто македонско село опколени речиси од сите страни со вода

 Ако Македонија е најубавата земја на Балканот, тогаш Преспа, особено Долна Преспа е срцевината на таа македонска убавина. И не случајно, зашто на овие македонски простори некогаш било седиштето на Самуиловата држава, а и на свети Климента. Првиот бил владетел на светот, а вториот бил великан на православието.

Не се памети од кога населението Котлината ја има „поделено“ на Горна Преспа, Долна Преспа и Мала Преспа. Меѓутоа, запишано е дека Горна Преспа го зазема северниот дел, Долна Преспа јужниот, а Мала Преспа југозападниот дел на Преспа. Горна и Долна Преспа ги одделува ридот Веќе кај Претор, а Мала Преспа и Горна Преспа копнено се одделени со Пречна Планина. Делот на Долна Преспа, пак, со Малото Преспанско Езеро од Мала Преспа ги одделува планината Сува Гора.

Според историските документи, по завршувањето на Балканските војни Преспанската Котлина им припаднала на Србија (Стара Југославија) и Грција (Елада). По една деценија Грција ù ја отстапила Мала Преспа на Албанија, со што тромеѓето на овие три држави останало во водите на Големото Преспанско Езеро, во непосредна близина на островот Голем Град.

Во Преспанската Котлина постојат 74 населени места од кои 36 се протегаат во Горна Преспа во Општина Ресен. Во Долна Преспа, во делот на Република Македонија има 8 села и тоа: Сливница, Арвати, Крани, Штрбово, Љубојно, Брајчино, Наколец и Долно Дупени. Во Долна Преспа во Грција (Елада) има 18 села и тоа: Герман, Раби (Р‘би), Медово, Штрково, Опаа, Рудари, Папли (П‘пли), Оровник, Буковик, Лк (Л‘к), Дре- ново, Трново, Граждено, Орово, Дробитишта, Винени, Нивици и Аил (Ахил), како и 3 села во де- лот на Албанија: Заградец, Ракитско и Суец. Во Мала Преспа (во Албанија), пак, има 9 населени места и тоа: Пустец како опшински центар, потоа, Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрновско и Церје.

Преспа, како и многу други предели од Западна Македонија најмногу е позната по печалбарството. Од памтивек од овој крај се одело на печалба. Печалбарството, војните и поделбите на Долна Преспа оставиле многу траги кои зборуваат за тагата на разделбата, за неостварените желби, за неизносените невестински руби и за детството без топла родителска љубов.

11 copy

                                                          Селото Герман

Тоа е место оплакано со солзи, место на средби и на разделби, место кое оставило длабоки болки во душите кај раселените ширум светот. Често се вели дека да бидеш во Долна Преспа значи да се навратиш и да тагуваш за минатото, да ја видиш денешната слика на разделена Македонија и да размислуваш за иднината на овој дел од македонската земја.

Меѓутоа, цела Долна Преспа, сите населени места долж Преспанското Езеро се празнично расположени во текот на летните месеци. Овој живописен дел на Преспа широко ги отвора своите порти за туристите, добронамерниците за печалбарите од целиот свет, да го посетат крајот на најслатките јаболка и на вештите рибари.

Овој прекрасен крај ги мами печалбарите да се вратат во своето родно место, на своето старо огниште… Затоа, голем број од тие „талкачи по светот” доаѓаат да се видат со своите најблиски, особено да го празнуваат Илинден на 2 август секоја година.

Долна Преспа во Грција (Елада-Беломорска Македонија), има своја иосторија, минато, сегашност и иднина. Општо е познато дека македонскиот народ во тој дел од македонската земја, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција.

Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист. Грчката буржоазија, во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн.

Повеќедеценискиот процес на етничко чистење, елинизација, бришење на македонската историја и нејзиното толкување според елинските големодржавни потреби е процес на бришење на македонскиот национален идентитет и постоење. Особено егзодусот на Македонците од Долна Преспа како последица од Граѓанската војна и од елинските (грчките) репресивни режими, спаѓа во редот на најтрагичните етнички чистења направени врз еден народ во најновата европска историја.

Заради остварување на елинските мегаломански идеи, Македонците од Долна Преспа, а и од цела Беломорска Македонија, од 1913 година се изложени на физичка и духовна репресија, која низ различни форми, но со непроменети цели, трае до ден-денес. Се обезличува и деноминира македонскиот народ и неговиот национален идентитет низ перманентна елинизација. Затоа, не се дозволи враќање на илјадниците протерани македонски иселеници, со цел да се прикаже македонската историја како елинска.

За жал, во Долна Преспа, а и во цела Беломорска Македонија денес владее национално и политичко ропство. Таму елинските (грчките) националисти и шовинисти прават големи усилби да го обезличат македонскиот национален дух и да го уништат и длабоко да го закопаат богатото историско и културно минато на македонскиот народ, за што пишувале голем број интелектуалци и паталци.

За Долна Преспа во Егејска Македонија се напишани голем број историски и други дело. Но, овој пат ние ќе се задржиме на селото Нивици, чие име е преиначено во Псарадес. Тоа се наоѓа на најјужниот брег на Големото Преспанско Езеро. Нивици е мало, чисто македонско село опколено речиси од сите страни со вода. Тоа одсекогаш било македонска населба, која до денес не претрпела никакви измени. Во него има стотина куќи изградени претежно од камен, во кои според пописот во 1940 година имало 770 македонски жители, а во 1961 година имали 430 жители.

Како причина на миграционите движенја денес во селото живеат неколку стотини жители, кои егзистираат од риболов и туризам. Селото Нивици, од каде е прабабата на авторот на овие редови, Славе Катин, е едно од најрибарските села во Преспа, каде се ловат најголем број различни риби, од кои се сушат познатите нивички белвици.

Од селото има голем број иселеници во прекуокеанските земји, Австралија, Канада и Сад, како и во други земји. Во текот на Граѓанската војна селото настрадало и тогаш дел од населението побарало засолниште во тогашна Југославија и други источно-европски земји.

Треба да се нагласи дека е жалосно што решавањето на имотното право на Македонците од Препа под Грција е многу тешко, а уште потешко кога тоа право треба да се побара во д0ржава, во која сė уште се на сила низа дискриминаторски закони со коишто им е одземен имотот на Македонците  со  потекло  од  егејскиот   дел од Македонија.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top