Култура и туризам

ПРЕСПА – МАЛ МАКЕДОНСКИ РАЈ (23)

2 copy copy copy

2 copy copy copy

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Преспа има историско името. Таа е историско-географска област, котлина во чиј центар се сместени двете преспански езера — Големото и Малото. За Преспа може многу да се каже. Таа во себе крие голем потенцијал, неискористени капацитети и природни убавини кога станува збор за туризмот. Затоа со право е запишано дека етничка Преспа е мал македонски рај.

Преспа како дел од Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија. Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети.

Co тоа се потврдува дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата. Неговото христијанско население го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на Исус Христос…

Тоа се потврдува со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква и други населени места

Митовите за Преспа кажуваат дека Царот Самуил имал ќерка Преспана, која по смртта на својот татко живеела во крајбрежното село Царев Двор. Била надалеку позната по својата мудрост, убавина и храброст. Кога разбрал еден византиски дворјанин, а според некои преданија тоа бил цар Василиј, решил да ја побара нејзината рака. Кога дошол по неа, со цела свита, Преспана не скајќи да му стане сопруга на противникот на нејзиниот татко се фрлила во езерото. Од тогаш до ден денешен тоа езеро се вика по неа – Преспа.

Преспа претставува едно од значајните домашни туристички места во кои вратите секогаш се отворени за сите туристи и посетители. Позната по своите туристички населби и кампови Претор, Отешево, Сливница и Крани Преспа изобилува со одличен потенцијал за туризам. Плажите во минатото беа едни од најпосетените плажи со странски и домашни туристи, а во последните години заживуваат и го враќаат својот сјај.
Детските одморалишта во Преспа се едни од најпознатите летувалишта во државата.

22 copy copy 

Дел од Преспанското Езеро

Исто така, денес Преспа може да се пофали со бројните ресторани кои се нанижани како преспански гердан покрај Преспанското Езеро и во кои убавите и богати софри се надоплнуваат со надалеку познатиот преспански крап и нивичката белвица (позната како циронка). Затоа, многумина велат дека Преспа со своите песочни плажи и убават храна е рај за одмор на душата.

Воздухот и тишината, се чини  прочистуваат од корен и ги  поттикниваат посетителите повторно да дојдат во Преспа. Природната убавина на овие простори , летувалишта, песочни плажи, зимскиот рекреативен центар, угостителските објекти и бројните викенд куќи го красат крајбрежејто на ова мало но полно со живот.

За Преспа е карактеристично што таа, заедно со Охрид, во еден долг период претставувала крстосница на народи, религии, цивилизации… Трајни сведоштва за тоа се бројните споменици од материјалната култура на Македонците, но и остатоците од три важни магистрални патишта – Виа Игнација, Епирскиот и Стариот битолски пат, како најстар каравански пат од византиско време и средниот век, како и други споменици на духовната култура.

Во минатото, иницијативите за подигање цркви и други објекти потекнувале од занаетчиите и трговците, особено во историските околности кои овозможувале извесна верска слобода на македонското население. Во таквите прилики доаѓале до израз и творечките постигања на македонските градители и зографи.

Така, во подножјето на Пелистер, во село Курбиново, се наоѓа црквата Свети Ѓорги, чијшто живопис потекнува од 1191 година. Однадвор мала и неугледна, градена од кршен камен, внатре – бисер со одлично зачувана фрескодекорација од 12-от, 16-от и од 17-от век, поради што е ставена под заштита на државата. Жителите раскажуваат, а постарите паметат дека некогаш околу црквата постоеле и манастирски конаци.

Преспанското Езеро е карактеристично и единствено по тоа што во него има два острова, Голем и Мал Град. Островот Големиот Град е единствен во Република Македонија. При посетата на овој остров се забележува дека тој е огромна карпа, која, веројатно, се откинала од соседните планини од големи земјотреси. Таквите тектонски промени во минатото направиле големи измени во Преспа и пошироко.

Преспанското Езеро е карактеристично и единствено по тоа што во него има два острова, Голем и Мал Град. Островот Големиот Град е единствен во Република Македонија. При посетата на овој остров се забележува дека тој е огромна карпа, која, веројатно, се откинала од соседните планини од големи земјотреси. Таквите тектонски промени во минатото направиле големи измени во Преспа и пошироко.

Како природна реткост островот Голем Град кој зафаќа површина од околу 2 километра квадратни, е заштитен со закон и спаѓа во рамките на Националниот парк „Галичица”. Островот е познат како омилено излетничко место за посетителите на Преспа, како и археолошки локалитет со остатоци од живеалишта, цркви и некрополи.

Општината Ресен има 44 населени места. Долна Преспа, пак, со помал дел од Преспанското Езеро и Малото Езеро, влегува во составот на Грција и Албанија. Оваа положба, всушност, резултира од поделбата на Македонија по Балканските војни и Првата светска војна.

Ресен се наоѓа на северниот дел од Преспанската котлина. Тој е овоштарски центар, познат по далеку прочуените преспански јаболка. Ресен е особено познат по грнчарството, заради што долги години во него успешно работи Керамичката колонија, на која секое лето престојуваат керамичари од разни држави и од Македонија.

Во него посебно внимание привлекува зградата на Музејот на Преспа, односно некогашниот беговски дворец (Сарајот), изграден од Нијази бег уште за време на турското владеење.

Често се вели дека Ресен е градот на јаболката. Тој е општински центар сместен на северниот дел од Преспанската Котлина. Ресен е овоштарски центар познат по далеку прочуените преспански јаболка. Но, овој крај од Преспа е познат и како туристички регион со убави летувалишта крај езерскиот брег.

Меѓутоа, миграционите движења во етничка Македонија си го направија своето. Така, Преспа стана крај во кој почна рано да се оди на печалба. Денес Преспанции како печалбари можат да се најдат на работа и постојан престој во прекуокеанските земји Америка Канада и Австралија, во Европа (Европската Унија), како и во некои делови на Хрваска, Србија, Бугарија, Турција и други држави ширум светот.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top