Култура и туризам

ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ „СВ. ПЕТКА“ СЕ ОДРЖА „30-ТА БРАЈЧИНСКА СРЕДБА“

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На 7 и 8 август, а по повод празникот света Петка, во селото Брајчино, во Долна Преспа се одржаа триесеттите „Брајчински средби“. По тој повод, на 7 август, во манастирот „Света Петка“ се организираше манастирска вечера, додека на 8 август, на сретсело (Полена) се одржа општонародна веселба

По повод празникот света Петка, во селото Брајчино, во Долна Преспа се одржаа традиционалните триесетти „Брајчински средби“, кои се нарекуваат и „Иселенички средби“. Манифестацијата траеше два дена  и тоа  на 7 август, во манастирот „Света Петка“, а на 8 август се одржа општонародна веселба на Полена, средсело.

На општонародната веселба гостите ги забавуваа групата „Фонтана“ и естрадните уметници: Стојне Николова, Даниела Темелковска и Ташко Каранфиловски. На средбата присуствуваа голем број иселеници по потекло од Брајчино кои живеат во Шветска, Канада, САД и други земји во светот.

Инаку, според пишаните документи света Петка, која е позната и како св. Параскева и како Мајка Параскева е светителка од градот Епиват, лоциран на брегот на Мраморното Море помеѓу Силимври и Константинопол во Тракија.

Таа била родена кон крајот на 10 век, во петок, денот кога Евреите се подготвувале за празнување на празникот Сабат (сабота). Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“. Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.

По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што Исус ја спровел во пустина.

Кога света. Петка била стара, еднаш ѝ се јавил ангел и ѝ рекол да ја остави пустината и да се врати во нејзината татковина. света Петка го послушала небесниот глас, ја оставила својата омилена пустина и се вратила во Епиват. Таму, таа поживеала уште две години и починала.

За жал нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка, па ја погребале надвор од христијанските гробишта. По многу години од нејзината смрт, во градот требало да се погреба некој непознат давеник. Бидејќи бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана Петка. Кога го отвориле нејзиниот гроб, забележале дека нејзиното тело не било распаднато. Потоа, светите мошти на света Петка свечено биле положени во црквата „Св. Петар и Павле”, во Епиват.

 Инаку и моштите на света Петка имаат чудесен историски пат. Така, од нехристијански, политички и други причини во 1238 година нејзините мошти биле префрлен во Трново, а од таму биле однесени во Влашко, во Валахија (Романија). Кога Влашко станало загрозен простор од турските востанија, во 1551 година моштите биле пренесеси во Белград. Меѓутоа, кога султанот Сулејман го освоил Белград во 1521, заедно со други скапи предмети ги зел  и моштите на св. Петка и ги вратил во Истанбул.

Во Истанбул почнале да се случуваат чудеса, па затоа освен христијаните, светицата почнале да ја слават и муслиманите. Тоа ги загрижило муслиманите, и тие плашејќи се верата во чудотворната сила од светите мошти на света Параскева да не се прошири уште повеќе меѓу муслиманите, а и заради молбите и застапништвата на христијаните, ги предале овие свети мошти на константинополските христијани, кои чесно ги положиле во Патријаршиската црква.

Потоа, на барање на Молдавија, моштите биле пренесени во градот Јаши, каде што и денес сéуште се таму (освен два прста од раката  на св.Петка кои останале во параклисот „Света Петка“ на Калемегдан). Така, Во 1641 година, на 14 октомври, (односно 27 октомври), со голема свеченост и огромна радост на жителите на цела Молдавија, нераспаднатите мошти на света Параскева биле положени во Соборната црква на градот Јаши „Св.Три Ерарси”, каде што се наоѓаат и денес.

Во Брајчино, пак, мештаните и Месната заедница од делото одлучија селската слава да им биде света Петка, да го подигне нивото на духовното живеење и да прерасне истовремено во иселеничка средба. За таа цел беше формиран Црковен одбор кој одлучил да се избира покровител во функција на кум секоја година.

11 copy copy copy copy copy copy copy copy

Манастирот „Света Петка“

Така и започнале прославата на „Брајчинските иселенички средби“. Средбите традицијата започнуваат на 7 август во манастирските конаци во кругот на црквата „Св. Петка“, со присуство на голем број иселеници од Брајчино и од околните населби.

Инаку, првата „Брајчинска иселеничка средба“ се одржа на празникот на света преподобна маченица Параскева – света Петка во 1995 година. Ова средба ги стави темелите на наредните иселенички другарувања да бидат поорганизирани, повесели и помасовни. Така, брајчинци средбите ги прославуваат со силен жар, ентузијазам, љубов и со желба тие да бидат вечни.

Треба да се одбележи дека со децении наназад празникот св. Петка летна се празнувал во Брајчино. Тој останал да биде најзначајна селка слава. Традиционално св. Петка започнува на 7 август со посна вечера (заслуг), а завршува на 8 август со ручек кога гости пред се‘ роднини од околните села на Долна Преспа и бројни иселеници во светот. На овој светол ден за брајчинци се подготвуваат пет казани посен грав за околу илјада посетители, што е поклон од народот за народот.

На 8 август, пак, на празникот св. Петка прославата продолжува свечено по домовите, кога секое брајчинско семејство има гости за ручек. Потоа, на сред село и во дворот на училиштето во попладневните часови започнува веселбата со богата културно-уметничка програма и со учество на бројни различни оркестри и бројни естрадни уметници.

Селото Брајчино е едно од најпрекрасните локации во преспанскиот регион. Се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се допира со атарот на селото Бистрица, Битолско, како и со државната граница на јужниот сосед. Ова прекрасно село се наоѓа на надморска височина од околу 1000 метри.

Тоа е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од која е оддалечено 32 километра, и е распространето од двете страни на Стара Река или, како што ја викаат, Брајчинска Река. Атарот на селото е доста голем и зафаќа простор од околу 60 километри квадратни, во кој повеќе преовладуваат шуми и пасишта, а помал дел отпаѓа на обработливо земјиште.

Во Брајчино имаше основно училиште во кое се изведуваше настава до четврто одделение (изградено во 1921 година), а денес останаа само споменикот на НОБ, затворената продавница на средсело и угостителските објекти, хотел-ресторани.

Инаку, Брајчино пред педесетина години броело преку илјада жители, но во последните децении многу од жителите се иселиле во: Канада, Австралија, Америка и Шведска, како и во градовите низ Македонија, затоа бројот на жителите е доста намален. Денес во Брајчино живеат околу стотина жители и сите се Македонци. Како што во Македонија се развива селскиот туризам, така Брајчино е на пат да стане привлечно туристичко место.

111 copy copy copy

Заживувањето на селото Брајчино се должи благодарение на прекрасната местоположба и неповторливата природна убавина, климатските услови на воздушна бања, бистрата и ладна изворска вода и другите природни реткости. Тоа е особено изразено од влијанието на Пелистер со Баба Планина и на Преспанското Езеро.

За Брајчино нема точни сознанија или документи како го добило своето име, но според мислењето и кажувањето на некои постари жители од селото и од други места, се вели дека постојат неколку верзии на преданија кои имаат различни толкувања. Така, во едно од нив се вели дека некогаш пред многу години од селото Браилово, Прилепско, дошле да живеат двајца браќа со нивните стада и крупен добиток.

Во Брајчино условите за живеење биле подобри, а за овците имало доволно пасишта, вода и сè друго што било потребно за стадото, а, од друга страна, пак, местото било позасолнето од арамии кои им краделе овци, јагниња сирење и др. И по тие двајца браќа од Браилово, населбата ја нарекле „Брајчино“.

Брајчино е познато по средновековната тврдина „Кула“, како и по петте цркви и едниот манастир. Свети Никола е селската црква, која е изградена во 1871 година и до која се наоѓаат селските гробишта, потоа црквите Света Богородица, Свети Илија, Свети Архангел (обновена 1916 година), и Свети Атанас (обновена 1984 година).

Секако, манастирот „Света Петка“ е едно од поважните духовни светилишта не само за Брајчино, туку тој е и еден од позначајните споменици на поствизантискиот период од преспанскиот крај. Манастирот се наоѓа во непосредна близина на селото, на едно ливадско плато, а е изграден во XVI век. Во чест и слава на света Петка, селска слава за брајчинци се слави на 8 август.

Според пишаните документи, манастирската црква „Света Петка“ во Брајчино е една од постарите храмови во Преспа. Според познавачите живописот е правен во периодот од 15 до 17 век. Конаците се градени во 1910 година, на остатоците на опожарениот конак од 19 век. Многу оддамна, во манастирската црква имало училиште за монаси. Меѓутоа, за еден подолг периот манастирот и конаците биле руинирани, а и човечката рака оставила лоши траги по фреските и по ѕидовите.

Иницијатива за враќање на стариот сјај на манастирката црква „Света Петка“ започнала во 1978 година, кога жителите на Брајчино сами ја почнале обновата на конаците. Се чини пресудна беше 1995 година, кога Селскиот одбор одлучно дал иницијатива да се обнови манастирот и конаците.

Затоа, во изминатиот период брајчинци и нивните пријатели се потрудиле да создадат подобри услови на луѓето кои доаѓаат од многу места од Македонија и од дијаспората. Како резултат на тоа, во манастирската црква „Света Петка“ сé е обновено: конаците, фасадата, чардаците, скалите, изградена е кујна, две трпезарии, гостинска соба за дневен престој, владичка соба и три соби за спиење.Со тоа манастирот „Света Петка“ во Брајчино стана значаен религиски споменик во Преспа и во Македонија. 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top