Култура и туризам

ВО БУЕНОС АИРЕС (РИО ДЕ ЛА ПЛАТА) – ГЛАВНИОТ ГРАД НА АРГЕНТИНА (4)

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

По војната со Велика Британија, под голем притисок на јавноста, во Аргентина конечно била вратена политичката слобода па во 1983 година биле распишани демократски избори.

Ние бевме (авторот на овој текст во својство учесник на меѓународен симпозиум) дел од аргентинската вистина во главениот град Буенос Аирес, каде живеат околу 3 милиони жители. Буенос Аирес, што на шпански значи „добар ветер, добар воздух“) е метропола и најголем град во Аргентина. Како што градот Петрополис во Бразил бил престолнина на Португалската Империја, исто така и Буенос Аирес, под името Рио де ла Плата бил главен град на Кралството Шпанија.

Град којшто го заплиснуваат водите од струењата на Атлантскиот Океан и кој со својата местоположба е распослан во должина и широчина на тој дел од Аргентина. И ние бевме дел од таа метропола во хотелот кој беше распослан на брегот од  реката Ла Плата, за неколку дена во текот на еден симпозиум. 

Инаку,  населението на Буенос Аирес, главно, се Аргентинци од шпанско и италијанско потекло, а ги има со еврејско арапско, кинеско, корејско, балканско и друго потекло, од кои  поголемиот број од населението се припадници на католичката црква, но има и јудеисти и муслимани.

Интересно е да се спомене дека во 1806 година Буенос Аирес бил окупиран од Британците. Шпанија во тој период не била доволно силна за да го одбрани градот, па самото население се дигнало на бунт и само се ослободило. Всушност, тоа ја претставува и борбата на Аргентина за самостојност.

При посетата на Буенос Аирес имавме желба да посетиме многу споменици од историјата, културата, природни убави, но најмногу да го почувствуваме овој град со моќта на тангото. Минувавме километри и километри од влезните булевари на главниот град на Аргентина, љубопитно посматрајќи ги специфичните архитектонски обележја на метрополата надалеку позната по својата особеност и привлечност.

Буенос Аирес облеан со сончевина среде пладне, и среде лето, не маѓепса со неговата убавина, раскош, богатство на споменици кои ја сочинуваа прекрасната разгледница, а пред нас се отворија нови сè поинтересни видици за кои имавме претстава од обемната литература.

Младиот црномурест и елегантен таксист, кој течно зборуваше шпански и англиски јазик го замоливме да нè информира за многуте интересни градби на градот, додека тој брзо не носеше кон едно од најцентралните подрачја во раскошниот дел – Рекоба. Навистина момчето не престана да нè информира за голем број споменици, за начинот на живеење на населението во градот, за религијата и бројните споменици на католичката црква и на други религии, за културното наследство за сè она што тој во улога на професионален водич можеше да ни го долови.

Но, се чини врв на неговата љубов кон Аргентина ја искажа на свој посебен начин. Имено, во еден момент застана, излезе од автомобилот и онака сам направи повеќе, можат да се речат професионални чекори од познатото аргентинско танго, како да сме на некоја претстава, за што од нас доби и заслужен аплауз. Влезе во автомобилот и ни рече дека ќе видиме еден многу интересен монумент.

Така вниманието ни го насочи кон спиралното метално поприлично високо спомен-обележје во модерна верзија, посветено на тангото. Многумина како нас љубопитно го гледаа споменикот на тангото. Многу туристи од различни земји со задоволство се сликаа и гласно коментираа.

Ако некогаш тангото било игра на улицата, на сиромашните и можеби безнадежните, како што појаснуваше водичот од групата нордиски туристи на кои им се приклучивме и ние, така сега тангото е престижот на Аргентина. Со задоволство може да се каже дека тангото е брендот на Аргентина. Тоа е некаков препознатлив знак на оваа земја. Моќта на тангото, не е само во оние беспрекорни движења на чудесната игра, туку е тоа е спој на емоцијата, елеганцијата, движењето, љубовта…

Туристите понесени од оваа мини-сторија за тангото која ја слушаа од  високото момче, кој беше водич на поголема група дојденци, не им дојде како изненадување, или, пак, да им падне незгодно, дека сега тука, баш и ќе ги направат првите чекори на кои ги покани нив, ама и сите нас кои бевме присутни крај споменикот на тангото. Тоа и се случи. Секој за себе играше, се разонодуваше и изведуваше некакви играорни вештини.

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy


Црквата „Санта Роса“

Сите на свој начин почнаа да креваат и нозе и раце, да прават некои чекори, да се приближуваат еден кон друг, да се смеат и да уживаат во забавата на отворено. Се создаде пријатна атмосфера во авенијата на дрворедите, на чиј сам крај многумина ги направија првите танго-обиди, и на завидно добро ниво. Во сетаа таа игра на телото, на рацете, на умот се приклучивме и ние.

Како да ни помогна и нашата македонска играорна надареност, ние се обидувавме да покажеме поголема професионалност во играњето. Затоа на крајот нашата игра на тангото беше наградена со аплауз. Кога веќе кажавме дека сме од Македонија, сите гласно извикавме – вива Македонија, вива Канада, вива Аргентина!

Во текот на нашиот престој во овој мегалополис на реката Рио дел Плата имавме време наредните дни да го почувствуваме одблизу пулсирањето на убавиот град, и особено бевме задоволни дека запознавме толку љубезни луѓе и драги пријатели. Инаку, Аргентиците зборуваат шпански, а мал број го познаваат англискиот јазик. Меѓутоа, кај младите генерации има напредок во оваа насока, слична како кај нас во Македонија, и многу од нив се трудат да го зборуваат светскиот јазик.

Често не прашуваа за земјата од каде сме. А ние со задоволство им кажувавме дека сме од Македонија, од земјата на Александар и Филип Македонски, каде како во Аргентина каде се игра танго, во Македонија се игра „Тешкото“, античко оро кое е дел од богатиот македонски фолклор, познат насекаде во светот.

Многумина со внимание не следеа во нашите искажувања за Македонија, но одреден број, во исто време, се чудеа за ступидното прашање за името на нашата земја наметнато од јужниот сосед. Во моментот кога и’ објаснувавме на една дама од Чиле, ни пријде еден Аргентинец по националност Евреин и гласно прокоментира:

„Се радувам што гледам Македонци, блиски на мојот еврејски народ, со слична судбина и проклета историја, да ни дојдат тука во Аргентина. Од Израел и од Македонија, завојувачите постојано краделе низ вековите. Но, сите што ви краделе низ вековите, па еден ден мора да платат и да вратат што зеле, па затоа сега ги прават таквите егзибиции околу името“, беше коментарот на Евреинот.

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top