Култура и туризам

ЦРКОВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО ПРЕСПА (27)

1zive33

3

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Во историските документи е забележано дека Црквата одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период

Така, почнувајќи од древниот период па до денес Македонија била, е и ќе биде место каде што ce вкрстуваат различни цивилизации. Така христијанството се појавило на овие балкански простори, а со тоа и во Преспа пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија.

Историски гледано, почнувајќи од древните времиња на Филип и Александар Македонски, преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на Словените кон југ и на други народи, а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија била раскрсница на нации, цивилизации, култури, јазици, религии…

Затоа, историјата на македонскиот народ е тесно поврзана со историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот.

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се борел и за независност на својата Православна црква.

Затоа, историјата на македонскиот народ во изминатите илјада години секогаш била тесно врзана со Македонската православна црква-Охриска ариепископија. Црквата била таа која организирала голем дел од културната и од уметничката дејност на македонскиот народ, пред сé преку градење цркви и манастири.

Преспа како дел од етничка Македонија е карактеристичен регион во кој Македонската православна црква – Охридска архиепископија одиграла значајна улога. Христијанското население од Преспа ги искажувало духовните и интелектуалните потенцијали низ дејноста на Охридската архиепископија.

Негувањето на црковната литература, архитектура и сите видови на ликовната и применетата уметност, сврзани за иконографијата и литургијата во науката се високо оценети.

Основите на црковното живеење во Преспа ги постави македонскиот цар Самуил својата престолнина ја сместил не случајно на островот Ахил во Преспа, кој се наоѓа на Мало Преспанско Езеро, во Егејска Македонија што сега припаѓа на Грција. На островот Мал Град, што е на албанска територија, пак, се наоѓа црквата „Свети Петар и Павле“, а на брегот на Големото Преспанско Езеро, кај селото Нивици е црквата „Света Богородица“.

Затоа со право се вели дека цар Самуил не ја избрал Преспа за своја престолнина случајно. И сега и тогаш, Преспа била питома и богата со големи населби, со плодно поле и зелени пасишта, со богат лов на риби во тогашното езеро и големата река, кои му овозможувале на царот доволно храна за војската и робовите што ги држел. Преспа ја видел и како тврдина која му обезбедувала спокоен престој за војската и управата, особено кога се враќал од походите.

Самуил во Преспа почнал да гради патишта, цркви и други паметници. Така, на островот во Малото Преспанско Езеро, во Долна Преспа ја изградил црквата Свети Ахил, која имала 12 олтари во кои на обредите пееле 12 попови. Црквата ја подигнал по неговата голема победа над Византијците, во близина на Лариса, каде што инспириран од тамошната црква „Свети Ахил“, решил таква црква да изгради и во Преспа.

Во новата црква ги донел и моштите на патријархот Ахил, бидејќи ја изградил во негова чест. Црквата е лоцирана на источната страна, во подножјето на островот, а еден дел од неа денес се наоѓа во водите на езерото, како урнатина.

На островот Голем Град царот изградил четири цркви, во кои работеле голем број калуѓери. Тие ја обработувале и манастирската земја, чувале стада говеда и овци и се грижеле за одржувањето на објектите. Кога подоцна во Мала Преспа надошле води и го поплавиле полето и патот до островот, калуѓерите и селаните од Ахил, чие село тогаш било големо, ја доградувале калдрмата за населението од Преспа да може да доаѓа на „светата” земја.

Над Византијците цар Самуил извојувал многу победи и секогаш кога се враќал во Преспа со него носел голем број робови и богат плен. Преспанското население му приредувало свечени дочеци, а во црквите се правеле обреди и церемонијали. Затоа и не е случајно што денес во Преспа има четириесетина цркви и манастири, чии камбани веројатно го означувале триумфалното враќање на царот во престолнината.

Co тоа се потврдува дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата.

Повеќевековниот христијански живот на Македонците, од времето на свети Климент, низ долгата историја на Охридската архиепископија, до времето на преродбата во XIX век, придонесе да се создадат ремек дела на уметноста со универзално значење, со исклучителна естетска вредност.

Така, во црквите и манастирите во Преспа се созадени значајни ликовни дела со кои се гордее човечкиот род. Иконите, фреските на манастирската црква „Свети Ѓорги“ во Курбиново, како и архитектонските облици, делата на применетата уметност од манастирот „Света Богородица“ во Сливница, влегуваат во антологијата на значајните остварувања на тоа време. Bo тие дела се распознаваат оригиналните карактеристики и белези сврзани за македонската културна традиција во Преспа.

Продолжува

1slavek1 copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

To top