Култура и туризам

СЕ ОДРЖАА „51-ТЕ ЉУБАНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“

1111122

                                     1111122

Преспа, сите населени места под Пелистер и Галичица, а и другите преспански печалбарски села и Преспа се празнично расположени во текот на август. Овој живописен крај широко ги отвора вратите за печалбарите, да се вратат во своето родно место, на своето родно огниште. Голем број од тие “талкачи по светот” доаѓаат да се видат со своите најблиски, на големиот празник Илинден, на „Љубанските илинденски иселенички средби“ , манифестација што се одржува на 2 август секоја година во убавото печалбарско Љубојно.

Преспа како и многу други места од Западна Македонија најмногу е познат по печалбарството. Од памтивек од овој крај се одело на печалба. Тоа оставило многу траги кои зборуваат за тагата на разделбата, за неостварените желби, за тешкиот живот, тоа зборува за неизносените невестински руби и за детството без родителска љубов. .

Оваа година се славеа 121 година од првиот Илинден, кој е најголем ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија.  Затоа, на Илинден во Љубојно се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што се собираат, притоа доаѓа голем број иселеници од прекуокеанските земји и од европските земји, Исто така за Илинден во Љубојно доаѓаат Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Крани, Наколец и Долно Дупени, како и голем број повратници од Преспа,  Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Манифестацијата  „Љубански илинденски иселенички средби“ е длабоко втемелена во историјата на Љубојно, на Преспа, но и во нашата држава Република Македонија. Таа ја покажува поврзаноста на иселениците ширум светот со родната земја од каде што потекнуваат

Овогодиштата манифестацијата „Љубански илинденски иселенички средби“ се одржаа на 1-ви и 2-ри август по 51-ти пат. Таа е значајна културна манифестација не само за Љубојно и Преспа, за иселениците од целиот свет, туку и за Република Македонија. Во изминатите педесетина години на успешното организирање продефилираа голем број културно-уметнички друштва, музички ѕвезди, литературни дејци и други културолози.

Манифестацијата „Љубански илинденски иселенички средби“ започна да се организираат  на Илинден 1974 година. Тогаш за прв пат музичка група свиреше пред манастирската црква „Свети Илија“, во која по традиција голем број Љубанци одат на Илинден во предпладневните часови да присуствуваат на црковната Богослужба. Таа прва веселба на Илинден 1974 година беше спонтано прифатена од Љубанци со аманет секоја година да се веселат на Илинден пред црквата „Свети Илија“„ и потоа прославата да продолжи на „Полена“, во Центарот на Љубојно.

 11111222

Од овогодишната посета во манастирската црква „Свети Илија“ во Љубојно

Во почетокот средбите во Љубојно имаа карактер во вид на панаѓурска прослава, но како одминуваше времето манифестацијата прерасна во значајна илинденска прослава и печалбарска средба. Така, во последните триесетина години средбите почнуваат на 31 јули вечерта, со играорни и пејачки групи од разни краеви на Македонија, од поранешна Југославија, Мала Преспа, како и уметнички друштва на Македонците од Австралија, Канада, САД и европските земји.+

Во изминатите педесетина години во организирањето на „Љубанските илинденски иселенички средби“ се вклучиле бројни иселеници и мештани на Љубојно. Покрај претставниците на Месната заедница од Љубојно и љубанци, големи заслуги имаат и: фестивалот „Илинденски денови“ од Битола, Општината Ресен, поранешната Матица на иселениците од Македонија, денес Агенцијата за иселеништво на Република Македонија,  бројни оркестри, естрадни уметници, фолклорни групи, медиумите во Македонија и во дијаспората, како и голем број вљубеници во Љубојно и нивни пријатели, особено „Љубојно промет“, „Стара Чешма“, „Дупени Бич“ и други, кои со своето учество дале значаен прилог и придонес средбите да бидат богато организирани, масовни, да имаат поширок карактер и да бидат вечни.

Посебно треба да им се оддаде признание на долгогодишните организатори: Владо Пашариковски, Бошко Рајчовски-Пелистерски, на Славе Катин кој организирал бројни презентации и промоции на свој публикации,  на музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски, како и на Васко Томулевски и негови предходници од Месната заедница во Љубојно.

Овогодишните „Љубански илинденски иселенички средби“, се одржаа во организација на Одоборот на средбите на чело со Васко Томулевски и се организираа по 51-ви  пат. Така, во четвртокот на 1-ви август, на  гостите им се обрати градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, а потоа настапија фолклористите на КУД „Гоце Делчев“ од Битола. Вечерните часови беа резервирани за познатата естрадна уметничка Сања Цинцева, заедо со групата „Молика  1“ и „Екстрада Бенд“, чија забава се одржа до доцните часови  на „Полена“ (Центраот) на Љубојно.

На 2-ри август на денот Илинден, во манастирската црква „Свети Илија“се одржа света богослушба, за која овогодинешен кум беше Васко Томулевски со семејството. Потоа  бише положено цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од Илинден  пред куќата на Калајџиовци. Од таму се отиде во посета на вечните почивалишта на Љубанци во централната цеква „Свети Јован“.

Посебно место за „Љубански илинденски иселенички средби“, им припадна на македонските естрадни уметници Андриана Ацевска и Ташко Каранфиловски, како и на познатите музички состави „Молика  1“ и „Екстрада Бенд“. Сите тие оставија белег и ги направија средбите да се паметат. Овогодишна забава на „Полена“ (Центарот на Љубојно) започна во попладневните часови  и траеше од 17.00 до 2.00 часот наутро.

Со тоа се постигна оваа традиција во Љубојно да живее многу години, а Илинден да биде и слава и верски празник. Илинден како ден на востанието на македонскиот народ да стане и ден на Љубојно и околните села, Брајчоно. Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и Арвати, како и Селата во Долна Преспа во егејскиот дел на Преспа и Мала Преспа во Албанија, а „Љубански илинденски иселенички средби“ да бидат вечни во Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top